Да.
Ми се случува обично кога сум излезен - еве да речам во продавница, и кога со касиерката имам очи - во очи контакт.
Т.Е. Ми се случуваше, последниве неколку месеци, после дооолга терапија со психијатар и дооолго време минато во вежби таквите панични напади речиси исчезнаа, а и кога се појавуваат успешно успевам да ги исконтролирам.
Процесот за да ја извежбаш самоконтролата е многу долг и бара многу труд и вистинска желба.
Пример:
Разговараш со некоја личност, од еднаш ти се тресат рацете, пелтечиш, имаш ладна пот - итн итн, да не ти објаснувам чим имаш панични напади знаеш како оди процесот, и тогаш се обидуваш да најдеш бар 1 секунда време да замижиш, се фокусираш врз отчукувањето на срцето - се трудиш да го слушнеш него, и дишеш во ритам, вдишуваш од нос издишуваш од уста - и се така паралелно(ова е процес од некои 20 секунди) потоа фокусот го насочуваш кон соговорникот, продолжуваш со таквото дишење но се фокусираш врз разговорот и се обидуваш сама себе да си кажеш дека се’ е ок, дека ништо нема да ти се случи.
Втор пример:
Имаш важен состанок, и дома те фаќа паничен напад. Застануваш пред огледало, се обидуваш да се гледаш директно во очи, и не го мрдаш фокусот. Зборуваш сама со себе - НА ГЛАС. Звучи налудничаво но помага. Почнуваш да замислуваш реални ситуации, одразот во огледалото е твој соговорник. Зборуваш нешто што би можел да го каже соговорникот и на тоа реплицираш.
се надевам дека помогнав.