1. Еј...супер што го посетуваш Црнобело форумот. Слободно регистрирај се и приклучи ни се во дискусиите!

Недостаток на внимание и хиперактивност

Дискусија во форумот 'Здравје' започната од emzzy, 31 август 2012.

  1. emzzy

    emzzy Староседелец

    Зачленет на:
    25 февруари 2012
    Мислења:
    1,374
    Допаѓања:
    1,871
    Што е недостатокот на внимание и хиперактивност и како да го препознаете


    Кај ова пореметување заедничко е невниманието, хиперактивноста и импулсивноста. Тешко е да се даде дијагноза затоа што е тешко да се одреди границата помеѓу нормалата доза на невнимание, импулсивност и хиперактивност и нарушувањето.
    За да се даде дијагноза симптомите мора да бидат присутни барем 6 месеци, да се појават пред 6-7-та година од животот и да бидат значително поголеми отколку кај другите деца. Дијагностиката е чисто субјективна и постои опасност некој да биде категоризран како лице со оваа состојба и без реално да ја има.
    Постојат 3 типа на недостаток на внимание и хиперактивност. За некој да биде класифициран во некоја од нив, потребно е да исполнува барем 6 од симптомите, во така изразен степен да не може да се адаптира:

    Претежно невнимателен тип. Овој тип ги вклучува следните симптоми:

    • Не обрнува внимание на деталите и прави грешки од немар.
    • Изгледа како да не слуша кога му зборувате.
    • Има потешкотии во фокусирањето на едно нешто и во задржувањето на вниманието.
    • Има потешкотии во организираноста и учењето на нови нешта.
    • Активностите му стануваат здодевни за неколку минути, освен ако не се работи за нешто во што навистина ужива.
    • Потешкотии во школувањето или пишувањето на домашните задачи.
    • Лесно му се одвраќа вниманието.
    • Има потешкотии во следењето на инструкции.
    • Има потешкотии при обработката на информации.
    • Заборавливост во секојдневните активности.
    • Губење на предмети: книги, прибор итн.
    Претежно хиперактивно - импулсивен тип

    • Детето е немирно и мрда додека седи на столчето.
    • Постојано зборува.
    • Трча наоколу, постојано е во движење, сака се да фати и со се да си поигра.
    • Постојано е во акција и изгледа како да е на "моторен погон".
    • Има потешкотии со седењето на едно место, на училиште, при јадење итн.
    • Има потешкотии со тивко внесување во некоја активност.
    • Нема трпение за да го дочека неговиот ред во играта.
    • Oдговара пред да го слушне прашањето.
    • Често пати ги прекинува другите.
    Комбиниран тип
    • Вклучува барем по 6 симптома од првиот и вториот тип.
    Поголемиот дел од луѓето понекогаш покажуваат овакво однесување, но кај пореметувањето оваквото однесување им пречи на овие лица во работата, односите со другите луѓе или учењето.
    Кај 50-60% од децата со намалено внимание и хиперактивност симптомите продолжуваат и кога се возрасни.
    Точните причини за недостатокот на внимание и хиперактивност не се знаат, понекогаш се работи за повреда на мозокот (иако кај мал број на случаи), понекогаш за генетска преодреденост, научниците го испитуваат и влијанието на околината (потврдено е дека пушењето и алкохолот за време на бременоста, како и изложеноста на детето на олово може да влијаат на појава на нарушувањето), исхраната (се претпоставува дека некои адитиви можат да придонесат за појава на намалено внимание и хиперактивност) итн.

    Терапија

    Не постојат медикаменти кои ќе ја излечат состојбата, но постојат такви кои можат да ги намалат симптомите.
    Психотерапијата може да му помогне на детето полесно да се справи со потешкотиите и очекувањата во училиште.

    Како можат да помогнат родителите


    Родителите често пати не се ни свесни дека детето има проблем, често пати сметаат дека се работи за немирно и непослушно дете.
    • Овие деца многу често слушаат критики, она што се препорачува да го прават родителите е да го охрабрат позитивното однесување кај детето. Секогаш кога ќе направи нешто добро пофалете го. Препознајте ги и пофалете ги неговите силни страни.
    • Вкучете се во заеднички опуштени и пријатни активности со детето.
    • Помогнете му да изгради секојдневна рутина. На овие деца им се потребни јасни и конзистентни распоред и правила за полесно да се организираат. Нека има одредено време за станувње од кревет, за хранење, за учење, за игра итн.
    • Нагласете му на детето дека е многу важно да води белешки за да не ги заборава активностите кои ќе треба да ги превземе.
    • Ако детето има проблем во извршувањето на некоја задача, обидете се да му ја расчлените на повеќе делови за да ја совлада постепено.
    • Побарајте стручна помош.
    • Најдете начин и самите да се опуштите, родителите на децата со намалено внимание и хиперактивност и самите често пати се изложени на голем стрес. Ако е потребно побарајте и за вас стручна помош.
    извор

    Имате некој близок со хиперактивност?
    Сте имале контакт со таков човек? Како сте се справиле?
    Братучед ми е хиперактивен, и секогаш му влепувам шамари ама пак џабе. Нема лек за него..тој е некој си изрод. х
     
    На Alley3112 му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Succubus

    Succubus Истакнат Член

    Зачленет на:
    28 февруари 2012
    Мислења:
    562
    Допаѓања:
    835
    Имаме близок, еве јас хахаха
    Јас сум тој комбинираниот тип, можам да сум невнимателна и хиперактивна. Зависи многу :)
    Затоа и моите не можат некако да ми го најдат лекот, па ме оставаат на мира :D
     
    На Nightmare_f му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Шмекси

    Шмекси Истакнат Член

    Зачленет на:
    15 февруари 2012
    Мислења:
    1,130
    Допаѓања:
    1,066
    Хиперактивно импулсивен тип пто прави грешки од немарност.
    Од секогаш сум бил таков и ми нема лек.Премногу грешки сум направил од таа скапана импулсивност, некои ме чинеле многу, што по здравје, семејство, девојки, пари итн итн.

    А и на психијатар имам идено.И што? Ми објаснува дека нема потреба од брзање бла бла бла.
    Па и јас знам дека нема потреба од брзање ама кога се наоѓаш во тесна ситуација или слично јас не одлучувам.Само од себе си збори таа другата будала во мене.
     
    На Gemini и emzzy им се допаѓа ова.
  4. The_Mayor

    The_Mayor Фраер од пелени

    Зачленет на:
    18 март 2012
    Мислења:
    2,838
    Допаѓања:
    6,527
    Јас мислам дека исполнувам повеќе од 6, од тие точките за болеста....уствари не сум знаел дека сум болен, мислев дека сум само хиперактивен.
    Еее кај ојде медицинава:
    Де факто- не си болен
    Де јуре- ти си умноболен:zelen
     
    На Шмекси му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Шмекси

    Шмекси Истакнат Член

    Зачленет на:
    15 февруари 2012
    Мислења:
    1,130
    Допаѓања:
    1,066
    Не си единствен.Веќе комплимент ми стана будала да ме викаат кога ќе донесам некоја избрзана одлука или кога ќе направам непромислен потег.

    А и не знам како може тоа да настане од невнимание.А моите многу невнимание ми пружале.
    Чудно.
     
    На emzzy му/ѝ се допаѓа ова.
  6. parvati

    parvati Сангвиник

    Зачленет на:
    14 февруари 2012
    Мислења:
    6,697
    Допаѓања:
    13,878
    Емзи тема ти е бш како за мене
    Хиперпсајко актиф сам ја, трапаф како ненормалан, значи пада ми наполитанка на теписон, расипују винце на фармарке
    збору како навиен шфајцарски сат ( он е тачан а ја обратно ), мрдам цело време сс тело и сс руке док збору и објаснују
    иам црви у гузицу :giggle
    Oвој га прау сфе ск, а не док сам бија дете ( па тк не сам пија ....која беше формула за алкохоли хаха )
    Наише ми се дешаа овој док седимо пуно људи на седенку, на форумљашку собиранку :p
    a на час не сам бија нешто посаглам, збори ми се бе што да прау : )
     
  7. ~ Скарлетка ~

    ~ Скарлетка ~ Активен Член

    Зачленет на:
    25 октомври 2012
    Мислења:
    348
    Допаѓања:
    204
    Ете така... баш фина комбинација сум од овие два типа :D
     
    На emzzy му/ѝ се допаѓа ова.

Сподели: