Нека биде волјата Твоја, како на небото, така и на земјата

Abraxas

Староседелец
10 јануари 2013
1,094
792
1,133
44
www.oto-mk.net
Вау човече, ти ќе ме збрлавиш...не ти го разбирам тоа дека преку вољата ја осознаваме смислата на нашето постоење..знам само дека сум била многупати во ситуација да бидам одговорна ама не по моја воља туку за добробит на други.
Како ќе бидеш одговорна ако немаш систем на вредности што ќе ти бидат репер за одговорност? И како ќе имаш систем на вредности ако не гледаш смисла во своето постоење? :)
 
misterija

Член со 30 казнени поени
27 јануари 2016
732
611
103
Како ќе бидеш одговорна ако немаш систем на вредности што ќе ти бидат репер за одговорност? И како ќе имаш систем на вредности ако не гледаш смисла во своето постоење? :)
Која е твојата смисла за постоење??
 
Abraxas

Староседелец
10 јануари 2013
1,094
792
1,133
44
www.oto-mk.net
Која е твојата смисла за постоење??
Повеќе компоненти има :) Заеднички живот со жената што ја сакам, добар секс, позитивни луѓе што знаат да ме насмеат, работа што ја сакам, Браќа и Сестри со кои можам да споделувам искуства и да разговарам на вакви теми...
Во суштина, поедноставено - живот во кој се исполнети моите емоционални, егзистенцијални и духовни потреби.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: misterija

Outrider

A Witty Cat
Член на администрација
23 мај 2013
5,405
5,905
1,683
Disco
Каде виде да пишам трансформација од ништо?! Ми ги извртуваш зборовите. Реков дека креацијата е манифестација во сите можни форми на самиот креатор. Или со речник на некој физичар, Бог е чист неманифестиран потенцијал, додека "креацијата" е всушност манифестирање на тој потенцијал во сите можни форми на постоењето. Што значи Бог и Постоењето се едно исто по суштина, а различни по форма.

Пак заклучок што нема врска со ништо што сум го кажал!

Не извртувам ништо него морам да се вратам на почетната точка а тоа е почетокот, креаторот кој мора некако да настанал.

Или со речник на некој физичар, Бог е чист неманифестиран потенцијал

:)
Според ова дефиницијата за бог прилично би се разводнала, бензин во цистерна, лак и стрела во подрум, патики во ормар - сето тоа е неманифестиран потенцијал.
Е сега ако правиш екстензија дека богот бил неманифестиран потенцијал како средство за објаснување за настанувањето екс нихило, од ништо - тогаш пак имаме проблем бидејќи нема таква ствар, само имаме теолошка интерпретација на теоријата на биг бенгот каде што постоело ништо и му досадило да биде ништо, ништото почнало да збеснува, да се згусти и на крај експлодирало и експандирало наоколу...hence, god? :kafe
 
Abraxas

Староседелец
10 јануари 2013
1,094
792
1,133
44
www.oto-mk.net
Не извртувам ништо него морам да се вратам на почетната точка а тоа е почетокот, креаторот кој мора некако да настанал.
Таа почетна точка сам си ја истресе од ракав, јас никаде не реков дека креаторот морал некако да настане. Тој е вечен, бидејќи тој/тоа е самото постоење.
:)
Според ова дефиницијата за бог прилично би се разводнала, бензин во цистерна, лак и стрела во подрум, патики во ормар - сето тоа е неманифестиран потенцијал.
Камен што е на одредена висина иако мирува има потенцијална енергија што се манифестира во движење или кинетичка енергија доколку каменот почне да паѓа.
Ова е само пример, алегорија. Друг пример е претворањето на енергијата од еден вид во друг. Примерот со хидроелектраната е едноставен и адекватен да долови на што мислам. Ама ти изгледа повеќе сакаш да тераш инает со мене. Електричната енергија не е во водата или турбините, таа е истата механичка енергија што постои како потенцијал, кога поминува низ турбините, таа механичка енергија се манифестира како електрична.
Е сега ако правиш екстензија дека богот бил неманифестиран потенцијал како средство за објаснување за настанувањето екс нихило, од ништо - тогаш пак имаме проблем бидејќи нема таква ствар, само имаме теолошка интерпретација на теоријата на биг бенгот каде што постоело ништо и му досадило да биде ништо, ништото почнало да збеснува, да се згусти и на крај експлодирало и експандирало наоколу...hence, god? :kafe
Повторно извртување на фактите. Теоријата за биг бенг никаде не вели дека универзумот експлодирал од ништо! Во теоријата стои дека целокупната материја и енергија како и просторот и времето биле збиени во незамисливо густа точка која е ословена како сингуларитет. Значи не е ништо, туку е сингуларитет, и не е експлозија туку експанзија, бидејќи за експлозија ти треба предходно да постои простор.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: malo

Outrider

A Witty Cat
Член на администрација
23 мај 2013
5,405
5,905
1,683
Disco
Таа почетна точка сам си ја истресе од ракав, јас никаде не реков дека креаторот морал некако да настане. Тој е вечен, бидејќи тој/тоа е самото постоење.

Камен што е на одредена висина иако мирува има потенцијална енергија што се манифестира во движење или кинетичка енергија доколку каменот почне да паѓа.
Ова е само пример, алегорија. Друг пример е претворањето на енергијата од еден вид во друг. Примерот со хидроелектраната е едноставен и адекватен да долови на што мислам. Ама ти изгледа повеќе сакаш да тераш инает со мене. Електричната енергија не е во водата или турбините, таа е истата механичка енергија што постои како потенцијал, кога поминува низ турбините, таа механичка енергија се манифестира како електрична.

Повторно извртување на фактите. Теоријата за биг бенг никаде не вели дека универзумот експлодирал од ништо! Во теоријата стои дека целокупната материја и енергија како и просторот и времето биле збиени во незамисливо густа точка која е ословена како сингуларитет. Значи не е ништо, туку е сингуларитет, и не е експлозија туку експанзија, бидејќи за експлозија ти треба предходно да постои простор.

Не постои никаков креатор, постоењето не е креатор, не ми оди со ирационалниве ствари сериозно, ајде нека ти биде верувај си во тоа шо си веруваш, батали.

Се трансформира во електрична, не се манифестира како електрична, има разлика.

Сигурен си дека теоријата така вика? Постоело дефинирано време, простор, материја и енергија во таа бескрајно мала точка? :) Ај прочитај пак.
Баш од ништо почнал да се шири, пошто немало ништо пред т.н.`сингуларитет`.
 
Abraxas

Староседелец
10 јануари 2013
1,094
792
1,133
44
www.oto-mk.net
Ова е твој текст од еден друг форум, напишан на 7-ми октомври 2010-та година, ај да видиме што пишува:

"Свеста постои без разлика на нашите дејства,без разлика што ќе јадеш и пиеш.
Но како ќе ја декодираш реалноста...и тоа како зависи од квалитетот на храната,водата,луѓето околку тебе,сексот,муабетот,интеракција од било кој вид.
Но во оваа реалност која ја делиме,ние на ниво на хардвер,обвивка,тело, сме електро-хемиски организам кој како таков е потребен за да се искуси и доживее оваа реалност на начин на кој можеме,преку нашиот систем за декодирање на реалноста (мозокот) а сето тоа како дел од универзалната свест која била,е и ќе биде.
Не сфаќај погрешно дека ако сме свест тоа би значело елиминација на науката и техниката,биологијата...
Тие ни се потребни во оваа консензус реалити.Но не баш вакви какви што ги знаеме.
И поимите “чиста вода“ “природна храна“ не означуваат по себе ништо освен поим за електро-хемиски комбинации кои имаат позитивно влијание на нашиот електро-хемиски систем.Затоа што се добри за нашето тело кое е само поддршка на декодерот на реалноста.
Шокантно би делувале некои работи како извесен Кинез кој живеел 256 години (даааа потврдено со официјален царски печат,на попис,заверено и заведено....и многу други “неверојатни“ ситуации...но за тоа би требало нова тема...имаше ******** постирано видео со една баба која ги посрамоти 20-годишни девојки со брејкденс...има луѓе кои можат да земат количини ЛСД доволни да се затруе водовод а не реагираат воопшто...и многу други примери)
Секое едно нешто кое постои е некаква манифестација на таа свест,било да е предмет,инсект,животиња,растение...човек.
Разликата е во формата која е материјализирана во оваа реалност и која за зафаќаме.
Таа форма и декодерот кој оди со неа ни овозможуваат различно искуство на реалноста од останатите манифестации на свеста кои постојат.

Може да се каже различно,иако човекот би бил склон на тоа да каже “ултимативно“ во однос на оние форми кои ги смета за инфериорни.
Можеби е до некаде нормален тој став,но тука се судираме со прашањето за “гордост“,“суета“,“его“ кои исто така се дел од нас,од начинот на декодирање на реалноста,софтверот."

Секако, можеш да негираш дека ова се твои зборови, но јас и ти знаеме дека се.
 
Последна промена од модератор:

Фин текст, види како интересно сум пишувал во минатото :eek:

Тоа може да е нешто кога читав за холограми и за матрици (party) ама тие времиња поминаа и тоа што јас сум го напишал не значи дека е точно или дека сугерира постоење на божанство или некој дивајн феноменон, намера или цел, повеќе би рекол дека сугерира на постоење на нешто друго, самоорганизирачки систем од кој сме сеуште далеку да го сфатиме, нешто како космичка Анархија.
Умот еволиура и прифаќа или отфрла, целосно или делумно извесни мислења кои постоеле во минатото.

П.С. се замолува поштованото членство да не постира постови кои се состојат исклучиво од емотикончиња :)
Анархија all over галаксија :D
 
Abraxas

Староседелец
10 јануари 2013
1,094
792
1,133
44
www.oto-mk.net
Фин текст, види како интересно сум пишувал во минатото :eek:

Тоа може да е нешто кога читав за холограми и за матрици (party) ама тие времиња поминаа и тоа што јас сум го напишал не значи дека е точно или дека сугерира постоење на божанство или некој дивајн феноменон, намера или цел, повеќе би рекол дека сугерира на постоење на нешто друго, самоорганизирачки систем од кој сме сеуште далеку да го сфатиме, нешто како космичка Анархија.
Умот еволиура и прифаќа или отфрла, целосно или делумно извесни мислења кои постоеле во минатото.
Значи спремен си и себе си да се негираш само да истраеш во намерата да биде по твоето :) Ок, така нека ти биде.
 
Outrider

A Witty Cat
Член на администрација
23 мај 2013
5,405
5,905
1,683
Disco
Значи спремен си и себе си да се негираш само да истраеш во намерата да биде по твоето :) Ок, така нека ти биде.

Па не мора да е по моето, сепак од текстот не може да се заклучи намера, цел, давање божански атрибут, факат постои универзална сила, онаа мистериозна која ги тера субатомските честички да вртат околу јадрото, не и треба напојување, извор ништо, чист перпетуум мобиле, фасцинантна ствар пошто 99,9999% од атомот е празен простор а сепак сме сите материјални, но тоа што сеуште не можеме да објасниме некои ствари не значи дека треба да зборуваме за божанства, тоа е некако религиозно...за 100 години може ќе постојат одговори и на тие прашања...

А зошто мислиш дека постои бог, намера или дивајн ситуација?