Негативна селекција - кој и како ја воспостави?

massimaux

Истакнат Член
4 јануари 2016
73
85
328
Негативна селекција - кој и како ја воспостави?

Една теза се' посилно циркулира последниве години меѓу демократски ориентираните луѓе. Тезата е заблуда. Автор е Венко Андоновски и гласи вака (парафразирам):

-----------
Македонското општество функционира по принципот на негативна селекција. Негативна селекција е бирање на помалку компетентните да управуваат со државата. Зошто - се запрашува премудриот Венко? И одговара - "намерно на чело се избира послабиот, за да не оди напред подобриот, затоа што тогаш сите ќе мора да одат напред. За да не мора да се работи. Тоа е цената на мрзеливоста, комоцијата и диктатурата на просекот. Тоа е кога народот сака да го убие најдобриот, затоа што најдобриот го засрамува просекот."

Значи, нашиот светски афирмиран писател и универзитетски професор смета дека народот поради својата мрзeливост и чувство на инфериорност е автор на негативната селекција.
-----------

Се согласувам само со делот дека навистина на сцена е негативна селекција веќе 25 години. Но, никако не се согласувам со Венко околу генеричката причина за негативната селекција. Причината за негативна селекција Венко ја бара во аверзијата кај гласачкото тело (народот) кон најкомпетентните и најморалните. Според него, народот не ги поднесувал најдобрите. Ова е погрешно и нечесно. Еве зошто и еве што точно се случуваше во македонското општество од 1991 наваму.

Независно од фактот што Македонија до 1991 беше дел од тоталитарна социјалистичка држава, во последните години од СФРЈ, како и во другите републики, македонскиот систем не беше управуван од потпросечно компетентни луѓе. Иако, политичката подобност беше пожелна, генерално македонските раководители во државните и стопанските субјекти беа подобри од тогашниот просек. Едноставно кажано, полуписмени гадови беа реткост. Може безбедно да се констатира дека тоталитарниот социјализам сепак имаше воспоставено систем на умерена позитивна селекција.

Со формалното воведување на повеќепартиската демократија осмислена како либерална демократија во нашиот устав, овој систем на позитивна селекција почна да се руши. И тоа, не затоа што народот (гласачкото тело) конечно доби шанса да им се одмазди на најдобрите и да воведе негативна селекција. Причината лежи во нешто друго.

Секоја партија на власт од 1992 до денес, го разбираше, а како што поминуваа годините, се' подобро го разбираше значењето и улогата на КРЕАТОРИТЕ НА ЈАВНОТО МИСЛЕЊЕ во функција на сопственото останување на власт и присвојување на општествените добра. Кои се, по дефиниција, креатори на јавно мислење? Еве кои се:

-----------
Креатори на јавното мислење се јавни личности и организации чии толкувања на реалноста се дистрибуираат до граѓанството континуирано и масовно преку медиуми. Тука спаѓаат телевизии, радија, весници, интернет портали, социјални мрежи, новинари, јавни личности, едукатори, интелектуалци, експерти, газди на медиуми, политичари, активисти и др. Јавноста е секојдневно изложена на влијанието на ставовите што креаторите ги наметнуваат за политички настани, општествени состојби, комерцијални цели, итн. Оттука произлегува нивната огромна моќ за насочување на општествениот развој.
------------

Се разбира дека и политичарите се креатори на јавното мислење, НО (!), без помошта и поддршката од влијателните медиуми, новинари и интелектуалци, политичарите се беспомошни.

И каде е гревот? - Логично, во корумпираноста на креаторите на јавното мислење! Огромен процент од медиумите, нивни уредници, новинари, експерти, едукатори, писатели, професори, лекари - сфатија дека клиентелистичката спрега со политичката елита е профитабилна. И така, цели 25 години, креаторите на јавното мислење - меѓу кои и 100-тици интелектуалци - лажеа, манипулираа, спинуваа, релативизираа, премолчуваа големи криминали и корупции на секоја власт, и сето тоа во корист на политичарите. За возврат добиваа пари и ресурси, се разбира, криминално стекнати преку корупција.

Да сумирам, оние што имаат најголемо влијание врз креирање на мислењето на обичниот народ (меѓу кои и најтиражните писатели) се НАЈГОЛЕМИТЕ ВИНОВНИЦИ за замената на позитивната со негативна селекција. Токму поради нивното неморално и општествено неодговорно однесување, со македонското општество се' повеќе управуваа(т) некомпетентни и неморални луѓе.

Значи, негативната селекција е резултат на корумпираноста на креаторите на јавното мислење, односно предавството на интелектуалците и новинарите. А, не поради одмаздата на народот кон најдобрите, како што милува да мудрува пупакот на светот.
 
massimaux

Истакнат Член
4 јануари 2016
73
85
328
Инаку, има два вида негативна селекција:

(1) Негативна селекција од ДОЛУ. Ја прави народот со испран мозок и клиентелистичката маса со гласање и легитимирање на бандити на избори. Да нагласам уште еднаш, корумпираните креатори на јавното мислење го реализираат перењето на мозоци и нивно полнење со тешки заблуди. Од друга страна, клиентелистичкото гласачко тело е веќе последица од претходното делување на креаторите на јавното мислење кои им овозможиле на бандитите на власт да опстанат на власт и со текот на времето да корумпираат и дел од гласачкото тело (администрација, пензионери, бизниси врзани со власта, нивни роднини, итн.).
(2) Негативна селекција од ГОРЕ. Креаторите на јавното мислење им помагаат на мафијашите да опстанат на власт. Потоа, мафијашите со коруптивни и насилни методи поставуваат во сите институции свои послушници. По дефиниција, послушниците се потпросечни по компетенции и се разбира, луѓе без интегритет. Така се создава и клиентелистичко гласачко тело кое во повратна спрега им помага на бандитите да продолжат со заробување на државата.

Како и да ја погледнете негативната селекција, таа е свесно и намерно помагана, поддржувана и одржувана од корумпираните креатори на јавното мислење. Заблуденото гласачко тело е само несвесен соучесник.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: malo and Outrider

misterija

Член со 30 казнени поени
27 јануари 2016
732
611
103

Незнам дали навистина гласачкото тело е несвесен соучесник, не би се сложила дека е баш така.
Ми текнува порано како одеа луѓето на гласање, нарочито постарите, дотерани, наконтени, жените нашминкани, сите весели, некако зрачеа, мислеа дека имаат моќ со нивниот глас нешто да променат, да дадат допринос за државата....доживљај беше тоа за нив.
Погледни сега како се одвиваат изборите...не е тоа дека на народот му се испра мозокот...мислам дека народот сфати дека демократијата на гласањето на избори не носи слобода и подобар живот, сфатил дека тука е таа замка на ропство....ама имаат две опции, да бираат кои се можностите и да гледаат кои се ограничувањата.
 
Outrider

A Witty Cat
Член на администрација
23 мај 2013
5,405
5,905
1,683
Disco
Негативната селекција е една од причините за пропаста на СССР, светска супер-сила.
Сепак покрај креаторите на јавното мислење треба да се има во предвид вистинската причина за постоењето а тоа е едноставен фидбек луп каде што зависните за својот физички опстанок ботови ја гласаат партијата која што му го овозможува тоа. Овозможувајќи го тоа, партиските лидери се богатат.
Спас повеќе нема, РМ е на патот на пропаста.
Ако СССР како гигант со огромни ресурси се удави во сопствените г**на, што останува за шега од земја како оваа...
 
Гласачкото тело на гангстерите има два дела. Клиентелистички и заблуден. Првиот има себична причина да ги одржува на власт, вториот е далечински конфигуриран од корумпираните креатори на јавно мислење.

Како што напишав погоре, и клиентелистичкиот дел е секундарна последица од гадното делување на креаторите на јавно мислење затоа што мафијашите дошле и се одржале на власт најмногу поради креаторите. Клиентелистичкото гласачко тело доаѓа како секундарен бран последици - резултат на долгото владеење на мафијата. Во повратна врска се' функционира добро додека не се случи колапс.
 
Outrider

A Witty Cat
Член на администрација
23 мај 2013
5,405
5,905
1,683
Disco
Гласачкото тело на гангстерите има два дела. Клиентелистички и заблуден. Првиот има себична причина да ги одржува на власт, вториот е далечински конфигуриран од корумпираните креатори на јавно мислење.

Како што напишав погоре, и клиентелистичкиот дел е секундарна последица од гадното делување на креаторите на јавно мислење затоа што мафијашите дошле и се одржале на власт најмногу поради креаторите. Клиентелистичкото гласачко тело доаѓа како секундарен бран последици - резултат на долгото владеење на мафијата. Во повратна врска се' функционира добро додека не се случи колапс.

Па зависи, клиентелизмот почнал уште во бивша југа иако со неспоредливо помал интензитет.
Не знам дали е последица на креаторите на јавно мислење иако тие имаат огромна улога во стварањето на истиот плус негативната селекција која што оди заедно со клиентелизмот, сепак тука е криминогената приватизацијата и еден куп економски погубни ситуации кои одведоа голем дел раја кон клиентелизам.
Секако тоа не е оправдување за цицањето чмар за цркавица ама е разбирливо.