Напади на паника

snowbela

Нов член
30 јануари 2013
29
12
3
30
Има ли некој на форумов кој имал искуство со добивање на напади на паника? Како е успеал да се справи со тој проблем? Еве, јас веќе месец дена како ми се случува да испаничам и да неможам да се смирам.
 

Аркантос

Romanticist
23 август 2012
2,353
3,846
1,153
Да.
Ми се случува обично кога сум излезен - еве да речам во продавница, и кога со касиерката имам очи - во очи контакт.
Т.Е. Ми се случуваше, последниве неколку месеци, после дооолга терапија со психијатар и дооолго време минато во вежби таквите панични напади речиси исчезнаа, а и кога се појавуваат успешно успевам да ги исконтролирам.
Процесот за да ја извежбаш самоконтролата е многу долг и бара многу труд и вистинска желба.
Пример:
Разговараш со некоја личност, од еднаш ти се тресат рацете, пелтечиш, имаш ладна пот - итн итн, да не ти објаснувам чим имаш панични напади знаеш како оди процесот, и тогаш се обидуваш да најдеш бар 1 секунда време да замижиш, се фокусираш врз отчукувањето на срцето - се трудиш да го слушнеш него, и дишеш во ритам, вдишуваш од нос издишуваш од уста - и се така паралелно(ова е процес од некои 20 секунди) потоа фокусот го насочуваш кон соговорникот, продолжуваш со таквото дишење но се фокусираш врз разговорот и се обидуваш сама себе да си кажеш дека се’ е ок, дека ништо нема да ти се случи.

Втор пример:
Имаш важен состанок, и дома те фаќа паничен напад. Застануваш пред огледало, се обидуваш да се гледаш директно во очи, и не го мрдаш фокусот. Зборуваш сама со себе - НА ГЛАС. Звучи налудничаво но помага. Почнуваш да замислуваш реални ситуации, одразот во огледалото е твој соговорник. Зборуваш нешто што би можел да го каже соговорникот и на тоа реплицираш.

се надевам дека помогнав.
 
  • Like
Реакции: snowbela

Electra

Неонка
Член на администрација
Админ
16 февруари 2012
2,048
6,666
1,153
Big Sur
Првин треба да се разграничи каква паника.
Ако се работи за социјална фобија т.е. анксиозност, си постојат одредени хм...„третмани“ што може да ја ублажат, а ако се работи за паника од сосема други размери, тогаш можно е да станува збор и за параноја од одредени работи.
Зависи до степенот и поради што поточно ги добиваш тие напади, кој период, времетраење итн.
Малку дообјасни, ако не ти е тешко. Не верувам дека е нешто што не може да се среди. :)
Ако ти е непријатно тука да пишуваш опширно, слободно пиши ми порака.
 

Luckky

Upright
22 февруари 2012
2,635
5,809
1,153
27
Western Sky, Land of Oz.
Најбитното е да не го доживуваш фактот дека ако имаш панични напади е крај на светот. Кога ќе ти се случат гледај да не се спротиставуваш. Помисли си добро овој пат можеш но следниот не или иако не веруваш помисли си уф баш ми годи. Со текот на времето ќе се изгуби стравот од нив а со тоа и самите напади. Ти препорачувам физички активности исто.
 
  • Like
Реакции: Lena and parvati

Solstice

Nujabes
28 август 2012
1,413
1,536
1,133
27
Најбитното е да не го доживуваш фактот дека ако имаш панични напади е крај на светот. Кога ќе ти се случат гледај да не се спротиставуваш. Помисли си добро овој пат можеш но следниот не или иако не веруваш помисли си уф баш ми годи. Со текот на времето ќе се изгуби стравот од нив а со тоа и самите напади. Ти препорачувам физички активности исто.
Најлошото нешто што може да го направи е да не се спротивставува. Јас ја правев таа грешка 5 месеци и од дома не излегував. Мора да му се покаже заби на стравот. Мора да се победи,зошто ако се игнорира,прекинот на симптомите ќе биде само повремен,и потоа ќе се повтори :)
 

84 sk_Y ^_-

Староседелец
21 ноември 2012
594
825
1,093
Често ми се случува и кај мене делува ова : седнувам го опуштам мозокот , замислувам како да сум на некое сосема друго место , се оддалечувам од местото каде што се наоѓам и неколку минути дишам длабоко , го "пуштам умот на пасење " па се чувствувам смирен ... (wasntme)
 

Luckky

Upright
22 февруари 2012
2,635
5,809
1,153
27
Western Sky, Land of Oz.
Најлошото нешто што може да го направи е да не се спротивставува. Јас ја правев таа грешка 5 месеци и од дома не излегував. Мора да му се покаже заби на стравот. Мора да се победи,зошто ако се игнорира,прекинот на симптомите ќе биде само повремен,и потоа ќе се повтори :)
Мене ми помогна тоа. ;)
 
  • Like
Реакции: 84 sk_Y ^_-

mountian

Полноправен Член
30 јануари 2013
57
30
18
Најдобра терапија за да се смириш:Слушалките на уши,добра музика онаа што ја сакаш највеќе,Ју туб пушти си она што ти се допаѓа највеќе и автоматски размислуваш на убави работи,За 15 минути си ко нова,Пробај успева....
 

MissChievous

Ingenious
17 февруари 2012
5,084
7,013
1,683
Huntington Beach, California
silence-all-i-want-to-say.tumblr.com
Абе, кога ќе добиеш напад на паника, немаш време да ги земеш слушалките и да пуштиш музика, или нешто слично да направиш. Напад на паника не е она едноставно чувство на нервоза или страв (as in страв, си седиш и ти текнува на испитот дента што си го правел и те фаќа паника дека си паднал), туку толку е силна паниката (што моментално не ни сфаќаш дека паничариш) што почнуваш да се гушиш, не можеш да дојдеш до воздух. Така да, треба да си викаш и да се убедуваш (па ако треба и на глас): ништо не ми е, смирено, ќе помине... По можност да седнеш, да не мрдаш, да дишеш пополека и длабоко. И ќе мине.