Мобинг (психички притисок на работното место)

Redhead

Bookworm
23 февруари 2012
1,060
2,039
1,133
Neverland
Знам дека постојат и такви сопственици кои си лечат комплекси на врз работниците иако тие работат.
А во врска со казните, јас порадо ќе се изнадерам и пена устата ќе ми фати од објаснување како требало, како сум рекол а како се направило отколку да го казнам 15-20%.
Според мене не е човечно да казнам работник кој направил грешка и да му го земам парчето леб од уста.
Е сега ако некој навистина не сака да работи, тогаш се дава отказ.Иако во последно време и тоа пријавување на работник многу се злоупотребува од страна на работникот.

Ипак и тука има тактики како ни газдата нити пак вработениот да имаат лоши односи.

А во врска со тоа што го спомнуваш како понестабилен карактер, според мене сосема нормално е да има проблеми, расправии меѓу вработени, грешки, итн итн.Не може туку така работникот да клекне само и да се откаже заради тоа што го заебавале останатите или слично.
Фактички тука е и клучот на успехот.Да одиш нанапред и покрај секоја пречка што ти се поставува на пат.Така и се челичиш карактерно.

Да ама што ако тој работник постојано прави грешки и покрај твоето викање?
Значи под мобинг се подразбира психички притисок, или вознемирување,понижување,навредување од страна на работодавецот. Пак ќе повторам правата на работникот (а и работодавецот) се заштитени со закон.
Дефиниција на мобинг согласно Законот за работните односи (Сл.весник на РМ 114/09)

Психичко вознемирување на работно место (мобинг)


Член 9-а

(1) Забранет е секаков вид психичко вознемирување на работно место (мобинг).

(2) Психичко воземирување на работно место (мобинг) преставува дискриминација во смисла на членот 6 од овој закон.

(3) Психичко вознемирување на работно место (мобинг), во смисла на овој закон, е секое негативно однесување од поединец или група кое често се повторува (најмалку во период од шест месеци), а претставува повреда на достоинството, интегритетот, угледот и честа на вработените лица и предизвикува страв или создава непријателско, понижувачко или навредливо однесување, чија крајна цел може да биде престанок на работниот однос или напуштање на работното место.

(4) Извршител на психичко вознемирување на работното место (мобинг) може да биде едно или повеќе лица со негативно однесување во смисла на ставот (3) од овој член, без оглед на нивното својство “работодавачот како физичко лице, одговорно лице или работник “.

Има разлика од надминување на пречки и челичење на каратерот до секојднево понесување на притисок.
Не сите се со цврст карактер, а и да се никој не е должен да го трпи тоа.
И јас сум била во улога на надреден, па со луѓето што правеле грешки да не сум се справувала со казни туку тактички . Меѓутоа мислам дека е сосема друг муабет тоа.
 

Шмекси

Истакнат Член
15 февруари 2012
1,133
1,065
113
Скопје
www.statik-group.com
Да ама што ако тој работник постојано прави грешки и покрај твоето викање?
Значи под мобинг се подразбира психички притисок, или вознемирување,понижување,навредување од страна на работодавецот.
......

Има разлика од надминување на пречки и челичење на каратерот до секојднево понесување на притисок.
Не сите се со цврст карактер, а и да се никој не е должен да го трпи тоа.
И јас сум била во улога на надреден, па со луѓето што правеле грешки да не сум се справувала со казни туку тактички . Меѓутоа мислам дека е сосема друг муабет тоа.


Епа ако постојано прави грешки тоа значи дека мене неговите грешки ме чинат пари и значи дека ми го зема лебот.И не знае да работи.Е тогаш добива отказ.
Замисли во неколку наврати да промаши конструкција за прозор/врата или слично.Тоа чини стотици евра.Нели ти би се развикала затоа што претходно си го опоменал да внимава и ко намерно да го прави истотото?
За било која работа потребно е мозокот да биде вклучен, да се има добра перцепција за работите како и логика.

Јас те разбирам потполно што сакаш да кажеш со тој мобинг.Јас сум ретка појава на објект се’ додека работите се одвиваат како што треба- по проект.
И секако, откако ќе се заврши некоја работа поминувам и правам ревизија на направеното.
Се случувало и работници да работат на не добро прицврстено скеле кои они сами го направиле и тоа натоварени со поликолори на 8-ми спрат.Тоа е непромислена грешка така?
Едвај глава извлекле.
И како да не им се дереш? Знаеш што значи работник да ти почине?
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Bum-Bum

Redhead

Bookworm
23 февруари 2012
1,060
2,039
1,133
Neverland
^^^ Не дај боже да знам како е да ми почине работник.
Меѓутоа со муабетов се вртиме во круг, друго е викање за направена грешка во овој случај и дури опасна по животот на работникот. Се надевам се превземаат сигурно заштитни мерки пред изведувањето на проектот и започнувањето со работата. Секогаш ќе се случуваат непромислени грешки. Мене муабетот ми беше за намерно омалважување и навреда на работникот. Сите работиме под притисок, и под секојдневни закани дека ќе добиеме отказ заради икс причини.
 

True_Blood

Upright
18 февруари 2012
1,133
2,389
1,133
Yellow submarine
Што убаво ќе беше навистина да живееме во утопија.
Очигледно на некои членови кои се пријавуваат во дискусијава очајно им фали прошетка по нашиве семакедонски фирми.

Јас познавам човек, кој работи без ниеден слободен ден.
Празник, делник нема. Тоа е политиката на фирмата и точка.
Трета смена -неплатено соодветно според законите за ноќен труд.
Продолжено работно време во зависност од потребите на сопственикот.
Сам си плаќа придонеси.
А најтешко од се, е психичката тортура.
Вечно незадоволниот сопственик, кој буквално ти виси над глава за да ти ги брои недостатоците кои најчесто му се причинуваат исклучиво само него, ин јур фејс!

Обврзан е дечкото да работи во фирмата што од договор,што од некои негови лични причини...
И не е само таа фирма, па еве да ја земеме најраспространетата работа меѓу младите -келнерството.
Му дава некоја смешна дневница, едвај има време да седне, не е пријавен, останува по цела ноќ на смена, бакшишот најчесто завршува во касата на газдата....
Тоа е мобинг.
Тоа е секаде, ретки се, уствари чеј...РЕТКИ СЕ, чесните исклучоци.
Така ни функционира државата и тоа е тоа.
И што ако пријави?
Ќе остане и без таа работа што едвај успеал да ја најде...
Тоа некако ни остана во сржта само да кукаме и да не превземаме ништо повеќе освен жолчна дискусија кај комшиката...
Ама пак ќе речам, во некои ситуации навистина нема друг излез.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Шмекси and redhead

Шмекси

Истакнат Член
15 февруари 2012
1,133
1,065
113
Скопје
www.statik-group.com
Се сложувам со твоето размислување во целост.
Додека порано работниците биле силата на државата и оние кои имале највеќе права, денес е обратно.
Замислете што ќе се случи ако нема повеќе пекари?
Или ѕидари?