Народна поезија

Аркантос

Romanticist
23 август 2012
2,352
3,849
1,153
Ајде да ги прочешламе малку примероците што стојат во Зборникот на Миладиновци наречен од добро познатите причини: „Зборник на блгарски народни песми“.
Ќе го земам примерот: Јана и С'нцето

Многумина ќе се запрашаат зошто ја отворам оваа тема. Што ќе ни е ние тука да зборуваме за народниот и неписмен пеач што од досада си создал научна фантастика нешто што нема три чисти со мозокот.
Е, не е така.
Оваа народна песна(како и многу други за кои ќе разговараме подоцна во темата) може да се анализира и да се дојде на сосем трет мотив за пишувањето на ова нешто, без притоа да остане ни Ж од женидба на сонцето.

Ако, добро ја прочитавте оваа песна ќе сфатите дека се работи за некоја убава девојка Јана, на која што кумата ѝ рекла да не излегува преку ден без прекривка на главата, навечер без свеќа, за да не ја здогледа сончевата мајка, за да не ја сврши за сонцето...итн итн.

Тоа е она што се гледа на прво читање. Но, што е она што е задскриено?
Задскриено е она што, во оваа песна се зборува за жртвопринесување на девојка - девица, на божество(Белобог и Црнобог, за кој има различни толкувања, дека едниот бил бог на светлината и на животот, а другиот дека бил бог на темнината и смртта; следно толкување е дека ова е еднобожество со два ипостаси, нешто слично како што е нашиот Бог со три лица ипостаси).
Од каде доаѓа тоа дека се зборува за жртвопринесување.
Еве вака:
Почетокот од песната е со „Убаа Јана“ што често може да се сретне во многу песни. Тој епитет „Убаа“, пред некое време антрополозите конечно утврдија дека, дефинитивно не е само обичен епитет, туку се работи за синоним на „Света“.
Потоа, се зборува за иницијациски точки од животот на девојката што по пат на паралелизам кореспондираат со празниците од верскиот календар. - Уште еден доказ дека девојката е света.
Продолжението говори за тоа како кумата(која во словенската историја има многу важна улога. Да не се убедуваме дека кумата е посредник помеѓу „оностраното“ и „овостраното“ и да не се убедуваме кои важни работи ги извршувале кумовите во историјата на овој народ - а и на многу други народи)ѝ наредува да не излегува преку ден без прекривка - за да не ја фати светлината, а на вечер без свеќа, за да не ја земе темнината. - ова кореспондира апсолутно со оние обредни забрани кои што им биле изречени на девојките кои што требало да бидат жртвувани, односно жртвопринесени.
Ако на сето ова додадеме уште два мотиви кои во оваа верзија од песната недостасуваат, а кои ги има во сказните од истава тематика и во бугарските верзии на песната тогаш апсолутно одиме до оној детаљ дека девојката е жртвувана. Тоа што на почетокот мајката на Јана немала деца, па сончевата мајка ѝ дала тревки за да забремени со ветување дека на 18 години ќе ја даде за да биде невеста за сонцето. И вториот мотив, кој вели дека Јана излегла на светлината, застанала да се нишка на нишалка па ја видело сонцето, се вљубило и три дена не заоѓало.
- Знаете ли вие што значи за оној примитивен народ три дена да не заоѓа сонцето? Како што е можно да се случи и помрачување на сонцето.
Така фунцкионирале тие заедници, во момент кога не можеле да најдат решение за своите проблеми, оделе на пренесување жртва во чест на божеството за да ја натопат земјата со крв, за да биде задоволно божеството и да им се смилува.
Во овој случај девојката е жртвувана за да престане незаоѓањето на сонцето, за да не предизвика суша и уништување на сите плодови.

Што мислите вие? Дали ова навистина е „точната анализа на ваква песна“?
Ајде да се обидеме да анализираме повеќе песни од зборникот на Миладиновци.
Сигурно ќе дојдеме до она до кое што дошол и Саздов.
Не постои песна од народното творештво што нема дооообра митолошка основа.