Незрели, искомплексирани или несоцијализирани?

Keepitreal

Полноправен Член
3 мај 2013
78
38
18
Сум се стретнал со многумина кој се ненамерно иритирачки, некако искомлексирани дека не се центар на внимание па очајно се трудат во тоа ( погрешно за жал ).Премногу егоцентрични, напнати и ред други работи. А сепак не се со лоша душа или пак некој необразовани. Ете во моите примери ќе дадам една личнсот која има завршено ( ЕКОНОМСКИ ) факултет и од страна на образованието е со сите мерки. Но сепак е една од овие. Дали сето тоа и сета таа напнатост е плод на
Незрелост, Комплески или пак е од НЕсоцијализираност ? Мое мислење е дека им фали голема доза на социјализација.
Кое е вашето мислење ?
 
Electra

Неонка
Член на администрација
Админ
16 февруари 2012
2,048
6,666
1,153
Big Sur
Имање (високо) образование нема врска со карактеристикиве. Денес секоја тарабука може да набуба напамет, па да закачи диплома на ѕид, а уште да си го брише носот со ракав. Плус, гледајќи ја околинава, ко да приметувам дека најискомплексирани се баш гореспоменатите тарабуки што од петни жили се труделе да постигнат нешто, па сега патат по внимание и признание од другите.
Нејсе, несигурноста во себе е главен фактор во сите случаи, но нејзиното манифестирање ни помага да определиме дали некој е незрел или несоцијализиран.
Незрелиот отворено ќе си пати по внимание, ќе се наметнува и самодокажува во секоја можна прилика, ќе ги гњави другите наоколу со неговите „слабости“ за да извлече од нив позитивни коментари со кои привремено ќе си го наполни егото, за после да пати по уште поголемо внимание, и така во круг.
Од друга страна, другиве несигурни ќе се повлечат мислејќи дека не се доволно добри за да бидат дел од нешто, и со самото тоа стануваат анти-социјални и се оградуваат од околината.
 
MoonFairy

Староседелец
28 септември 2012
1,277
1,898
1,133
Образованието го прави човекот стручен само во одредено поле, и тоа ако навистина вложи труд и знаење....
Но, во никој случај не го прави мудар, итар, културен, софистициран, фин, зрел, социјализиран итн.
Такви искомплексирани и себе полни персони има многу...жално е што мислат дека цел свет се врти околу нив, па од петни жили се трудат да привлечат нечие внимание, а со тоа полека но сигурно стануваат одбивни и антипатични за околината...
Познавам многу луѓе кои завршиле дури и два факултети, капацитети на тоа стручно поле, ама немаат појма од однесување и вклопување во друштво, немаат појма од уживање и живеење на животот, а сепак си го имаат тој комплекс на супериорност...
Жално ...
 
ComputerService

Истакнат Член
29 јануари 2013
446
240
143
Ментално поремерување, страдање од коплекси- Фактор, Изолација, зависнос од учење, страф од одредени дејности, раскинување со севојка/развод- колку е тежок животот.
 
  • Like
Реакции: Keepitreal

crvenkapa

Староседелец
15 јануари 2013
235
593
1,093
Најверојатно станува збор за луѓе со комплекс на инфериорност, од таму и потребата за постојано докажување на тоа колку се тие добри, успешни, заблежани од околината. Бидејќи луѓето кои се свесни за сопствените способности и се сигурни во себе, нема да имаат потреба од потврда од околината, или таа потврда ќе доаѓа спонтано како резултат на нивните квалитети кои ќе излезат на површина. Образованието не клучно во стекнувањето на оние особини кои не прават квалитетни личности.
 
  • Like
Реакции: Keepitreal

Kisserboy

Староседелец
6 март 2012
2,448
3,794
1,153
25
Битола
Какви ќе ги прифати средината такви ќе си бидат цел живот денес можиш да си бидиш или врв или дно нема средина..
 
  • Like
Реакции: Keepitreal

Keepitreal

Полноправен Член
3 мај 2013
78
38
18
Какви ќе ги прифати средината такви ќе си бидат цел живот денес можиш да си бидиш или врв или дно нема средина..
Да тоа е така се разбира, но сепак има некоја одбивност во овие луѓе. Која е таа ? Вака ми изгледа дека и твоето мислење е НЕсоцијализација.
 
Just Perfect

Активен Член
3 април 2013
137
120
43
Да тоа е така се разбира, но сепак има некоја одбивност во овие луѓе. Која е таа ? Вака ми изгледа дека и твоето мислење е НЕсоцијализација.
јао дај не с***... мн ме интересира што ти изгледа во случајов на Не социјализација????
Ало бре детево фино си кажа или ќе бидеме прифатени или не...нема баш некоја врска мн тоа со незрелост,комплексираност или не социјализираност...
Незрелост- да се однесува како дете,да нема одговорност или да не чувствува одговорност никаква за она што ќе го направи
Комплексирани-Им фали нешто во мозокот(пр немале секс една вечност,дебели се,грди и сл) па си лечат комплекси преку вреѓање на останатите
Несоцијализираност-цел живот да избегнувал контакти со нови луѓе,едноставно бега од нив и не знае како да се постави во ново друштво баш на таа основа...се губи и не знае што понатаму...како да изреагира и сл...тоа доведува до она дали ќе биде прифатен или не
Ете ти кратки дефиниции...нема баш нешто многу што може да се коментира на оваа тема...
 
Ако си ти искомлесирана не сум ти јас крив! Не вреди да јадам бан за тебе ама коа веќе почна ќе терам и јас .
Како прво не гледаш дека најнормално и најкултурно го прашувам.
Како второ ако нема баш нешто многу што може да се коментира на оваа тема комотно оде.. .Ти земам од лебот што си толку напната кон мене ? Не ми е јасно која е причината што толку негативно се нафрли..
И кој го нападна детево за ти да продаваш правдина. Ако има нешто лошо во мојов коментар ќе си каже детево а не ти ...

Со почит.
 
хахахах опуштено само!