1. Еј...супер што го посетуваш Црнобело форумот. Слободно регистрирај се и приклучи ни се во дискусиите!

Моден Хороскоп

Дискусија во форумот 'Астрологија' започната од Gemini, 30 јуни 2012.

  1. Gemini

    Gemini Староседелец

    Зачленет на:
    24 мај 2012
    Мислења:
    2,477
    Допаѓања:
    5,078
    Погледнете што ви предодредиле ѕвездите во врска со вашите модни навики.
    Дали понекогаш сте се запрашале зошто вам ви се допаѓа едно нешто, на вашите пријателки нешто друго, на некој трет пак нешто што вам воопшто не ви е убаво? Секако дека тука главна улога ја има карактерот, а кога сме кај него сите добро знаеме дека хороскопските знаци го предодредуваат истиот. Па еве сега прочитајте каква сте кога е во прашање модата и вашиот хороскопски знак.
    Овен
    Девојките родени во овој хороскопски знак се одлучни, остри и решителни.
    Токму затоа тие и ја сакаат удобната и сета облека која лесно се носи.
    Дали тие секое утро губат час и половина на дотерување? Никогаш, па не дури и на денот на својата свадба!
    Обожаваат свила и тантели, кратки, струкирани палта, гардероба и форми што го обвиткуваат нивното тело.
    Не ја сакаат розовата боја и романтиката.
    Кога се во друштво тие сакаат да го свртат вниманието на себе, во што секогаш успеваат. Што се однесува до боите кои што ги сакаат тоа се – црната и црвената!
    Нивен заштитен знак - високи потпетици, maxi чанти и одлучен look!
    Бик

    Вашите квалитети, талент и опсесија секогаш се забележани токму поради она што го носите на себе. Одлично го познавате вашето тело и точно знаете што е она што ги истакнува вашите квалитети, а ги сокрива вашите мани. Токму и затоа често добивате комплименти за она што го носите, иако не сте слепо доследна кон сите модни хитови.
    За да ги истакнете вашите квалитети вие често носите деколте, т.е. маици и кошули кои што ја истакнуваат вашата половина.
    Ваши омилени бои - сите тонови на розовата, бојата на лососот, праските, цветните мотиви, т.е. бојата на природата – зелена, беж, тиркизна. Ваш заштитен знак – кратки фустани, накит и целосен look во иста боја.
    Близнаци
    Сите ве прашуваат како ви успева да изгледате толку млада и убава. Вашата тајна е во тоа што вие ја пратите модата. Само вие успевате во second hand продавница да го пронајдете токму она без кое не може да се биде ин. Во врска со накитот, не сакате да претерувате со него, но ова не е случајот и кога се работи за бои.
    Вие сте кралица на контрастите!
    Сакате и кратки здолништа и искинати фармерки, т.е. сето она што е спортско и секси. Ваши омилени бои се зелената, сивата и бојата на среброто, додека ваш заштитен знак се чанти со долги нараменици!
    Рак
    Го сакате сето она што е елегантно и згодно за носење. Ваша омилена комбинација - фармерки и патики, но секако тие треба се шминкерски, шик, во тренд со последните текови во модата.
    Ваши омилени бои се црно-белата комбинација, потоа пастелните бои, сивата, беж, плавата.
    Ваш заштитен знак се удобни и квалитетни чорапи, чевли и секако – ракавици.


    Лав
    Вие сте страсна и храбра жена која што пред се ја сака квалитетната гардероба. Луксузни материјали, кожа крзно – секогаш! Го сакате само најдоброто.
    Ја обожавате високата мода и луксузните модни додатоци се вашата страст. Ваша омилена боја е бојата на златото, жарко црвената, и сите тонови од портокаловата и жолтата.
    Ваш заштитен знак ви се здолништата до колена, секси најлонки и луксузни аксеосоари.

    Девица
    За вас пријателите зборуваат дека сте реален чик – без многу претерување кога се во прашање брендовите во вашето шкафче.
    А ако од нешто ве фаќа нервоза, тоа е кога некоја маица по само две миења станува како партал кој е носен со години. За вас Jackie Kennedy е типичен пример за идеален look на една жена.
    Омилени бои ви се црната, црвената, розовата и портокаловата, а заштитен знак и голема страст ви се модните додатоци..
     
    На emzzy му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Gemini

    Gemini Староседелец

    Зачленет на:
    24 мај 2012
    Мислења:
    2,477
    Допаѓања:
    5,078
    Вага
    Ги сакате сите оние нешта кои што се убави без разлика дали се работи за пиџами, шминка или облека. Сакате секогаш да сте убава, па дури и кога спиете.
    Доколку пак сакате да заведете некого вие слободно можете да ја исфрлите вашата нога во преден план, па дури и тогаш кога таквата ваша постапка може да предизвика скандал. Ваши омилени бои се сината и црвената, но не премногу силни. Вашиот заштитен знак се палтата со секакви детали на нив и се што е плишано.

    Шкорпија
    Сензуална и провокативна. Овие се двата збора кои можат најдобро да ве опишат. Но вие никогаш не претерувате, бидејќи го презирате сето она што е премногу вулгарно.
    Ги сакате чизмите со високи потпетици и следбеничка сте на новитетите и оригиналните идеи.
    Омилени бои ви се црната со црвени или бели детали, потоа силните тонови на сивата боја, бојата на златото. Ваш заштитен знак- слип гаќички, чизми со големи потпетици.

    Стрелец

    Вие сте вистинска дива. Се што е на вас привлекува големо внимание!
    Ги сакате боите, умно ги избирате и добро ги комбинирате. Кога би се прашувале вие, сите би требало да носат африкански или индијански фустани. Немате пончо, но за сметка на тоа вие постојано носите долги шалови, капути...
    Ваши омилени бои се портокаловата, пурпурно розовата и сите ориентални бои, а ваш заштитен знак – maxi чанти, големи белезики за златни и древни мотиви.


    Јарец

    Вашето мото е да се биде chic. Вашиот стил – секси и класичен.
    Голема слабост ви се vintage елементите и нив вие знаете идеално да ги комбинирате. Не ги следите трендовите и нема да облечете нешто само затоа што некој рекол дека тоа е ИН.
    Омилени бои ви се црната, сивата и беж, додека ваш заштитен знак е голем машки часовник и чизми со високи потпетици.

    Водолија

    Вие за разлика од сите оние слепи следбеници на Fashion трендовите, креирате свој look. И верувајте, сето она што вие сега го носите во блиска иднина ќе биде модерно. Вие едноставно имате нос кога се работи за модата.
    Во состојба сте со часови да се шетате низ трговскиот се додека не го најдете токму она што ви треба. Ги обожавате лесните и меканите фустани. И секогаш наоѓате по некој детаљ кој ќе ве направи поинаква од другите!

    Риба

    Вие сте вистинска заводничка и голем фантазер... а сето тоа како да не се однесува за вас. Ги сакате острите линии, но во нив се чувствувате толку природно што тие со вас никогаш не изгледаат вулгарно. Обожавате сатен и плиш.
    Кога сакате вашиот look да биде уште повеќе женствен, тогаш вие ги носите вашите високи чизми со тенки потпетици. За да го нагласите лицето, вие носите сребрени обетки, а вашите омилени бои се сината, виолетовата, зелената...
    Вашиот заштитен знак се чанти со сребрени детали, baggy панталони во комбинација со припиен топ или долчевита!

    Преземено од : www.stipka.com.mk
     
    На Avona Vi, The_countess, UnFleur и уште 1 член му се допаѓа ова.
  3. Bum-Bum

    Bum-Bum Истакнат Член

    Зачленет на:
    3 март 2012
    Мислења:
    1,125
    Допаѓања:
    1,844
    Точно е се освен тоа дека не губиме по час и половина за спремање...губиме и многу повќе од тоа
    :giggle
     
    На Gemini му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Natenceto

    Natenceto Истакнат Член

    Зачленет на:
    6 март 2012
    Мислења:
    1,029
    Допаѓања:
    1,193
    Лав

    Вие сте страсна и храбра жена која што пред се ја сака квалитетната гардероба. Луксузни материјали, кожа крзно – секогаш! Го сакате само најдоброто.
    Ја обожавате високата мода и луксузните модни додатоци се вашата страст. Ваша омилена боја е бојата на златото, жарко црвената, и сите тонови од портокаловата и жолтата.
    Ваш заштитен знак ви се здолништата до колена, секси најлонки и луксузни аксеосоари.

    Ме прочитавте само не сакам злато а нити пак неговата боја. Црвената е мојата омилена боја.
     
    На Gemini му/ѝ се допаѓа ова.
  5. JaMi

    JaMi Староседелец

    Зачленет на:
    22 февруари 2012
    Мислења:
    6,488
    Допаѓања:
    14,398
    Јарец

    Вашето мото е да се биде chic. Вашиот стил – секси и класичен.
    Голема слабост ви се vintage елементите и нив вие знаете идеално да ги комбинирате. Не ги следите трендовите и нема да облечете нешто само затоа што некој рекол дека тоа е ИН.
    Омилени бои ви се црната, сивата и беж, додека ваш заштитен знак е голем машки часовник и чизми со високи потпетици.
     
    На Gemini му/ѝ се допаѓа ова.
  6. emzzy

    emzzy Староседелец

    Зачленет на:
    25 февруари 2012
    Мислења:
    1,374
    Допаѓања:
    1,871
    Рак

    Го сакате сето она што е елегантно и згодно за носење. Ваша омилена комбинација - фармерки и патики, но секако тие треба се шминкерски, шик, во тренд со последните текови во модата.
    Ваши омилени бои се црно-белата комбинација, потоа пастелните бои, сивата, беж, плавата.
    Ваш заштитен знак се удобни и квалитетни чорапи, чевли и секако – ракавици.
     
    На Gemini му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Badgirl

    Badgirl Староседелец

    Зачленет на:
    4 јануари 2013
    Мислења:
    1,477
    Допаѓања:
    3,259
    Па точно е скоро се,освен тоа дека ја сакаат црвената боја,јас воопшто не ја сакам (shake)
     

Сподели: