Најефтините европски градови за 2012 година

Marick14

Истакнат Член
17 февруари 2012
3,289
2,348
113
Софија
Понекогаш сакате само да се спакувате и да заминете на патување, можеби оваа листа ќе ви го олесни планот, бидејќи според буџетот ќе знаете каде да заминете во Европа.

Еве ја листата на градови, од најефитните кон најскапите :

Софија, Бугарија
Краков, Полска
Будимпешта, Унгарија
Варшава, Полска
Букурешт, Романија
Истанбул, Турција
Санкт Петерсбург, Русија
Прага, Чешка
Загреб, Хрватска
Москва, Русија
Талин, Естонија
Лисабон, Португалија
Берлин, Германија
Атина, Грција
Бриж, Белгија
Наполи, Италија
Мадрид , Шпанија
Рејкјавик, Исланд
Лондон, Англија
Даблин, Ирска
Дубровник, Хрватска
Фиренца, Италија
Ница, Франција
Барселона, Шпанија
Луксембург, Луксембург
Минхен, Германија
Хамбург, Германија
Единбург, Шкотска
Париз, Франција
Милано, Италија
Виена, Австрија
Копенхаген, Данска
Рим, Италија
Хелсинки, Финска
Амстердам, Холандија
Брисел, Белгија
Венеција, Италија
Стокхолм, Шведска
Осло, Норвешка
Цирих, Швајцарија

Главниот град на Бугарија го доби признанието – најевтин град за туристите за 2012 година, бидејќи за еднодневен престој таму треба да издвоите 23,71 долари.
Листата ја подготви американскиот портал за туризам “Price of Travel” врз основа на европскиот индекс за нискобуџетен туризам. Веднаш зад Софија се полскиот град Краков со 23,83 долари и главниот град на Унгарија – Будимпешта со 30,05 долари потребни за еднодневен престој.
Од четвртото до осмото место се наоѓаат: Варшава со 31,52 долари, Букурешт со 31,79 долари, Истанбул со 38,19 долари, Санкт Петербург со 39,49 долари и Прага со 43,61 долари.
На деветтата позиција е Загреб со 43,64 долари неопходни за еден турист за еден ден. Топ 10 листата завршува со Москва каде туристот треба да одвои 44,80 долари дневно.
Според податоците на овој портал најскапи градови за туристите во Европа се Цирих (118,78 долари), Осло (103,51 долари) и Стокхолм (96,37 долари).
Европскиот индекс за нискобуџетен туризам за 2012 година опфаќа ноќевање во најевтин хотел на добра локација, две патувања со јавен превоз на ден, посета на една атракција дневно, три економски оброка и три евтини локални пива или вина секој ден.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Minella

Jackal

Староседелец
13 февруари 2012
2,045
2,641
1,143
30
Битола
добро сега во прага иво будимпешта бев прд некое време, е евтино, не кој знај колку за наши услови ама сепка е евтино за арзлика од виена кај шо се цените изгор.... мислам едно пиво 0.5 е евро или евро и пол во прага и во будимпешта а во виена беше 3 и пол евра најевтиното..
 

Marick14

Истакнат Член
17 февруари 2012
3,289
2,348
113
Софија
Венеција ме изненади мене. Не верував на тоа место дека ќе се најде. Поскапа и од Милано е. :(
 

emzzy

Староседелец
25 февруари 2012
1,376
1,875
1,123
Има преку агенции убави понуди за накај Италија и за накај Шведска, ама 3дневни се. За 3 дена таму седење не би дала 600 евра, патот е многу долг. Да си подсоберам парички и ќе одам н а 10 дена натаму.
Ме изненади со цениве, ама Софија никогаш не би одела ако е најефтино :)