Мобинг (психички притисок на работното место)

Redhead

Bookworm
23 февруари 2012
1,060
2,039
1,133
Neverland
Терминот мобинг се употребува за однесувањето помеѓу вработените во рамките на организацијата и претставува повторено и несоодветно однесување насочено кон одреден вработен што значи опасност за сигурноста и здравјето. Едноставно кажано, тој претставува емоционален напад на работното место.

Постојат два основни видови на мобинг:

  • Хоризонтален мобинг е оној што се одвива меѓу работниците со еднаква положба во хиерархиската организација, односно кога поединец или група избираат една жртва врз која сакаат да докажат дека се надмоќни.
  • Вертикален мобинг е оној што се врши по хиерархија, односно претпоставениот малтретира работник или група. Посебен вид на вертикален мобинг е стратешки мобинг кога претпоставените организирано психички напаѓаат лица кои се непожелни, за тие самите да дадат отказ без да бараат отштета.
Жртви на мобингот

Жртва на мобинг може да биде секој вработен, без оглед на полот, возраста, расата, социјалниот статус, надворешниот изглед или професионалната позиција. Жртвите на мобингот се карактеризираат како личности кои се понестабилни и особено чувствителни на критики од другите. Но, жртви на мобинг можат да бидат и луѓе кои се особено успешни во својата работа, затоа што тие предизвикуваат страв од конкуренцијата, што останатите вработени се обидуваат да ја елиминираат.

Превенција на мобингот

Мобингот се однесува исклучиво на работната средина. Тешко се докажува и постапките траат континуирано. Оваа негативна постапка и однесување дополнително влијае на негативната стресна состојба на работното место. Психијатрите препорачуваат систематски да се превенира оваа состојба преку обезбедување информации, обуки и градење на комуникациски вештини. Работодавачите треба да практикуваат активно решавање конфликти и да се изгради култура и соодветен кодекс на однесување. Психичкото вознемирување на работното место претставува дискриминација дефинирана согласно Законот на работните односи.

Статијата е превземена од www.mnogoo.com.mk

Дали досега сте биле жртви на мобинг?
Ако сте биле како сте ја решиле оваа ситуација?
Или доколку би ви се случило вам како би реагирале?

Мене досега ми се нема случено, меѓутоа имам присуствувано случајно на ваква лоша сцена и многу е грдо и понижувачки. Во Македонија има многу вакви непријавени случаи. Дали работникот е премногу угнетуван кај нас, работа за минимална плата, на работ на егзистенција, па од страв да не се изгуби работното место не се пријавува.
Што мислите вие?
 
Y1K991

Parleur
1 март 2012
6,263
9,106
1,683
Некоја верзија на хиерархиски вербален мобинг.
Моите колеги ме гњават секој божји ден...Со тоа да сум фател женска...Разбирам да се шегуваме....на сметка за тоа...ама многу ми досадуваат.....Иам 21...и шо сакам че прам
Ме нервираат....одам на работа да работам....не да ми кажуваат што да правам.
 
existence

Boolean
Член на администрација
Админ
3 март 2012
7,391
9,099
1,683
Кушкундалево

Па кажи им го тоа ним. Мене највеќе ми пречи кога некој му кажува на друг што треба да прави и во мое присуство одма ги прекинувам тие муабети.
 
Y1K991

Parleur
1 март 2012
6,263
9,106
1,683
Па кажи им го тоа ним. Мене највеќе ми пречи кога некој му кажува на друг што треба да прави и во мое присуство одма ги прекинувам тие муабети.
стопати бре.....ми велат...ти си мал, треба да слушаш...напорни се....
 
existence

Boolean
Член на администрација
Админ
3 март 2012
7,391
9,099
1,683
Кушкундалево
стопати бре.....ми велат...ти си мал, треба да слушаш...напорни се....
Епа отиди со слушалки на работа:)

На твое место би раскрстил со сите. Ја имам таков вујко. Доаѓа на гости и ти кажува „Земи избричи се, што е таа коса што си ја пуштил? Вака на што личиш. Земи среди се.“, ја постојано на игнор го мавав. И скоро беше, доаѓа на гости и почнува да ми збори и му викам „Косата јас ја носам, не ти. Дали имам женска или не, тоа е моја работа. Дали ќе се бричам, јас одлучувам. Ако мислиш дека поради тоа што ми збориш ќе направам нешто, се лажеш. Ако сакаш да продолжиме со нормален разговор повели, ако не, не ми зборувај и јас нема да ти зборувам.“ И погоди што се случи? Си го подвитка опавчето и престана. Моите се погледнаа и откако си замина се смееја.
 
The_Mayor

Фраер од пелени
18 март 2012
2,838
6,527
1,153
Градибачалник на Прибој
Некоја верзија на хиерархиски вербален мобинг.
Моите колеги ме гњават секој божји ден...Со тоа да сум фател женска...Разбирам да се шегуваме....на сметка за тоа...ама многу ми досадуваат.....Иам 21...и шо сакам че прам
Ме нервираат....одам на работа да работам....не да ми кажуваат што да правам.
Можиме да завршиме работа:zelen , иначе мобингот е навреда а не предлог или желба.

Он топик. Не познавам жртви на мобинг, мислам дека тоа го нема во приватните компании. А како што преминуваме во маркетинг концепција, мобингот се повеќе изумира. Ниту еден газда нема да дозволи мобинг во неговата фирма поготово хоризонтален. А од вертикалниот имаат страф.. така да што е лесно сега, вртиш во инспекција и доаѓаат за 10 минути. Не верувам дека некој ќе дозволи да му страда фирмата , за да назначениот шеф ги задоволи своите комплксивни емоции.
 
  • Like
Реакции: redhead, 048 and Lady*

Би сакала да живееме во ваква земја. Меѓутоа верувај ми го има. И тоа како. Не секогаш мобингот доаѓа од сопственикот, туку од шефовите и други некои надредени. Се користи лошата состојаба на работникот, што навистина му треба работата па не пријавува. Не е баш толку лесно и едноставно како што мислиш. Денешно време демек инспекцијата ја почитуваат сите. Газдите мислиш дека ќе седат така со скрстени раце и ќе дозволат да ги казнат. Се е тоа голем ланец и се е поврзано.

И да се согласувам за тоа дека мобингот е навреда,а не предлог или желба.
 
Шмекси

Истакнат Член
15 февруари 2012
1,130
1,066
113
Скопје
www.statik-group.com
Доколку работникот си ја знае својата работа и си работи без грешки тогаш нема никаква потреба од било каков притисок.Секој сопственик треба да има око и чуство за тоа кој работник колку може да сработи така што пропорционално на неговата работа и ќе биде исплатен.
Тоа што многумина сопственици работат во загуба, па се труди да направи поголема норма многу грешат бидејќи како прво врши експлоатација на самите работници.
Како второ би напоменал дека под било каков притисок работникот не работи ефективно.
Чист пример би земал со мене или некој од другите сопственици.Штом дојдам на објект, веднаш пратам како се прекинуваат заебанции, им паѓа концентрација, премеруваат димензии, им паѓа алат или слично.Исто сум забележал дека на пауза за ручек не ме сакаат од причина што не можат да бидат слободни со разговори, и нели стандард да го отераат во ..... газдата и мајката на 2-3 пати.
Точно е дека како сопственик и како одговорен за поголем објект треба да имаш конкретен став и постојано да се движиш по таа линија.
Доволни се 1 час на сопственикот да пресмета колку време и колку работници му се потребни за утрешниот ден.А не да бидат робови па да работат и прекувремено.
Е сега постои и дерење и викање доколку се направи навистина голема грешка која чини многу пари.И не би ми било криво доколку првпат ја направиле таа грешка туку таа грешка се прави континуирано.

Да не го заборавиме и фактот дека многумина што доаѓаат да работат мислат дека ќе поминат без работа и дека ќе клатат врата.
 
Има случаеви и кога работникот си ја работи својата работа, па пак одговорниот или газдата да врши мобинг брз работникот. Има сопственици, шефови и други надредени што си ги лечат своите комлекси врз работниците. Ако работникот прави грешки во работата, или доаѓа на работа колку да им помине времето и да си земат плата, значи на тие работници нема потреба од навредување или викање и понижување. Си постојат казни, па фино лепо казни ги, а не да се врши психички притисок врз нив или па кој и да било друг. Затоа што има луѓе кои што се со понестабилни карактери па ваквите притисоци можат да влијаат врз нивното психичко здравје. И никој не е должен да го трпи тоа без разлика дали е работник или не. Си постојат закони со кои работникот е заштитен ( е сега дали тие закони се почитуваат и спроведуваат во што се сомневам тоа е друго).
 
Знам дека постојат и такви сопственици кои си лечат комплекси на врз работниците иако тие работат.
А во врска со казните, јас порадо ќе се изнадерам и пена устата ќе ми фати од објаснување како требало, како сум рекол а како се направило отколку да го казнам 15-20%.
Според мене не е човечно да казнам работник кој направил грешка и да му го земам парчето леб од уста.
Е сега ако некој навистина не сака да работи, тогаш се дава отказ.Иако во последно време и тоа пријавување на работник многу се злоупотребува од страна на работникот.

Ипак и тука има тактики како ни газдата нити пак вработениот да имаат лоши односи.

А во врска со тоа што го спомнуваш како понестабилен карактер, според мене сосема нормално е да има проблеми, расправии меѓу вработени, грешки, итн итн.Не може туку така работникот да клекне само и да се откаже заради тоа што го заебавале останатите или слично.
Фактички тука е и клучот на успехот.Да одиш нанапред и покрај секоја пречка што ти се поставува на пат.Така и се челичиш карактерно.