Нека ме просветли некој...

Аркантос

Romanticist
23 август 2012
2,352
3,849
1,153
Знаете другарчиња оддамна сакам да напишам нешто, но никако да успеам.
Сигурно го знаете она чуство кога имате толку многу во себе за да кажете, па брзате се’ на купче да споделите и тогаш ви се мешаат мислите и на крај сфаќате дека всушност не сте ги доловиле чуствата.
Ете тоа ми се случува мене другарчиња овие последни две недели.
Ќе седнам за да ја доловам својата фрустрација, ќе начкрапам пасуси без број па ќе ги прочитам и ќе си речам „Повторно утка брате, не беше ова тоа што ти го чуствуваш“.
Искрено се надевам другарчиња, дека вечерашнава случка ќе ме одведе на вистински пат кој води до искажување на моите мисли.
Всушност, кога ја спомнав случката редно е и да ја раскажам.
Епа другарчиња, јас вечерва како и секоја вечер си седнав малку на скајп, да си споделам некој лаф со сестричката моја што ми е мажена во друг град, но случајно начекав и една стара пријателка со која често знам да полемизирам долго долго на која било тема.
Морам да напомнам другарчиња дека во меѓувреме мојата понежна половина беше во град со другарките, а јас си внимавав на двете мои ангелчиња. Всушност, едното си спиеше, а другото се обидуваше да уништи еден автомобил(тоа е ритуал низ кој минува секоја нова играчка).
Во секој случај забегав од темата, би било добро да се вратам на раскажувањето. :)
Зборам јас другарчиња со девојката, и во едно време слушнав како малечкото мое ангелче плачка. Само пишав „чекај малку“ и станав од компијутер.
Време беше за во кревет, а сето тоа спремање ми одзеде време. Можеби минаа некаде два часа. Средив што средив, па повторно се вратив на скајп. Сестра ми сеуште не беше онлајн па ја побарав пријателката за да се извинам што така без најава рипнав од компијутер.
Ја објаснив ситуацијата и добив одговор „Па, така е кога си и мајка и татко во куќата“.
И тука ја допревме X точката која сакам да ја доловам толку време но за жал никако да успеам.
Навистина се прашувам која е целта во делењето „мајчински“ и “татковски“ улоги во одгледувањето на децата и во нивното воспитување.
Зар ако сум татко не смеам да го прегрнам син ми никогаш? Да не зборувам со ќерка ми за нејзините симпатии? Да не им сменам памперс? Да не ги нахранам?
Зарем мајката не смее да зборува со својот син за неговиот прв секусален однос?
До кога бе луѓе со такви поделби? До кога?
До кога ќе си го скратувате уживањето со сопствените деца само поради тоа што „така било некогаш“ или поради што „луѓето ќе се смеат“?
Навистина не можам да ја разберам целта. Не разбирам. Другарчиња мора некој да ме просветли и да ми објасни зошто јас како татко сум гледан со поинакви очи кога си менувам памерс на син ми, или кога одлучувам јас да бидам тој што ќе внимава на децата додека жена ми е надвор, исто како што таа одлучила минатиот ден да внимава на нив додека јас сум бил низ град.
Навистина не разбирам. Нека ме просветли некој...
Морам другарчиња да влезам и јас во колосек затоа барам просветлување. Бидејќи мора нешто да не е во ред. Или јас не сум во ред или луѓето околу мене не се, па затоа сум редовно на тапет...
Уште еднаш ќе кажам, навистина не разбирам. Нека ме просветли некој...

п.с. Mission completed: чуствата конечно се испишани низ пасусиве...
 

lady_blue

Староседелец
14 февруари 2012
2,397
4,418
1,153
такви сме ние, го исмејуваме и напаѓаме она што потајно го посакуваме, а во моментот заради една или друга причина сме немоќни да го имаме/правиме....
така да, уживај си (sun)
 

The_Mayor

Фраер од пелени
18 март 2012
2,840
6,532
1,153
Градибачалник на Прибој
Во ред си ти чоече, тоа е нормална ствар шо си го напишал. Сигурен сум дека постои блискот помеѓу децата и родителите во ова време...работите се сменаа не е како порано -партијархално да го наречам...каде таткото беше маж и не миеше садови, не пеглаше веш, не возеше правосмукалка и сл.. а жената беше понижена домакинка и излегуваше само до кај најблиските комшивки на кафе, и тие кај неа дома....умреа тие времиња заедно со другар тито.
Уствари тоа менувањето пелени (колку и да е гадно), прегратката и блискоста со твоите деца те прави прекрасен родител... а за другарката и нејзиниот коментар, постојат 2 образложенија.
1. Си ја направил љубоморна на твојата сопруга, дека има одличен способен сопруг што знае да води грижа за својата фамилија... што е резултат на емоции со завидлив карактер.
2. Ако сте правеле сериозен муабет, смислата за хумор не и е во ред и не размислила што пишува.
Мада мене ме асоцира на првиот случај, бидејќи чекањето 2 часа на скајп е сумлива работа.
 

turop

Активен Член
15 март 2012
105
68
28
Одличен си ич да не му се секираш што ќе речат другите па не живееме за другите тоа те прави одличен домаќин и совршен татко.Само тоа е балкански менталитет мажот треба да седи пред тв да гледа фудбал и да пие пиво а жената треба да се убива од работа по дома.Јас сум за еднаквост во бракот единствено не оправдувам жената гледа серии или шета а мажот работи по дома па се знаат женските работи мајчинството итн.
 

katetoo

Истакнат Член
28 јуни 2012
61
62
318
нема шо да те просветлуваме, таа е некоја чиј маж не фаќа ништо па мисле дека сите се такви.. според мене нема никаков проблем, тоа е сосем нормално во време кога мажите и жените учат исто, работат 8 саати итн.. за да се заврше се на време мора да си ги поделат обврските и сите да бидат среќни и весели :) од мене браво (y)
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Arkantos

Legioner

Истакнат Член
18 април 2012
1,001
602
423
Ohrid
Пријателе се е тоа ок Што го правиш, нема ништо лошо во тоа ако се грижиш за своите деца, истото тоа и тие ќе ти го вратата на стари години кога ќе си ти.
работите околу домото не се делата !!, туку треба да се извршат без разлика на тоа кој ќе ги прави.
И нема тука што ниту го губиш своето достоинство како маж.
Туку мене една друга работа ме загрижува што ја спомна во товето излагање на темава спомна дека сопругата излегувала на вечер . Е сега мене ми е прашањево дали во дискотеки или пак само низ град ???
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Arkantos

Аркантос

Romanticist
23 август 2012
2,352
3,849
1,153
Туку мене една друга работа ме загрижува што ја спомна во товето излагање на темава спомна дека сопругата излегувала на вечер . Е сега мене ми е прашањево дали во дискотеки или пак само низ град ???
Каква врска има тоа дали отишла во дискотека или на кафе ? Не гледам јас разлика во тоа.
Инаку беше во едно ресторанче, со другарки на вечера, ништо страшно и ништо неморално.