Мислам дека никој доживеан момент не може да се спореди со моментот во кој ќе се соочиш со смртта, ќе ви се сретнат погледите, а ти понизно ќе си го спуштиш погледот, скршен од помислата дека не си семоќен, ни бесмртен, само си едно мало човече кое секој момент може да го снема, да исчезне и брзо да се заборави.
И тие моменти можеби и не ти го менуваат животот од корен, но секогаш ќе се појавуваат да те потсетат на твоето кратко постоење, на причините поради кои си тука и вредноста на моментите и да ти дадат сила да направиш спомени, пред самиот да станеш спомен.