Нафтена платформа

Trajche

Староседелец
13 февруари 2012
1,541
2,555
1,133
Не знам дали е најсодветно место за темава, не дека некаква кариера може да градиш на нафтена платоформа, туку сакам да прашам ако некој е бил или познава некој негов близок пријател/роднина што бил или се интересирал за работа на вакво место да каже некои информации. Зошто еден мој другар сака да замине да работи на нафтена платформа, а мене тоа ми изгледа многу опасно, дека не знаеш што ќе работиш, и ќе ти дадат многу тешка физичка работа, викат дека е многу платена, ама може и животот да го изгубиш, барем така што имам слушено рекла-казала муабети. Кој знае нешто повеќе околу ова слободно ако сака нека сподели...
Фала многу
 
  • Like
Реакции: Minella

Мила

Активен Член
1 март 2012
120
99
28
На плажа!!!
Имав пријател што сакаше да замине. Секогаш викаше Абе јас немам што да правам тука, подобро таму отколку никаде. Среќа не замина. А знам и еден што беше, ама не препорачува на никого.
Брзи пари се, ама животот ни е еден!
 
  • Like
Реакции: Trajche

Trajche

Староседелец
13 февруари 2012
1,541
2,555
1,133
Сите му викаме да не оди, ама тие зборови не се доволно, треба факти и аргументи да го убедат...вака тешко :(
 
Jericho

Староседелец
19 февруари 2012
355
465
1,063
Напорна работа, големи пари, вреди да се жртвува година од животот за тоа, пошто во нашава испартизирана и корумпирана држава 250 000 долари (или нешто повеќе) не се прават за еден живот а камо ли за година... Знам луѓе што биле или се уште се, викаат дека буквално коските ги оставиле таму, а пред се психички те убива изолацијата, нон стоп по тесни ходници, се што гледаш е вода до недоглед, по некој ураган... има услови за живот солидни, секаква храна, амбуланта, кино, нет, фитнес сала и слично... негативно премногу тесно, работа по 12 саати на ден, тесни простории за живот кај што во мали соби на двоспратни кревети спиеш со секаков народ... Безбедноста е гарантирана и многу строга, најстрого се казнува секакво забарането однесување, алкохол нема ни за душа, цигара смее да се пали само во одредено време во многу мала просторија... И дали се тоа вреди за 250 000 долари годишно? Јас би рекол да
 
Јас колку што знам платата е далеку помала од оваа што ја споменуваш 250000 долари.
Плус тоа мора да се земе во предвид фактот дека тие не работат 12 месеци во годината, а живеат во мизерни услови. Алкохол има, цигари нема. Ама нема ни 250.000 долари.
 
Jericho

Староседелец
19 февруари 2012
355
465
1,063
Зависи каде и преку која фирма, ако ти е 600-800 долари (некогаш и повеќе ако не идеш како обичен радник) удри рачуницата ќе видиш колку е... Нормално не работат 12 месеци имаат и одмори ама тие им се платени, со превоз до копното е сеа ако е у африка боље и да не идеш пошто ќе те касне некој комарец и ќе фатиш лепра (мрчам), а ако си на север на копно на Аљаска, пак мање-више ништо не гледаш од цивилизација
 
Мила

Активен Член
1 март 2012
120
99
28
На плажа!!!
Види ваму..
Ми делуваш како прилично неупатен во оваа тематика.

Највисоки плати имаат оние што се заминати најчесто преку некоја фирма од Скандинавските земји. И тоа не е плата од 20.000 долари месечно, туку плата од 7-8000. Преку нив може да оди само човек кој што веќе живеел таму, не се многу расположени за експериментирања со балканци. Имаш платформа сред вода и инсталации на брегот. Платата нормално не е иста. Најчесто работат половина месец по 12 часа а половина одмараат. Законот не дозволува да имаш повеќе работни часови.

Ако си инженер ќе имаш 700-800 долари плата, но обичните вработени немаат повеќе од 300-400 долари дневница. Ама за да влезеш таму имај на ум дека треба да имаш мал милион сертификати и многу дополнителни обуки.

Најди ми оглас што не е лажен, за плата од 600 долари.
 
  • Like
Реакции: Minella

Minella

Активен Член
15 февруари 2012
169
171
43
Pust ostrov
Најтешката работа е работата на нафтените платформи , ем си изолиран од општеството , ем нигде копно , на сред море , зимаат негде и до 8000 евра , ал батали парите кога немаш шанса и прилика каде да ги трошиш ,колку повеќе саата работиш поголема плата ,и тие таму шо работат животот им поминува на тие платформи .Имаше една емисија на Дисковеру баш на тие платформи , многу ризична работа , а и башка бркав по српските и хрватските форуми за работа во Скандинавските земји и секако највише понуди имаат за тие платформи , ама колку што можев да прочитам не се воодушевени за работата на платформи преголем ризик :redcarded
 
Trajche

Староседелец
13 февруари 2012
1,541
2,555
1,133
Многу се тоа 250 000 месечно, но и 400-600 долари се премалку, јас колку што имам слушнето за обичен работник платата се движи 4-6 илјади долари.
 
Мила

Активен Член
1 март 2012
120
99
28
На плажа!!!
Многу се тоа 250 000 месечно, но и 400-600 долари се премалку, јас колку што имам слушнето за обичен работник платата се движи 4-6 илјади долари.
Не 250.000 месечно, туку годишно.
Не 400-600 долари месечно, туку дневно.

И добро имаш слушнато за платите на обичните работници!
 
  • Like
Реакции: Trajche