Модни трендови

LadyInPink

Истакнат Член
14 февруари 2012
1,239
1,758
113
Малку таму, малку овде...
Секоја сезона излегува нешто ново, нешто што е во тренд.
Колку вие ги следите модните трендови? Дали по секоја цена би носеле нешто што во моментот е тренд?
Или си терате по свое?
Темава може да биде употребена и за споделување на нешто ново, нешто што ќе се носи следната сезона.
 

Lucia

Староседелец
14 февруари 2012
33
58
1,018
Пратам трендови, ама не слепо и не по секоја цена. Купувам нешто што би стоело на мојата фигура и секако нешто што ми е удобно и удобно се чувствувам дур го носам. Исто така секогаш внимавам во модните комбинации да вметнам нешто свое, нешто што ќе ме разликува од толпата.
 

Lily

Староседелец
15 февруари 2012
142
123
1,043
Скопје
Не сум носела мартинки а и не планирам да носам. Не ми се совпаѓаат со стилот;)
 

Клара

Полноправен Член
17 февруари 2012
80
58
18
Од модните трендови применувам само она што мене ми се допаѓа и ми стои. Не ги следам по секоја цена, зошто да бидеме реални СЕ што е тренд не значи дека е убаво и дека ни одговара па по секоја цена да го носиме.
Еве гледајќи по новиве понуди на продавниците и модниве блогови, за наредна сезона пастелни бои ќе бидат во тренд. :biggrin
Тоа е фино и применливо, барем за мене.
 
  • Like
Реакции: Selma

mylife

Нов член
29 февруари 2012
11
10
3
44
Sk
не пратам слепо трендови , носам тоа што ми стои убаво , а не било што само да е во мода
значи си терам по мое , успешно , не утнувам комбинации
 

True_Blood

Upright
18 февруари 2012
1,132
2,396
1,133
Yellow submarine
Го пратам модниот тренд што го диктира исклучиво мојот сенс за убаво и комотно.

Препочитам едноставни работи, не сакам џиџимиџи, шаренила, анимал принт,крзно и некои за мене несфатени последни крикови на модата ко на пр гумени чизми со цветиЌи кои мене ми делуваа како за на тутун.

Сакам мојата облека да биде мој избор, а не на мнозинството.
Затоа никогаш не сум се замарала со последните модни врисоци и да паѓам у несвест оти немам умрена лисица околу врат или фустан како на Џеј Ло.
 
  • Like
Реакции: mylife

LadyInPink

Истакнат Член
14 февруари 2012
1,239
1,758
113
Малку таму, малку овде...
Чевли со метална капа
Чевлите со метална капа се хитот за пролет 2012. Ги промовираш Луис Витон на своето модно шоу. Дизајнерот Марк Џејкобс, кој знае дека нежноста оди со пастелни бои и меката тантела го препорача овој вид на чевли.

Па, што мислите вие за овој нов моден тренд на чевли?? Би носеле ли нешто вакво??
 
  • Like
Реакции: Gemini

Marija90

Нов член
11 март 2012
3
1
3
what-maria-loves.blogspot.com
Не патам по тоа да бидам цела во тренд, поважно ми е да си го терам мојот стил, секоја сеозна купувам по неколку парчиња што се модерени и така си ја прилагодувам гардеробата... ако нешто ми стои убаво и ми се свиѓа го купувам =)
Иначе водам блог, и баш имам имам 2 поста во врска со ова, и за шминка и за облека погледнете ако сакате..

http://what-maria-loves.blogspot.com/2012/02/spring-2012.html

http://what-maria-loves.blogspot.com/2012/03/make-up-springsummer-2012-trends.html