1. Еј...супер што го посетуваш Црнобело форумот. Слободно регистрирај се и приклучи ни се во дискусиите!

Најдобар Марвел филм

Дискусија во форумот 'Филм' започната од Marick14, 12 мај 2012.

?

Најдобар Марвел филм според мене е:

  1. Hulk I, II

    1 глас(а)
    4.8%
  2. Iron Man I, II

    2 глас(а)
    9.5%
  3. Thor

    1 глас(а)
    4.8%
  4. Captain America: The First Avenger

    1 глас(а)
    4.8%
  5. The Avengers

    4 глас(а)
    19.0%
  6. X-Men I, II, III, IV

    5 глас(а)
    23.8%
  7. Spider-Man I, II, III

    3 глас(а)
    14.3%
  8. Fantastic Four I, II

    0 глас(а)
    0.0%
  9. Punisher I, II

    0 глас(а)
    0.0%
  10. Не сум гледал ниеден Марвел филм.

    3 глас(а)
    14.3%
  11. Друг ќе наведам.

    0 глас(а)
    0.0%
  12. Daredevil

    1 глас(а)
    4.8%
  1. Marick14

    Marick14 Истакнат Член

    Зачленет на:
    17 февруари 2012
    Мислења:
    3,279
    Допаѓања:
    2,353
    Дали ги гледате Марвел филмовите и кој ви е омилен?
    Негативни и позитивни мислења за некој филм....

    Мене од поомилените ми е Халк и Тор. А покасно че кажам и за Авенџерс.
     
    На Sweetgirl1605 и Dee Dee им се допаѓа ова.
  2. Coelho

    Coelho Староседелец

    Зачленет на:
    2 април 2012
    Мислења:
    286
    Допаѓања:
    493
    Thor, Captain America и Iron Man.

    Другите се во ред, но не се ништо посебно (зборувам за супер-хероите). Ќе го гледам Avengers и ќе чекам да се истакнат одредени супер-херои малку повеќе.
     
    На Dee Dee му/ѝ се допаѓа ова.
  3. MissChievous

    MissChievous Ingenious

    Зачленет на:
    17 февруари 2012
    Мислења:
    5,084
    Допаѓања:
    7,013
    Captain America ме изненади колку лош е, па и еден од најглупите филмови кои излегоа во 2011. А конкретно од Марвел нај нај најлош ми е Daredevil. Од овие погоре наведените, добри ми се X-Men, првиот пред се, и Iron Man. Spiderman филмовите многу ми се тапа, како прво не ми се свиѓа херојот, како второ лош ми е глумецот. Fantastic Four, и двата дела прилично ми се глупи, вади единствено екипата. Од The Incredible Hulk ми се допаѓа вториот, пред се зошто ми глумат омилениот глумец и глумица. Иначе, ми се свиѓа Punisher.
     
    На Saladin му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Marick14

    Marick14 Истакнат Член

    Зачленет на:
    17 февруари 2012
    Мислења:
    3,279
    Допаѓања:
    2,353
    The Avangers во топ 4 филмови евер ми е.
     
  5. Electra

    Electra Неонка
    Член на администрација Админ

    Зачленет на:
    16 февруари 2012
    Мислења:
    2,047
    Допаѓања:
    6,657
    X-Men ми се најинтересни, сакам шареноликост. Се надевам и Avengers ќе ми се допадне. Само ме мрзи да го изгледам. :D
    И Thor ми беше доста интересен, a тука некаде е и Спајди, највеќе приказната од третиот дел и црниот badass костим.
    Единствено што Тоби и Кристен не ги варам баш во тие улоги. Премлитави ми се за таков филм.
    The Incredible Hulk никогаш не ми бил incredible, може затоа што од мала дефиниција за него ми бил Hulk Hogan, па зелењаков некако не го доживувам како таков лик и готово.
    Од Marvel би го додала и јас The punisher, ептен ми се допадна приказната.
    Од овој „жанр“ и The Green Hornet ми е врв, иако искрено, врска немам дали е Marvel, DC или нешто сосема трето, немам налетано на информации, ама филмот ме има изнасмеано за сите пари. Фаца е батката.
    Ајт, ме поденавте тука во 4 ипол сабајле да си ја тестирам телекинезата и другите мочи. :^) :D
     
  6. Y1K991

    Y1K991 Parleur

    Зачленет на:
    1 март 2012
    Мислења:
    6,262
    Допаѓања:
    9,105
    Ниеден немам гледано
    [​IMG]
     
    На The Tramp и Sweetgirl1605 им се допаѓа ова.
  7. MissChievous

    MissChievous Ingenious

    Зачленет на:
    17 февруари 2012
    Мислења:
    5,084
    Допаѓања:
    7,013
    До сега немам слушнато негативна критика за овој филм. Го чекам година дена од кога слушнав дека ќе излезе, а сега чекам да почнат да го даваат во Милениум во 3Д. Како што разбрав, во првата недела заработил најмногу, како ни еден друг филм во историјата на човештвото?
     
    На Sweetgirl1605 му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Marick14

    Marick14 Истакнат Член

    Зачленет на:
    17 февруари 2012
    Мислења:
    3,279
    Допаѓања:
    2,353
    Па вчера бев во кино да го гледам, и да ти кажам и 1.000 денри би дал за овој филм. Прејак е филмот. Ќе зажалиш ако не појдеш да го гледаш во 3Д. Полно е секогаш, така да оди порано за карта ако сакаш.
     
    На ace_rot и DarkPassenger им се допаѓа ова.
  9. The Tramp

    The Tramp Филмохолик

    Зачленет на:
    17 февруари 2012
    Мислења:
    3,367
    Допаѓања:
    4,942
    Кога ќе ги изгледам сите, ќе одлучам. :) Досега само Фантастичната четворка 2-та дела ги имам гледано. :D
     
    На Marick14 му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Marick14

    Marick14 Истакнат Член

    Зачленет на:
    17 февруари 2012
    Мислења:
    3,279
    Допаѓања:
    2,353
    Iron Man го немаш гледано?? :rofl И Панишер.....си пропуштил многу јаки филмови.
     

Сподели: