Две години на факултет буквално не отекуваат со ова писмо.
Луѓе бре, подебилно нешто од ова нема. НЕМА! Болд, фонт инфинити и извичник!
Од мака и непарица аплицираш таму за шофер во Беким & Љубомир Холдинг во с.Туденце, само за мотивациско е.
„Го следам вашиот фасцинантен напредок и сметам дека мојот придонес за вашата ценета фирма ќе помогне во нејзиното одење во нагорна линија. Имам работено како помошник на Бил Гејтс, асистент на Ајнштајн и воен стратег за Хитлер, а моментално работам на проект за комуникација со Стив Џобс и Исус.“
...чао-пријатно, не го исполнувате условот „полуписмено лигле од штаб“.
Не дека некој седнал да чита, ама треба апла да си комплексаш да бираш некого базирано на едно такво нашминкано и преувеличено газолижење.
Најголемиот парадокс на светот прикажан во реална точка на гледиште:
Аплицираш во Заводот за вработување за проектот „Волонтеризам“ за некоја ситна паричка но онака да си начукаш искуство.
За некој ден те викаат по телефон дека на МекДоналдс им треба човек. Одиш во МекДоналдс, аплицираш за волонтер, те викаат на интервју, пљампаш саат време што курсеви, што образование си прошол. Те гледаат онака кисело, ама си викаш ај здравје можно е да влезам. После 2 дена ти се јавуваат и ти викаат дека не си примен. Ги прашуваш - зошто? Ти викаат - „еми на нас ни е потребен некој кој е со работно искуство“. После тоа склопуваш слушалка, првите 5 минути поради шок од дебилизмот не знаеш што да правиш. После тоа добиваш огромен напад на смеа, си викаш “фала курцу шо немам влезено во таа фирма, луѓе со донов синдром ќе измислеа подобар изговор“. И така продужуеш даље.