Мотивациски говорници и животни водичи

Electra

Неонка
Член на администрација
Админ
16 февруари 2012
3,103
7,518
1,183
Big Sur
Можеби треба темава во религија кај сектите да ја сместам, евентуално во кариера за лесни пари, но политичката коректност налага да се најде на место каде нема да е навредливо за припадниците или следбениците на овие ликови, па еве.

Ако некој случајно не е запознаен, мотивациски или мотивационен говорник/животен водич (motivational speakers and/or life coaches, за странската публика) е личност која „минала низ сито и решето“, се извлекла од тоа и сега своето искуство и совети ги нуди на други луѓе. Тука спаѓа одвикнување од дроги, како да излечите скршено срце, како да заработите пари без многу труд (хинт: напишете книга за тоа како да заработите пари без многу труд), како да се справите со психички проблеми и/или ментални болести без стручна помош, како да излечите рак со варова вода и 15 минути на сонце, како да го пронајдете и задржите идеалниот партнер, како да бидете заводничка или фраериште спрема потенцијалните партнери за расплод, како да бидете гласен веган, како да го сакате своето тело ако сте предебели или преслаби спрема „стандардите“ (освен во услови кога имате убаво тело со кое сте задоволни, тогаш треба да ви е срам), итн.

Наш познат мотиватор е господинот Коста Петров со кхм... позајмица од книгата "See You At The Top" од 1974та.
Неговото дело се вика „Се гледаме на врвот“, а знам има и уште една или две книги чии наслови не ги помнам, за жал.

Како и да е, освен нивната трогателна приказна, овие личности вклучуваат и реченици како:
- Ти си прекрасна личност и вредиш многу повеќе одошто можеш да замислиш.
- Ти го можеш ова. Силата на универзумот е во тебе.
- Мојата позитивна енергија ќе го пронајде патот кон тебе. Ти ќе успееш!
- Твоето тело е перфектна креација и токму онакво какво што треба да биде. Анемијата и/или дијабетесот се масонски лаги.
- Продолжи да читаш и ќе ти се отворат вратите на семоќноста.
- Не, јас не сум гласот на твојата шизофренија. Јас сум гласот што ти кажува дека ќе успееш во оваа мисија.
- Не си сам/а. Јас бев во многу полоша состојба од тебе, па види ме сега!
- Тајната е во твојот ум. Ако можеш да го замислиш нештото, можеш и да го постигнеш.

Нивните говори/видеа се пропратени со тивок глас и трогателна музика додека зборуваат за своето дно и неуспешни обиди за успех, за на самиот крај да доживеете оргазам од одекнувањето на громкиот глас и победничката музика во позадина, налик онаа при раѓањето на Симба во Кралот Лав.
Звучи познато, не? Политичарите ги користат истите трикови во своите кампањи, а знаеме какви се исходите од нивните ветувања.

Па, какви се вашите ставови и мислења за животните советници/водичи?
Дали некогаш сте следеле или можеби следите некого?
Успева ли? Помага ли? Дали навистина треба/може да се оди по туѓи стапки и да се успее?
Што со „секој е различен“ и „секоја планина - своја тежина“?
Мислам дека мојот став е јасен од пишаново, но навистина не е ничие да судиме дали некој решил да посегне по вакви книги/видеа/луѓе во обид да си помогне. Краток период и јас пуштав по некое видео, но некако имаше спротивен ефект од посакуваниот, па би сакала да прочитам и спротивни ставови, ако има. Ме интересира дали (и ако да) и како успеал некој да ви помогне.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Lena and Outrider

Outrider

A Witty Cat
Член на администрација
23 мај 2013
5,405
5,905
1,683
Disco
Не сум многу запознаен со оваа појава освен со една нова инкарнација а тоа се players кои расипаат мудрости наоколу ко шрапнел. Секако, нивната главна тема се жените и тоа како вие да станете врвен фраер кој годишно ќе спие со троцифрен број на жени.
Имаат неколку тези кои ги вртат и од тоа прават видеа од кои некои чак и поголеми од 10 минути што само по себе е нешто, јас не би можел да развлечам три реченици на 10 минути.
Би сакал да видам нивни поклоници "во акција" би дал пара за видео компилација од такви обиди :D
На овие простори не знам дали и колку се присутни, повеќе има неофицијални "играчи" некои от типот samo Zvezda i picke rodjaci до оние, обично неоженети 50+ па и 60+ фаци кои во нивно време оплодиле све од Трст до Солун.

Запознат сум со Тајната, т.е. жестоко америчко убер-капиталистичко срање, мислам дека и тоа спаѓа во оваа тема. Има и еден куп источни мудреци кои одат скала погоре од лајф-коуч пошто ги знаат сите тајни на универзумот. Обично нудат просветление и тоа не неонско или Лед него некакво духовно, душевно или не знам какво, таква багра на паразити треба да се стави на робија да туца камен на 40 степени во Август.
Мислам дека наездата на источњачки сурати со интернетот е само след на модата која започнала во 60-ти со Контракултурата па као млади разочарани од системот се вртат кон исток, кон продуктите на уште порасипан и сјебан систем :D (Све од Суец до Бомбај па и поисточно).

Тука се и секакви нутриционисти и астролози и остала раја која допира до оваа тема.
Од лајф коуч го знам само оној амерички мудрец Тони Робинс, двометраш шифоњер од усташки емигранти од Босна или каде биле, кој држи такви говори, ама не знам од каде ми е познат, може да се има појавено во филмови пред 15-20 години па останало во потсвест.

Најблиску до реалноста ми се стенд-ап комичарите, оние добрите нормално, на чело со легендарниот и прерано заминат Бил Хикс од чии муабети навистина може нешто добро да се собере, Џорџ Карлин и остали.

Electra

Неонка
Член на администрација
Админ
16 февруари 2012
3,103
7,518
1,183
Big Sur
Па, тие се тие во глобала, само не знае човек како да ги нарече групно (освен опортунисти) и се делат на многу подгранки.
Кога ми беше анксот на најјако, гледав секакви видеа за селф-хелп, па налетав и на вакви ликови, а подоцна ми се прошири видикот и кон ванаби шамани, исцелители ко оној Брацо што лечи со поглед, нели таму дури и Наоми Кемпбел ја исцелувал (можда на бугарски само), па имаа слики нешто.
Кога си очаен, ќе ѕирнеш насекаде, ама ете, дури и во најлошите денови од животов, прекинав да гледам такви видеа после недела дена. Мислам дека не постои доволно длабоко дно за да посегнам по нивна книга или видео за кое треба да платам 20 долари за да ми измислат топла вода.

Има само еден психолог на Инста што ја следам, што има холистички пристап кон анксиозност, депресија, птсд, одц, итн. и ми се допаѓа бидејќи знае кратко и прецизно да објасни без да забегува со себепромовирање.
Мислам, има и книги издадено, но нив си ги промовира посебно, ко плус, не да ти открие 2-3 работи, па да треба да купуваш книги или да се претплатуваш за повеќе.
Но оваа секако и не спаѓа во тие што верглаат мотивации напразно, ниту пак ветува животни промени. Само информации.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Outrider

Dina_LC

Староседелец
21 февруари 2012
7
10
1,003
dinalazarova.com
Интересни мислења. Искрено кога го прочитав првиот пост не бев затечена затоа што многу полоши коментари сум се изнаслушала во нашава мила држава (напоменувам, овде затоа што, само овде Life Coaching-от се става во иста група со мотивационите спикери).
Ке излажам ако не признаам дека и ја имав слишно мислење, се додека не завршив во британска коучинг академија (2 години) за Life and Executive coaching. И уште појасно да ми стане почнав да работам со странки/клиенти кои се дијагностицирани од психијатри и психолози со депресија но одбиваат да продолжат да работат со нив поради тој аналитичен пристап што клиентот го доживува како суд за неговите постапки.

И да за разлика од класичните психолози и психијатри, ние не советуваме. Затоа што, ако е добро за мојата клиентка од пред месец дена не значи ке биде добро за мојот клиент кој што туку што дошол за соработка.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Electra

Слободно објасни ни нешто поопширно за разликите или што мислиш дека има битно, ако ти се пишува, секако. Неиронично ме интересира и од гледна точка на некој што плива во тие води, а не гледал како мене само на нет.

Мене книги со ваква содржина не ми пречат, еве дури и сакам да земам една книга од холистички психолог што ја следам на Инста, How To Do The Work се вика, ама некако имам одбивност кон видеата што досега сум ги видела, некако ми се откривање топла вода... или варова вода, што би рекла поштована „докторица“ Слаџана Велков.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Outrider

Dina_LC

Староседелец
21 февруари 2012
7
10
1,003
dinalazarova.com
Слободно објасни ни нешто поопширно за разликите или што мислиш дека има битно, ако ти се пишува, секако. Неиронично ме интересира и од гледна точка на некој што плива во тие води, а не гледал како мене само на нет.

Мене книги со ваква содржина не ми пречат, еве дури и сакам да земам една книга од холистички психолог што ја следам на Инста, How To Do The Work се вика, ама некако имам одбивност кон видеата што досега сум ги видела, некако ми се откривање топла вода... или варова вода, што би рекла поштована „докторица“ Слаџана Велков.
Да ме прашаше пред некоја година не би седела да пишувам, но колку повеќе работам со клиенти и драги луѓе, деца (да и со деца работам тоа не го спомнав) , и заедно гледаме позитивни промени и кај нив а богами и кај мене (и јас си имам коуч) се повеќе ми се отвараат чакрите да го направам светов подобро место за живеење.

Хахаха знам ова звучи малку кичерски ама не мислам да го направам тоа со кажување само стани и погледни се во огледалото, прави го тоа секој ден и сакај се.
И јас тоа не го правам и ми е многу блјак.
Јас кажувам да се сакаме себе си зашто ако не се сакаш тогаш ја губиш свеста за реалноста. А реалноста е да бидеш ти - тоП за да може друго да ти тргне.

Во врска со разликите.
Како коуч не советувам, не наведувам клиент на одговор, не предлагам и не давам дијагнози. Кратко и јасно.
Се е сведено на прашања и техники. И плус го работам НЛП-то (не знам дали си слушнала за тоа) тоа дава додатна моќ на секој разговор и има лудило техники.

Е сега важен момент е овде што јас објаснувам како Коуч -јас како работам, а свесна сум дека има многу колеги во свет што преку ноќ се декларирале така или со 3 месечен сертификат - што неможе да се спореди со моите студии.
Дел од овие (само прогласените) се тие што ти ги спомна во твојот прв коментар.

Пишувањето книга, снимањето видеа, пишувањето блогови, држење мотивационен говор - за сите овие работи веќе нема мерило. После 2020 и интернет инвазијата, секој втор го прави тоа(или барем посакува да го прави), глумци, пеачи, адвокати, бизнисмени....ма нема кој.

И јас планирам се од горе наведеното да направам, дали ќе направам не знам, важно имам желба и идеи и доволно искуство животно.

Знаеш, пред коронава може и некако ќе можеше некоја генерализација да се направи сега веќе неможе. Мене како коуч ми ја отежнува тоа работата, затоа што ние луѓето сме склони да генерализираме нешта на неосновани факти (и јас го правам тоа некогаш).
Отежнето ми е но не застанувам, на пример можев кога го прочитав твојот пост да продолжам понатаму и да не искоментирам или да бидам безобразна и дрска, што пак немаше ништо да кажам :).

Подобро вака, сите учиме по нешто.
Слободно прашај ме нешто конкретно, ако те интересира.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Lena and Electra

Electra

Неонка
Член на администрација
Админ
16 февруари 2012
3,103
7,518
1,183
Big Sur
@Dince Kapince ти благодарам, баш фино објаснување. :)
Ете, видиш поразлично е кога ќе чуеш од прва рака отколку кога си збираш импресии од нет и туѓи искуства.
Ме интересираше ова пред година дена т.е. гледав некои видеа пошто имав ужасни, целодневни анксиозни напади, па после кратко време ми стана ко втф правам јас овде.
Јас со мојата докторка работиме на сличен принцип каде не ми дава совети, туку ме води сама да дојдам до одговор и да се смирам со помош на КБТ (когнитивно-бихејвиорална терапија) и еве после скоро година, можам да кажам дека конечно успевам да излезам од некои интрузивни мисли и верувања, иако има уште пат за одење.

Не знам НЛП што е. :zelen
 
Неуро-лингвистик програминг, крајно сомнителна ситуација е таа :unsure Некои ја ставаат во техники за прање мозок, често се споменува во контекст на секти.

(Ехееј од коа немав споменато секта, сега се осеќам некако подобро, треба почесто да споменувам секти :) )
 
  • Haha
Реакции: Electra

Dina_LC

Староседелец
21 февруари 2012
7
10
1,003
dinalazarova.com
И јас одамна не сум го спомнала зборот секта, ама па и не ми е нешто посебен за спомнување (но ќе направам исклучок овде)

НЛП е неуро-линвистик програминг и за тоа постојат сериозни студии и академии во светот. До сега за ниедна секта не сум слушнала дека постои акредитирана академија.

Во кратки црти КБТ и НЛП се слични (а сепак различни) со една цел да ни помогнат да излеземе од mindset што не прави несреќни/незадоволни со самите себе. Овие терапии, добар процент од луѓето во Македонија (помал во светот) сакаат да ги нарекуваат секташки начин на делување.

Јас искрено таа група на луѓе а и другите (како себе си) што веруваат во што сакаат, без предрасуди. Јас додека студирав за Животен коуч и работев на еден есеј најдов едно истражување каде пред многу години (да не кажам децении) психолозите ги дефинирале како секташи и ... како интелегенцијата на народот била во пораст ја виделе реалноста на Психологијата, ограничените верувања, животните вредности.

@Dince Kapince ти благодарам, баш фино објаснување. :)
Ете, видиш поразлично е кога ќе чуеш од прва рака отколку кога си збираш импресии од нет и туѓи искуства.
Ме интересираше ова пред година дена т.е. гледав некои видеа пошто имав ужасни, целодневни анксиозни напади, па после кратко време ми стана ко втф правам јас овде.
Јас со мојата докторка работиме на сличен принцип каде не ми дава совети, туку ме води сама да дојдам до одговор и да се смирам со помош на КБТ (когнитивно-бихејвиорална терапија) и еве после скоро година, можам да кажам дека конечно успевам да излезам од некои интрузивни мисли и верувања, иако има уште пат за одење.

Не знам НЛП што е. :zelen
Ми беше задоволство да споделам мал дел од моето искуство.

Во врска со видеата мене ми се случи истото пред повеќе од две години. Ама као да ми беше - уххх која е поентата ако не превземам нешто а само гледам. И јас тогаш почнав да работам со мој коуч. Некако видеата ми беа као теорија само (тоа е нешто што мене лично ме гуши), и кога почнав со моите сессии како да поминав на пракса и тоБ. Се одеше како што треба секоја сесија имав според договорено.

Да, тој дел не ти го спомнав ние на крај на секоја сесија правиме "action plan" - кој може да биде од една активност или повеќе што јас сама како клиент го кажувам што ќе направам до следната сесија. Тој дел ми е омилен искрено и за мене како клиент и за моите клиенти. Зашто знаеш дека има промена и ја правиш, не чекаш нешто само од себе да се случи.

Како што спомнав погоре НЛП е слично на КБТ но е многу по опширно. За НЛП постојат озбилни академии.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Lena and Electra

Outrider

A Witty Cat
Член на администрација
23 мај 2013
5,405
5,905
1,683
Disco
Не знам, не можам да замислам да имам такво нешто како коуч, имајќи предвид дека имам животно искуство на секакви нивоа од најсреќни до најмизерни моменти, радости и трагедии, работа по други континенти, контакт со секаква раја од сите раси и класи, не знам што би можел некој коуч да ми каже, ќе треба јас да му кажувам што и како.

Особено ако проблемите не се во главата туку се реални и физички.