На што најчесто треба да внимавате додека сте на одмор?

Marick14

Истакнат Член
17 февруари 2012
3,289
2,348
113
Софија
Кога сте на одмор, мозокот е на пасење, и ич не се замарате со ништо и најчесто се случуваат непосакувани работи. Како на пример треба да се внимава со сончањето на плажа (да не се заборавите или да заспиете) :D. Понекогаш се губат мобилни или апарати. Или пак некој може да ви украде доколку не гледате кај го оставате вашиот новчаник, телефон, апарат.

Вие на што најчесто внимавате додека сте на одмор?
 

existence

Boolean
Член на администрација
Админ
3 март 2012
7,448
9,155
1,683
Кушкундалево
Ја внимавам на себе. Пари, апарати и сл. и така не носам со мене туку прво што правам е барам место у станот за криење пари.
 

Marick14

Истакнат Член
17 февруари 2012
3,289
2,348
113
Софија
Јас како прво, внимавам на здравјето. Потоа на парите, мобилниот, камера доколку понесам, внимавам на сончањето, да не се претера и со тоа. И внимавам на исхраната. Не се јаде се и сешто и од секаде.
 

Mila Kunis

Истакнат Член
15 февруари 2012
2,290
3,528
443
Скопје
Прво нешто што правам кога ќе се сместам е барање на соодветно место за криење на парите :D
На плажа мобилен многу ретко носам,а пари носам малку,и апарат носам.Ама скоро никогаш не влегуваме сите наеднаш во вода,така да има кој да припази на стварите , не оставаме така без никој...
А и оставивме еднаш, пешкири,лежалки ,ташна без вредни работи внатре, бевме до станот се вративме по 1 саат, никој ништо ни немаше чепнато :)
 

Scars

Староседелец
17 февруари 2012
2,229
3,538
1,143
на ништо... само си кулирам :)

3785826092_4f3408cae9_z_large.jpg
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Lovely*-*

Jericho

Староседелец
19 февруари 2012
355
465
1,063
На здравјето, гледам да не експериментирам со некои чудни домашни специјалитети (не многу), на водата за пиење. Генерално имам добар имунитет и ме фаќа грип еднаш на 3-4 години така да немам гајле. Од другово парите нормално гледам да ги скријам (некогаш и ги делам на два дела и ги кријам на две различни места). Пасошот пазење како очите (во случај да не ми го задржат на рецепција). Телефонот не го носам со мене на плажа, ни па нешто многу пари (доволно за јадење, некој пијалок и нешто малце плус). Така да нема нешто посебно што би ми украле, ако на некој му стало до крадење маица за на плажа, капа или пешкир слободно... Кога излегувам пазам на парите, ако идам првпат на некое подалечно место од хотелот го запазувам патот по кој сум дошол до таму за на враќање ако се светнам да можам да се ориентирам да се вратам. Се пазам кога шетам на туристичка обиколка на локалните музеи, улички и слично од улични џепчии, од диви таксисти и остали фаци кои ти нудат “поефтини услуги“. И секако во зависност од земјата на престој, пазење од STD и девојки со кои може да се заврши во кревет па сабајле да ти речат “ова задоволство те чини 100 евра“, тоа се нормални девојки кои не укажуваат симптоми на проституција, баш изгледаат како обични девојки кои дошле на одмор и сакаат забава. Ако и речеш абе какви 100 евра и ја истераш за 10 мин на врата ќе се нацртаат пред врата 2-3 батки кои ќе ти бараат 150 евра. Среќа ова ми се нема десено ама знам неколку случаи што го јаделе така.
Пазење треба од се, сепак во друга земја, други обичаи, сваќања и начин на функсионирање а особено во поголемо туристичко место има секаков народ, посебно ако е место каде најголем дел од туристите се некои наивни и полни со пари западњаци, тогаш местото изобилува со џепчии, превари на улични продавачи и слично...
Среќа ништо не ми се десило до сега, си уживам во одморот и не се замарам, ипак сум дете што пораснало во град и знам да се пазам и да ги познаам тие улични финти
 

LadyInPink

Истакнат Член
14 февруари 2012
1,236
1,749
113
Малку таму, малку овде...
Јас внимавам прво на сончањето. Бидејки пребрзо и прелесно можам да изгорам уште не појдена на плажа, внимавам на себе да имам триста слоеви млеко за сончање со највисок можен фактор (околу 50 отприлика)...
Потоа на телефон, апарат, пари и сл. работи...
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Jericho