Морална дилема

massimaux

Истакнат Член
4 јануари 2016
73
85
328
Па прашај со едноставни зборови да му се сневиди..ако те интересира, ќе ти кажам:)само незнам како можеш преку таа твоја дилема да откриеш особина на себичност кај луѓето.:nah

Како не може? Еве пример долу. :)
а за вториот познаник баш ми е гајле каков е и што е, тоа нека соодветните установи и закони и компетентни луѓе нека си го судат.Додека моите лични интереси не се засегнати, не му се замарам многу...морална дилема, како да не:giggle
 

existence

Boolean
Член на администрација
Админ
3 март 2012
7,448
9,155
1,683
Кушкундалево
Љељеј, цртеж да не треба да се нацрта за проблематиката? Аман, има човекот поставено прашање и ако сакаш да одговориш - одговори. Не мора триста филозофии та вака ли било та нака ли било, па како ќе си откриел, па дали го интересирало што си мислела баш ти. Беспотребно ја тераш накај офтопик темата.
 

diva orhideja

Член со 30 казнени поени
26 февруари 2014
2,224
1,747
253
Љељеј, цртеж да не треба да се нацрта за проблематиката? Аман, има човекот поставено прашање и ако сакаш да одговориш - одговори. Не мора триста филозофии та вака ли било та нака ли било, па како ќе си откриел, па дали го интересирало што си мислела баш ти. Беспотребно ја тераш накај офтопик темата.
Абе нацртај ако можеш де, ете јас не му ја разбирам дилемата, не го разбирам прашањето, многу работи фалат..тууууууууу е ти си себичен сега:mad:
 

massimaux

Истакнат Член
4 јануари 2016
73
85
328
Интересно, но од едно прашање неможеме да извлечеме заклучок и да дадеме карактеристика за некој дали е или не е себичен!

Точно. Но, може да ни даде корисни податоци. Како што ти го направи тоа.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Tantara and diva orhideja

Outrider

A Witty Cat
Член на администрација
23 мај 2013
5,405
5,905
1,683
Disco
Од друга страна разбирливи се ставовите на партиските/режимски активисти, без разлика дали оној кој им дели цркавица е психопат или монструозен манијак - додека дели паричка дотогаш е божанство and can do no wrong.

Тоа е одговорот како тоа опстанувале секакви гнасни режими кои со своето постоење го избламирале човечкиот род за навек, што ќе се замарал рандом германец со тоа дали таму некаде закопувале полски заробеници со булдожери или гореле евреи, роми и гејеви во логори, платичка навреме, пензиичка исто, шнапс во колонијалот има секој ден, зелка и свинско се наоѓа по икс рајхсмарки, возовите повеќе не каснат мх мх, убавини...
Е после коа дошло време за наплата и илјада Ланкастери и Б-17 со по три тони бомби секој еден од нив го затемниле небото и го изгореле саканото детенце на рандом германцот во firestorm а на исток советските орди убивале, пљачкале и силувале све живо а понекогаш и мртво шо наликувало на рандом германец, тогаш рандом германецот се осетил изненаѓен и увреѓен...
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Saladin and massimaux

EmilijaS

Староседелец
20 јануари 2016
65
39
1,028
27
Јас лично, за поголем штетник би го сметала вториот. Искрено и не ми е многу битно како некој се однесува со мене, туку се обидувам да ги разгледам двете страни од приказната. Ама вака или така - многу битно ми е, за моето пријателство и комуникација со поединец, како тој се однесува со мене. Во секој случај, ако со вториов повеќе „си го имаме“, не ми пречат неговите side activities. Зошто лично јас, за комуникација да одржавам со некој, основна комуникација, не некоја форма на длабоко пријателство. Доколку планирам некоја форма на длабоко пријателство со вториов човек веројатно ќе му насочам дека ми сметаат некои негови особини. Дека било кој од нив би сметала за штетник само поради нивното однесување кон мене - не.
 

Tantara

Староседелец
31 октомври 2013
456
694
1,103
Мене битно ми е како се однесува со мене, и пред мене и пред други :) Битно ми е и како се однесува кон остатокот од светот, посебно како се однесува кон оние за кои знам дека му значат. Не знам како би ја сфатила неговата/нејзината љубезност и добрина кон мене ако во принцип нанесува штети на други. Не верувам дека сериозно ќе ги толкувам како добрина и љубезност. . . И обратно, ако мене ме навреди, без разлика дали пред други или не, тогаш љубезноста и добрините кон другите мислам дека нема да ги сфатам сериозно. Ќе мислам лице прави пред народот...Или дека од корист е љубезен/љубезна. Без разлика јас лично какво мислење ќе имам за него/неа, во едниот случај штетата е само на мене нанесена (или на себеси, пошто за себе дава слика пред другите за каква личност се работи), само што во едниот случај поголема е бројката на луѓе (случајот во кој е фин со мене) кои ја трпат неговата штета, а во спротивниот, само јас.
И на крај, и во двата случаи се работи за штетник и манипулатор :)
 
Последна промена: