Момците мислат само на секс?

malata..

Истакнат Член
16 февруари 2013
38
42
318
Еден пост ме натера да напишам нешто што одамна мислев.
Јас не можам да разберам што им се случува на „посилниов пол“.
Значи деца што утре ќе прават 17 години се понашаат ко идиоти.
Секој можен збор го поврзуваат со секс.
Од нив не можевме да раскажеме лектири каде што има такви сцени само затоа што претпоставувате најверојатно каква ќе им беше реацкијата.
Пред некој ден видоа во некое списание гола женска и тоа не беше скроз гола и почнаа да викаат ко примитивни луѓе од пештера.
Останале на 5ти час во петок да ја гледале професоркана.
Секој ден лепат слики од полуголи женски и се восхитуваат ко да направиле не знам што.
Настрана имаат женски а низ гимназија ја вртат секоја што ќе им излезе на патот.
СЕКОЈА ЧЕСТ НА ИСКЛУЧОЦИ.
Се пуштаат само на популарни и на убави, ние им служиме само за да удрат по газ кога ќе успеат -.- А кога сме во јавност не се познаваме пошто ние не сме доволно убави или популарни за да имаат било што со нас.
Пред нас ни се најголеми другари и не користат во секој момент, а по фбно ни роденден не ни честитаат -.-
Ако се осмелат да ни лајкнат слика и тоа во моменти кога „популарните“ не се на фб и тоа не ни се ништо повеќе од обични другари.
Тие дишат од корист или што?
Се преценуваат и се пуштаат на некои девојчиња што се измислени за нив, а посбено омилена дестинација им се зафатените.
Се палат на девојчиња ко никогаш во животов да не виделе газ и цицки.
На час пазиме што зборуваме за да настане хаос оти случајно се спомнал секс.
Момци без навреда, ана многу девојки ке се сложат со истото :cool:
Пораснуваат ли воопшто некогаш?
 

parvati

Сангвиник
14 февруари 2012
6,710
13,879
973
Уоу кој наслоф : )
Сфи се палимо и гасимо, људи смо...
Ти ваљда учиш сс напалени фраери : ) кои ги тепа сперма у главу и само на секс мислиф
Сфе е релативно па и овој, има напалени мушки и напалени женски, нема некоја голема разлика кој пол е у питање
Само да, упрао си, мушки поише употребуеф мрсни муабети
 

$3Я3|\||)&p&†Y

Староседелец
12 мај 2012
3,690
3,871
1,183
malata.. ќе бидам краток. До некаде ти држи вода муабетов, но не значи ако си видела неколку 17 годишњаци како зборат за секс, дека и цел останат машки пол е таков.

Мислам дека нема потреба да го збориме ова, затоа што голем број на девојчиња даваат невиност на 13 - 14 години со кој и да го сретнат по патот, па после се ко тунел низ кој може да возиш 60 KM/h.
Имам чист доказ за тоа, девојчето одеше со еден тип само 10 саати и му даде одма .. немаше ни полни 13 години .. бевме 7мо одд некаде.
Но да не навлегувам во детали и да не одам off од темава.

Пораснуваат доста, на некои не им е само тоа во главата, повторно имам и за тоа пример.
Мислам дека вакви муабети не треба да дискутираме.
 

Electra

Неонка
Член на администрација
Админ
16 февруари 2012
3,103
7,518
1,183
Big Sur
Иха, комотно можам да се фатам за рачиња со тие 17 годишните.
Не дека е за фалба, дури и непријатно ми е во ситуации кога сите се озбилни...но кога веќе тоа е муабетот, јас си признавам дека во речиси секој можен муабет можам да најдам нешто што ќе (ми) звучи перверзно и да се убијам од смеење на истото. Незрело, ама таква ми е околината. :zelen

А другиов дел од текстот ти е типично тинејџерско размислување и искуство низ кое сме минале сите.
Просечно, седумнаесет години се период кога хормоните почнуваат да кулминираат, а сексот е нова, возбудлива работа. Некои веќе почнуваат да го практикуваат, некои се веќе искусни, трети слушаат од претходниве, па така се ствара еуфорија околу таа тема...исто ко ние женските во петок навечер што сме се собирале три саати пред да излеземе, за да заедно пискаме по момци од некој филм/спот, или дури лакираме нокти, надолго и нашироко да си раскажуваме колку секунди не гледала симпатијата по ходник, па после сите заедно да испуштаме убитачно високи звуци на среќа.
Единственото лошо нешто е што некои никогаш нема да созреат повеќе од тоа, без разлика на полот.

За популарноста и убавината е тешко да се коментира оти првенствено е индивидуално. А кога ќе го надраснете овој период, тие убавите и популарните (и сун ту би „искористените и пројдените“) ќе имаат сосема друго име и слика во ваши очи, но да не навлегуваме во таа филозофија, ќе си видите сами. А голем дел од тие алфа момци одеднаш ќе почнат да симнуваат ѕвезди на другиве што сте биле во сенка.
За активностите по фб не ни вреди да се коментира. Сепак, чудо е како сте бре деца зависни и како мислите дека градите било каква репутација со голем број лајкови, коментари и честитање родендени. :eek:

Туку, што мене ме загрижи во текстов е...како и зошто им дозволувате да ве плескаат по газ? :eek:
Ок, сфаќам дека одендаш ќе налета, ама немој во никој случај да го дозволите тоа со надеж дека така би се зближиле и би станале дел од популарните „газоплескачици.“ Залепете му ја бре тиквата од табла или од клупа, па ич нека не ве боли. :D
 

JaMi

Староседелец
22 февруари 2012
6,527
14,438
1,683
Таму каде што треба
377684_10151258312556752_1948307927_n.jpg
:zelen
 

Lepaa

Истакнат Член
2 декември 2012
985
1,704
393
Иста ситуација и во мојот клас.Али јас применив веќе друга метода ако ме закача мене нешто за секс или слични такви работи се правам дека не го слушам,додека пак знаат да зборуваат на целиот глас за тоа и да испуштаат секакви звуци :rofl но затоа има слушалки и пушти си музика кулирај си.Тие се недораснати,неучени деца кои неможат барем според мене во реалноста да фатат женска и на тој начин со викање ја трошат целата енергија.
А тие таквите што ги зборуваш,популарни мамини мази и татини принцези ќе летаат и одеднаш ниско ќе паднат што нема да се гледаат од прашината.Ќе се најде и за тебе некој,кој ќе сфати дека вреди да се бори за тебе и нема да биде со тебе само да му дадеш и после да те шутне или како што велам јас Дечко за петок,а за сабота ќе видиме .Не.Дечко за Петок,но и да ја помине цела недела со тебе.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: ZmajChe and malata..

Caci

Истакнат Член
15 февруари 2012
876
1,104
393
31
Струмица
Факт е дека машките созреваат покасно и дека хормоните им "вријат" и затоа мислат поголемиот дел од времето на секс, тоа е природно, нема што тука... сега тоа што сакаат само популарни, тоа е затоа што сега им е времето да сакаат такви, а кога ќе пораснат, таа не ќе сакаат ни да ја видат а камоли да имаат нешто повеќе со неа... едноставно не се замарај и готово, што сакаат нека прават и нека зборуваат, ти мисли си на тебе ;)
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: ZmajChe

Trajche

Староседелец
13 февруари 2012
1,542
2,557
1,133
Ами во тие години тестостеронот се излачува најмногу, или пак кога сме бебиња, но не е важно битно се повеќе мерни единици во тинејџерстото. Така да ги удира спермата во глава :D
Желбата се намалува кога не се излачува толку мноту тестостеронот, а како поминуваат годините после 30-тата се намалува излачувањето. :D

Ситуацијата во тие години е: Има машки што во јавност ги изнесуваат своите желби зборуваат за тоа, а некои потајно го посакуваат. Така ти е со девојчињата, некои не сакаат да зборуваат за тоа, а постајно го посакуваат, а веќе некои и го практикуваат, па и не на 17 години туку и порано.