Музеи | Црнобело Форум

Музеи

MissChievous

Ingenious
17 февруари 2012
5,085
7,016
1,683
Huntington Beach, California
silence-all-i-want-to-say.tumblr.com
Имаме една тема на форумот за бизарни музеи, а оваа е посветена општо за музеите низ светот. Тука може да раскажете за некој музеј кој го имате посетено, музеј кој ве импресионирал или разочарал, музеј кој сакате да го посетите. Може да дискутираме што има да понуди одреден музеј, какви поставки постојат, архитектурата на самиот објект, итн.

Не можам да се пофалам дека имам многу шетано ни светот и посетувано разни музеи, но меѓу поубавите музеи кои ги имам посетено е музејот Орсеј во Париз. Овој музеј е поранешна железничка станица изградена во 1900 година која работела како таква се до 1939 година, а потоа била затворена за употреба. Во 1962 година овој објект се искористил за снимање на филмот The Trial, а подоцна некое време се користел како театар и сала за аукции. Иако се размислувало за рушење на овој објект, сепак градската власт на Париз решила во 1977 година овој интересен простор да го претворат во музеј кој започнал да функционира на 9 декември 1986 година. Еве како изгледала железничката станица во 1900 година:

orsay.jpg

Еве како изгледа денес:

5.jpg 4.jpg 9.jpg 10.jpg 11.jpg

Овој музеј ми се допадна од многу причини. Самата градба беше грандиозна со својата beaux arts архитектура и историјата поврзана со неа. Ентериерот беше прекрасен, на таваницата го имаше истиот оној цвет кој го видов и на Триумфалната порта (а мислам дека и во Нотердам), а секако најубавиот дел беше големиот саат кој можете да го видите и на фотографијата од 1900 година. На еден од неколкуте спратови се наоѓаа 2 надворешни часовници позади кои можеш да застанеш и да се насладуваш на прекрасниот видик кон реката Сена.

Секако, главната причина поради која ми се допадна музејот Орсеј е поставката со импресионистички и постимпресионистички дела од великаните како Моне, Мане, Дега, Реаноар, Ван Гог, Гоген, Сисли, Сињак, Сера, итн. Токму тука може да се најдат ремек-делата како што се познатиот автопортрет на Ван Гог од 1889 година и неговата Соба во Арл; Маневата Појадок на трева и контроверзната Олимпија; Игранката во Мулен да ла Галет на Реноар; балерините на Дега и многу други познати и прекрасни дела.

van gogh 9.jpg van gogh 1.jpg manet 1.jpg renoir 1.jpg


Споделете импресии, приказни и информации за одреден музеј во светот.
 

Outrider

A Witty Cat
Член на администрација
23 мај 2013
5,238
5,753
1,683
Disco
Мене мака ми остана шо не влегов во музејот во Ден Хаг ама цената беше 20 евра а во мене имав 30-тина во моментот е сега пари за карта ова она, никако не испадна сметка :x Бев на музеј на отворено, поморски во Амстердам, ок не е баш музеј во таа смисла но закотвени се стари бродови, реставрирани уште од 17.век, феноменални импресии.
Имам бидено и во воздухопловниот музеј на Батајница во Белград двапати, сериозно добра ствар е тоа, има три нивоа и приземје мислам а оние големите шо не ги собира (Каравела, Ју-52, ДЦ-3, Силенд и остали) стојат надвор пред музејот. Има бајаги уникатни летала, знам го припремаа Фиат Г.50 Фреча, едини останат примерок на стар таљански ловец, не знам дали го реставрирале до сега...
Ги има остатоците на ФБ-117 Најтхок (стелтот) кој го соборија во 1999 и од Ф-16 опашка и гетлинг топ.

Некако е redundant темава мисчивиус, овде сме едноставна раја и сиротиња во споредба со запад, требало да отвориш тема `најдобар КАМ маркет` или `шверцување во возила на градскиот превоз` :zelen
 

MissChievous

Ingenious
17 февруари 2012
5,085
7,016
1,683
Huntington Beach, California
silence-all-i-want-to-say.tumblr.com
Не мора само за посетени музеи, општо за музеи е темава. Музеј кој сакате да го посетите, објаснете зошто. Музеј чија архитектура ви се допаѓа. Поставки во музеи. Буквално, се за музеите низ светот.

Секако, може да дадете мислење и за нашите. Кој ви се допаѓа, зошто, што е убавото или лошото кај нив, што има интересно, што фали, итн.
 

Outrider

A Witty Cat
Член на администрација
23 мај 2013
5,238
5,753
1,683
Disco
Не мора само за посетени музеи, општо за музеи е темава. Музеј кој сакате да го посетите, објаснете зошто. Музеј чија архитектура ви се допаѓа. Поставки во музеи. Буквално, се за музеите низ светот.

Секако, може да дадете мислење и за нашите. Кој ви се допаѓа, зошто, што е убавото или лошото кај нив, што има интересно, што фали, итн.

Знам де, ја сам се само мало нашалио...
 

Saladin

Unbaised
Член на администрација
17 февруари 2012
6,023
9,649
1,683
Normandy
Имам отидедно на 2 светски познати музеи, и двата во „мајка“ Русија.
За Трецјаковскаја Галерија имам само позитивни впечатоци, најпрво затоа што истата беше доволно ограничена да ме заинтригира одреден дел од уметноста, а тоа се сликите. Имаше познати и не толку познати дела од одредени светски сликари. Како најомилени ми беа портретите на Катарина и Петар Велики, како и овие современициве од 20ти век.
За Ермитаж и немам некое особено мислење. Препреголем е за да се консумира во една цела недела, не па за еден ден. Цената не беше превисока за влез (сепак 15 евра се ништо за такво мегаломанско здание). Па сепак моето скромно познавање беше претесно за да го впие тој колаж од различни културни епохи. Можеби затоа што тогаш повеќе ме интересираа археолошки наоѓалишта и предмети па немав некоја претпоставена слика на што би можел да налетам. Да не се лажеме, Санкт Петербург е еден огромен град-музеј изграден буквално од ништо, и неговата питорескност би го оставил секој човек со подзината уста додека шета по улица. Но самиот Ермитаж е преголем залак за некој лаик во оваа област. Може само да вкуси еден мал дел, притоа колку да се каже дека посетил нешто, но за да го прифатиш Ермитаж со сиот свој шарм треба да изгубиш минимум 3 месеци катадневна посета. А за тоа пред се` е потребно особена развиена љубов кон уметноста како и некое додатно знаење.
Бев и во Антрополошко - етнолошкиот во Петроград кој по мене беше најинтересен за разглед бидејќи се состоеше од груба претстава на развиток на човекот низ епохите како и во различни краеви на светот.
Палеонтолошкиот од друга страна делуваше многу студено. Беше состоен од два оддела: диносауруска и подиносауруска епоха. Кога ќе влезете внатре ја добивате онаа реална слика на тоа колку човекот е всушност малечок за разлика од тогашните влекачи. Имаше цела една „кошаркарска“ сала само за цел ден скелет од Бронтосаурус/Диплодог (еден од нив беше, не ми текнува, знам дека другиот е грешка).
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Altaïr

Electra

Неонка
Член на администрација
Админ
16 февруари 2012
2,781
7,305
1,153
Big Sur
Јас живеам за посета на музеи. Во странство, најбитно ми е да посетам некој музеј, да видам што крие во себе, а за беља, најчесто сум во друштво со оние „Ајде бе, со тие пари ќе си купиме пиење“ луѓе. Од кожа ме вади тоа, па затоа научив на принцип макар и сам, па како знам.

Баш расчепкав по фолдери, па за почеток, најјакиот досега во кој сум била, ми е музејот на Салвадор Дали во Фигуерес.
Местото порано било театар, ама го запуштиле, па за да се врати во колосек, го замолиле властите Дали да уфрли нешто негово за да се привлече народ. Нормално, овој начекал прилика и решил да си го заземе и да го претвори во свој музеј.
Од страната кај што влеговме, изгледа прилично обично, ама моментот кога ќе стапнеш во дворот - чудесии.
Лавиринти, огледала, илузии... со денови да го остават човека, ќе си наоѓа постојано нови и нови работи. Мислам дека пола меморија ја истрошив таму, па за другово се стискав. :D

Ова е надвор. Морам вака во колаж по неколку да ставам пошто само по 10 слики дава, па да не трупам постови.
Имам некоја од овие мислам ставено по други теми, со уште една од дворот - Мојсеј со октоподот над него.
collage7.jpg
Collage.png
Штета што не може да се долови убавината на некои од делава пошто доста во живо се прелеваат...
Не знам за првиве две, али третава скулптура е нешто у стил покрстување на дете/жена.
Collage.jpg
Collage1.jpg
Да, второто најверојатно е тоа што мислите дека е. :zelen Мишка.
Collage4.jpg
Collage3.jpg

Од страните е Гала, неговата љубов и муза (анрилејтед, али ептен личи на баба ми во млади години).
Collage (1).jpg

(Дел од) неговата соба.
IMG_20140412_131605.png

Пикасо, во очите на Дали.
IMG_20140412_125931.jpg
И уште многу, многу, мноооогу...
Не стигнав да го сликам портретот-соба на Маи Вест пошто е еквивалент на Мона Лиза во Лувр и народ се тепа за едно сличе...

Долу си има и продавничка за сувенири. Може да се земат реплики на слики и/или скулптури, ама некои се прилично соленки.
За нас, смртнициве, и разгледници беа доста. :zelen
 
Последна промена од модератор:

Outrider

A Witty Cat
Член на администрација
23 мај 2013
5,238
5,753
1,683
Disco
Фала за разбирањето за нас особите на кои судбината им била несклона при алокација на асален провајдер кој нема да лаже како циган при продавањето на пакети :(
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Electra