Терминот мобинг се употребува за однесувањето помеѓу вработените во рамките на организацијата и претставува повторено и несоодветно однесување насочено кон одреден вработен што значи опасност за сигурноста и здравјето. Едноставно кажано, тој претставува емоционален напад на работното место.
Постојат два основни видови на мобинг:
Жртва на мобинг може да биде секој вработен, без оглед на полот, возраста, расата, социјалниот статус, надворешниот изглед или професионалната позиција. Жртвите на мобингот се карактеризираат како личности кои се понестабилни и особено чувствителни на критики од другите. Но, жртви на мобинг можат да бидат и луѓе кои се особено успешни во својата работа, затоа што тие предизвикуваат страв од конкуренцијата, што останатите вработени се обидуваат да ја елиминираат.
Превенција на мобингот
Мобингот се однесува исклучиво на работната средина. Тешко се докажува и постапките траат континуирано. Оваа негативна постапка и однесување дополнително влијае на негативната стресна состојба на работното место. Психијатрите препорачуваат систематски да се превенира оваа состојба преку обезбедување информации, обуки и градење на комуникациски вештини. Работодавачите треба да практикуваат активно решавање конфликти и да се изгради култура и соодветен кодекс на однесување. Психичкото вознемирување на работното место претставува дискриминација дефинирана согласно Законот на работните односи.
Статијата е превземена од www.mnogoo.com.mk
Дали досега сте биле жртви на мобинг?
Ако сте биле како сте ја решиле оваа ситуација?
Или доколку би ви се случило вам како би реагирале?
Мене досега ми се нема случено, меѓутоа имам присуствувано случајно на ваква лоша сцена и многу е грдо и понижувачки. Во Македонија има многу вакви непријавени случаи. Дали работникот е премногу угнетуван кај нас, работа за минимална плата, на работ на егзистенција, па од страв да не се изгуби работното место не се пријавува.
Што мислите вие?
Постојат два основни видови на мобинг:
- Хоризонтален мобинг е оној што се одвива меѓу работниците со еднаква положба во хиерархиската организација, односно кога поединец или група избираат една жртва врз која сакаат да докажат дека се надмоќни.
- Вертикален мобинг е оној што се врши по хиерархија, односно претпоставениот малтретира работник или група. Посебен вид на вертикален мобинг е стратешки мобинг кога претпоставените организирано психички напаѓаат лица кои се непожелни, за тие самите да дадат отказ без да бараат отштета.