Најубавите потопени градби во светот

Nicole

Староседелец
27 јуни 2012
249
226
643
Градби со разни намени излегуваат од водата на реки и езера, потопени од милиони литри вода. Места каде што луѓе живееле и работеле оставени на рибите.
Човекот ги потопил овие градби создавајќи вештачки езера. Цркви, манастири, палати и тврдини остануваат полупотопени привлекувајќи фотографи и туристи.

1. Црква Св. Никола, Македонија

potonati1.jpg



Црквата Св. Никола во Маврово била изградена во 1850 година и опстојала 153 години, сè додека не било решено да биде изградено вештачкото езеро. Црквата беше потполно потопена, но со летните суши во 21 век таа повторно излегува од водата.


2. Црквата од Алтграун, Италија

potonati2.jpg

Плановите за вештачко езеро во регионот започнале уште во дваесетите. Но планот не добил подршка и се соочил со сериозен отпор од околните градови. По неколку одложувања и жалби селата Граун и Решен биле потопени во 1950 година. 163 домови биле потопени, вклучувајќи ја и познатата црква, чија камбанарија се уште стои 6 метри над површината.

3. Црквата од Стара Петроландија, Бразил

potonati3.jpg


Петроландија е град во Бразил во близина на реката Сао Франциско, кој бил делумно поместен по изградбата на брана. Единственото нешто што останало е црквата која е неверојатно прекрасна глетка.

4. Камбанаријата Калјазин, Русија


potonati4.jpg

Камбанаријата Калјазин е кула во неокласичен стил со висина од 74,5 метри. Таа стои над површината на Резервоарот Углич на реката Волга во близина на градот Калјазин. Камбанаријата била изградена помеѓу 1796 и 1800 година како дел од манастирот Св. Никола.
Кога Сталин наредил да биде изграден Резервоарот Углич во 1939 година стариот дел од Калјазин, опфаќајќи неколку средновеквни градби бил прекриен со вода. Камбанаријата станала главната атракција во регионот поради што бил создаден и мал остров со док за бродови.

5. Палатата Џал Махал, Индија

potonati5.jpg


Џал Махал (во превод „Водена Палата“) е палата сместена во средината на езерото Ман Сагар во Џаипур, главниот град на Раџастан, Индија. Изградена како палата за задоволство на кралското семејство во 1799 година, Џал Махал е екстремно романтично место со прекрасна архитектура која создава неверојатни одрази од мирната вода на езерото. Првите четири ката од палатата се под вода и само најгорниот спрат е сув.

6. Црквата Медиано, Шпанија


potonati6.jpg

Црквата Медиано е црква од 16 век во Медиано, потопена општина во Ла Фуева, Шпанија. Црквата била потопена заедно со целото село во шеесетите при изградба на резервоар. Последните жители го напуштиле селото дури кога водата почнала да влегува во нивните домови. Кога акумулацијата е полна, длабочината до основата на кулата е околу 30 метри.

7. Тврдина Трикуле, Романија

potonati7.jpg

Тврдината Трикуле била изградена во 15 век за да се спречи проширувањето на Турците на запад. Рушевините денес се наоѓаат на границата помеѓу Романија и Србија на левата страна од Дунав. Трите кули со триаголен распоред стоеле на падините на рид пред 1971 година. Денес јужната кула е целосно потопена од Дунав; кулите се 10 и 11 метри високи. Сите три се изградени од камен и имаат ѕидови дебели 1,4 метри и по три ката.
8. Црквата на Христовото Раѓање, Русија

potonati8.jpg


Оваа црква била изградена околу 1790 година во населбата Крокино. Црквата се наоѓала на брегот на езерото Белоје во близина на реката Шексна. Кога Советите започнале да градат хидроелектрана црквата потонала. Резултат на потопувањето е што јужниот ѕид е речиси уништен но половина од црквата сè уште стои. Во 2009 започнал проект за спас на црквата.

Бонус: Враќањето на Црквата Потоси во Венецуела


potonati9.jpg

Потоси во Венецуела не привлекува туристи уште од 1985 година. Таа година градот бил потопен со цел создавање на хидроелектрана. Но сушите од 2009 и 2010 година предизвикале нивото на водата во вештачкото езеро се спуштило толку многу што претходно потопената црква сега е повторно на суво.

potonati10.jpg
Никој ја немал видено целата црква 25 години. Добра вест е што многу луѓе ќе можат да ја видат прекрасната градба, лошата вест ешто 68 проценти од електричната енергија во Венецуела потекнува од хидроелектрани. Тоа значи дека земјата се соочува со официјална енергетска криза.
 

Gemini

Староседелец
24 мај 2012
2,478
5,077
1,153
Wind Of Change
Qiandao – езерото со илјада островчиња и стари потопени градови


Qiandao – езерото со илјада островчиња и стари потопени градови.jpg

Ова неверојатно чудо на природата се наоѓа во Zhejiang, Кина, на околу 150 километри од градот Hangzhou. Станува збор за вештачко езеро, формирано по завршувањето на хидроелектричната станица на реката Xin’an. Езерото е преплавено со 1078 островчиња. Познато е по бистрата вода, која понекогаш се користи и за пиење, која се користи за производтво на познатата минерална вода Nongfu.
Qiandao е и дом на бујни шуми и егзотични острови. Она што е мистериозно е интересно се мистериозните градови кои се наоѓаат под езерото, а кои биле потопени. Како предлог на управата во Кина, била изградбата на заштитни ѕидови и транспорт на вода надвор од градот. Сепак, од неа произлезе изградбата на подморницата висока 3,8 метри, направена со цел подводните градови да бидат достапни и отворени и за туристите. Меѓутоа, во последно време локалните власти донесоа забрана за нуркање на подморниците во внатрешноста. Причината е: силните водни текови кои можат да ги оштетат старите градби…Покрај сé, ова место останува вистински предизвик за љубителите на природата. Необично чудо, малку поинакво парче природа, рај за очите… Место кое вреди да се посети !!!

1-748-642x357.jpg1-273.jpgЖ
1-1149.jpg1-356.jpg
 

Aaliyah

Староседелец
13 февруари 2012
888
1,090
1,093
Скопје
Прв пат слушам за црквава Св.Никола кај нас и морам да ја посетам!!! :)
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Bum-Bum

The_countess

Истакнат Член
10 јуни 2012
441
545
193
29
Во водите на Јонското Море во близина на грчкииот полуостров Пелопонез археолозите окрија остатоци на досега најастариот познат потпен град.
Како што соопшти археолог Ник Флеминг од Британскиот центар за океанографија, станува збор за градот Павлопетри, кој е досега најстариот познат подводен град во светот.
Досега се откриени неколку улици, пристаништето, згради и гробници, кои се релативно добро зачувани. Пронајдени се и остатоци на бродови и товар, што укажува дека станува збор за пристанишен и трговски град.

Археолозите претпоставуват дека градот Павлопетри, кој е стар меѓу пет и шест илјади години, се простирал на површина од околу 100.000 метри квадратни.
Greece_Pavlopetir_map.png

a96695_a456_pavlopetri2.jpg

_55872242_pav640_1.jpg
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Marick14

Marick14

Истакнат Член
17 февруари 2012
3,289
2,348
113
Софија
Дајте кажете каде се наоѓа црквата (ако сеуште ја има, зошто нашиве знаат да го срушат тоа што е најубаво во земјава) и како да се стигне до неа?