Знам дека постојат и такви сопственици кои си лечат комплекси на врз работниците иако тие работат.
А во врска со казните, јас порадо ќе се изнадерам и пена устата ќе ми фати од објаснување како требало, како сум рекол а како се направило отколку да го казнам 15-20%.
Според мене не е човечно да казнам работник кој направил грешка и да му го земам парчето леб од уста.
Е сега ако некој навистина не сака да работи, тогаш се дава отказ.Иако во последно време и тоа пријавување на работник многу се злоупотребува од страна на работникот.
Ипак и тука има тактики како ни газдата нити пак вработениот да имаат лоши односи.
А во врска со тоа што го спомнуваш како понестабилен карактер, според мене сосема нормално е да има проблеми, расправии меѓу вработени, грешки, итн итн.Не може туку така работникот да клекне само и да се откаже заради тоа што го заебавале останатите или слично.
Фактички тука е и клучот на успехот.Да одиш нанапред и покрај секоја пречка што ти се поставува на пат.Така и се челичиш карактерно.
Да ама што ако тој работник постојано прави грешки и покрај твоето викање?
Значи под мобинг се подразбира психички притисок, или вознемирување,понижување,навредување од страна на работодавецот. Пак ќе повторам правата на работникот (а и работодавецот) се заштитени со закон.
Дефиниција на мобинг согласно Законот за работните односи (Сл.весник на РМ 114/09)
Психичко вознемирување на работно место (мобинг)
Член 9-а
(1) Забранет е секаков вид психичко вознемирување на работно место (мобинг).
(2) Психичко воземирување на работно место (мобинг) преставува дискриминација во смисла на членот 6 од овој закон.
(3) Психичко вознемирување на работно место (мобинг), во смисла на овој закон, е секое негативно однесување од поединец или група кое често се повторува (најмалку во период од шест месеци), а претставува повреда на достоинството, интегритетот, угледот и честа на вработените лица и предизвикува страв или создава непријателско, понижувачко или навредливо однесување, чија крајна цел може да биде престанок на работниот однос или напуштање на работното место.
(4) Извршител на психичко вознемирување на работното место (мобинг) може да биде едно или повеќе лица со негативно однесување во смисла на ставот (3) од овој член, без оглед на нивното својство “работодавачот како физичко лице, одговорно лице или работник “.
Има разлика од надминување на пречки и челичење на каратерот до секојднево понесување на притисок.
Не сите се со цврст карактер, а и да се никој не е должен да го трпи тоа.
И јас сум била во улога на надреден, па со луѓето што правеле грешки да не сум се справувала со казни туку тактички . Меѓутоа мислам дека е сосема друг муабет тоа.