Моето име „Љубов“

Mystique

Староседелец
18 јуни 2012
753
1,413
1,103
Дали човекот може да биде празен без љубов? Дали љубовта е нешто што доаѓа или пак ја имаме цело време во нас, а се активира на одредена мала група луѓе кои ја имаат таа способност и со самото појавување го уклучуваат копчето „ON“ закачено за чувството „љубов“?
Ги поставив прашањава но најискрено немам поима како функционира тоа ѓаволесто слатко чувство. Веројатно кај сите е различно, затоа што не на исто место е скршено срцето кај сите луѓе, и да се разбереме, нема кој што не го осетил кршењето кое и колку да е мало, во моментот ти го допира здивот, ти го поматува умот,те треска силно од земја и така скршен те осудува да ја преживееш болката и да почнеш да се опоравуваш минута за минута, ден за ден, чекор по чекор.
Не сум експерт, далеку од тоа. Не сум ниту којзнае колку искусна, напатена и мудра. Јас сум само една од оние сите кои го обожуваат тоа чувство „Љубов“, го сакам кога е мое, го сакам кога ќе го видам во очите на моите најблиски, кај моите пријатели, на филм, во книгите, па дури и во погледите на непознатите обични минувачи. Ме фасцинира како тоа невидливо , недопирливо, немирисливо, недефинирано чувство има моќ да ја оживее Снежана, да ја пронајде Пепелашка, да ја одмрзне Аурора, да одлета со Јасмин, да ја бакне топлата кожа на смртничката Бела без да ја повреди. Би кажале што зборуваш, тоа се само обични бајки, измислени, невистини. Дали ? Дали искрено верувате дека љубовта ја нема таа моќ? Јас и верувам, јас и се надевам, јас ја љубам љубовта. Да, ја љубам и неможам без неа.
Како се љуби после скршено срце? Како да љубат и да се препуштат оние кои еднаш или повеќе пати се напиле од горката чаша на скшеното срце? Страв, самозаштитување, одбранбен систем кој одбива, совест која размислува само на следното лошо кое би се случило. Како што еднаш и кажав на една моја блиска другарка, не ти велам да трчаш по љубовта и да ја бараш на секое ќоше, чекај ја, но немој да ја чекаш со секирче во рака и со одбивен поглед, принцот на бел коњ колку и да е бестрашен, ќе се врати од каде што дошол плаќај ќи ги грешките на некој што претходно бил маскиран во него и те повредил. Љубовта не сака негативни вибрации, мисли, песимистички погледи кон животот. Љубовта е себична, сака слепо да и веруваме дека сега е моментот кога е вистинска и засекогаш и да ризикуваме да бидеме треснати по илјадитти пат од тврдата земја. На крајот од денот не е важно колку долго, и дали било возвратено, важно е во тоа мало закрпено срце да чувствувате трага на љубов кон сите кои поминале низ него, љубов кон сите добри луѓе што ги имате околу себе и надеж за сите оние или за „Тој“ кој допрва ќе дојде, „Тој“ за кого се што поминало, вредело.
 

Lena

Poétesse
12 октомври 2012
4,155
7,687
1,183
земјата на чудата
Нешто за љубовта.. мојот омилен цитат од библијата

Да зборувам на сите човешки јазици,па дури и на ангелски
штом љубов немам,ќе бидам бакар што ѕвони или кимвал
што звечи..
Да имам пророчки дар и да ги знам сите тајни,
да го имам сето знаење,а и така силна вера,што и планини да преместам
штом љубов немам,ништо не сум.
И да го раздадам целиот свој имот,
да го предадам телото да ми изгори,
штом љубов немам ,ништо не ми користи..
Љубовта е великодушна,полна со добрина,љубовта не завидува
не се превознесува,не е горделива,
не е непристојна,не памти зло,
не се радува на неправда,туку се радува на вистината,
се покрива,во се верува,во се се надева.
Љубовта никогаш не пропаѓа..
А пророкувањата.... Ќе минат.
Јазиците... Ќе замолкнат.
Знаењето... Ќе исчезне..
Зашто само делумно спознаваме и делумно пророкуваме..
А кога ќе дојде совршеното,ќе исчезне делумното......
 

Mystique

Староседелец
18 јуни 2012
753
1,413
1,103
Нешто за љубовта.. мојот омилен цитат од библијата

Да зборувам на сите човешки јазици,па дури и на ангелски
штом љубов немам,ќе бидам бакар што ѕвони или кимвал
што звечи..
Да имам пророчки дар и да ги знам сите тајни,
да го имам сето знаење,а и така силна вера,што и планини да преместам
штом љубов немам,ништо не сум.
И да го раздадам целиот свој имот,
да го предадам телото да ми изгори,
штом љубов немам ,ништо не ми користи..
Љубовта е великодушна,полна со добрина,љубовта не завидува
не се превознесува,не е горделива,
не е непристојна,не памти зло,
не се радува на неправда,туку се радува на вистината,
се покрива,во се верува,во се се надева.
Љубовта никогаш не пропаѓа..
А пророкувањата.... Ќе минат.
Јазиците... Ќе замолкнат.
Знаењето... Ќе исчезне..
Зашто само делумно спознаваме и делумно пророкуваме..
А кога ќе дојде совршеното,ќе исчезне делумното......

Убаво до солзи...
фала ти за извадокот.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Lena