Најпосакуваното

Saladin

Unbaised
Член на администрација
17 февруари 2012
6,024
9,655
1,683
Normandy
Го следеше нејзиниот поглед како прв пат да почувствува страв... Беше притаен, со доза на среќа. Со раката си го допре образот. Вриеше со изненадувачка студеност. Зошто по ѓаволите не можеше таа да исчезне од неговиот ум? Се` беше во ред на почетокот, тој беше потонат во инспирацијата, а таа во тагата. Тогаш не беше доволно среќна да го избегне. И` требаше некој кој ќе ја милува по душата. Го пронајде него, тој кому му беше потребна инспирација. Му се допадна, без да знае за последиците. Последици полни со насмевки и слози. Можеби беше премногу наивен. Или му беше потребен пријател. Во неа го најде. Дури и многу, многу повеќе. Го посака невозможното. Посегна по ѕвездите, кои беа сеуште далеку. Студени по мирис, горчливи по вкус. Го штипеа очите и носот. Не гледаше доволно. Беше слеп и покрај тоа што ги вкуси. Му се допаѓаше тоа. Чиста безрезервна љубов. И` напиша писмо во кое и` призна дека е убава. Таа му се насмевна, бодејќи го со поглед полн со тага. Не злоба, ниту омраза, туку само тага. Не сакаше да го повреди. Не него, не тој кој и беше многу драг и го сакаше многу. Но на друг начин. Пријател...другар во нејзиното срце. Чувар на спомените, раскажувач на приказните. Но не и љубовник.
Се почувствува како ангел загубен во сопствените соништа. Сакаше да ги поприми боите на неговото срце, полно со радост. Тој повторно ја погледна. Ги судри усните со нејзиниот образ.
- Ми студи... - изусти таа
- Биди храбра - и` шепна без глас.

(Април 2009)
 
Последна промена:

Scars

Староседелец
17 февруари 2012
2,229
3,538
1,143
И` напиша писмо во кое и` призна дека е убава. Таа му се насмевна, бодејќи го со поглед полн со тага. Не злоба, ниту омраза, туку само тага. Не сакаше да го повреди. Не него, не тој кој и беше многу драг и го сакаше многу. Но на друг начин. Пријател...другар во нејзиното срце. Чувар на спомените, раскажувач на приказните. Но не и љубовник. (worried)
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Bum-Bum

Saladin

Unbaised
Член на администрација
17 февруари 2012
6,024
9,655
1,683
Normandy
Јбг сите сме имале такви моменти у животот...
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Scars31

Ghtalpo

Староседелец
27 февруари 2012
2,656
3,335
1,153
Забите ги стискаш и сваќаш дека ако не те гледа со истите очи како ти неа,залудно ќе трошиш нерви и сили
 

sweetgirl

Истакнат Член
11 март 2012
148
125
343
Скопје
Колку бевме блиски а сега колку сме само далечни.
Се трудам да ја најдам причината но некако не ми оди.Веројатно е изгубена некаде во далечината на минатото.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Saladin

Saladin

Unbaised
Член на администрација
17 февруари 2012
6,024
9,655
1,683
Normandy
Колку бевме блиски а сега колку сме само далечни.
Се трудам да ја најдам причината но некако не ми оди.Веројатно е изгубена некаде во далечината на минатото.
Понекогаш треба да се стават сите причини на страна и да се прифати моментот како минато.
 

mila mila

Истакнат Член
31 март 2012
192
154
343
Толку многу прашања,а толку малку одговори.Зошто?!