Мистеријата за чудовиштето од Лох Нес

Marick14

Истакнат Член
17 февруари 2012
3,289
2,348
113
Софија
Мистеријата која се провлекува многу години за чудовиштето од езерото Лох Нес повторно се актуелизира благодарение на Google Earth кој овозможува...
3D прегледување на сателитски слики од земјата.

Еден корисник на програмата тврди дека видел слика од најпознатото "митско" чудовиште Неси од Лох Нес. Од сликата не може поточно да се заклучи дали се работи навистина за Неси, односно дали воопшто сликата е од животно или од брод.

Jason Cooke тврди дека дваесет метарската фигура која се појавува на сликата со испружени нозе е навистина најпознатото чудовиште кое се претпоставува дека се наоѓа во езерото Лох Нес (Loch Ness) во близина на градот Инвернес на Шкотските планини. Изгледот кој се појавува на сликата навистина потсетува на животно и на описите на чудовиштето од Лох Нес како што го опишуваат "очевидци".

loch-ness-google.jpg


Чудовиштето од Лох Нес или кратко неречено, Неси е објект на расправа од 1933 година која за прв пат била снимена фотографија од истото. Неговиот изглед е сличен на долговратиот диносаурус кој изумрел заедно со копнените диносауруси пред околу 65 милиони години.

loch-ness-monster.jpg


Можноста некој Плесиосаур, како што е наречен овај долговрат диносаурус, да е жив и да плива со слатководното некогаш замрзнато езеро е спротивна на досегашната научна логика, но некои тврдат дека на брегот на езерото биле пронајдени шкрги од животно кое е можно да се на Плесиосаур.

Што мислите вие за оваа мистерија?
 

Natenceto

Староседелец
6 март 2012
1,031
1,193
1,123
Скопје
Го гледав филмот, ама знаеш што мислев дека филмска мистерија а не дека стварно постоело. Велам постоело зашто незнам ни дали постои. Знам дека природава крие милион нерешливи мистерии. Само тој над нас ја знае вистината.
 

Marick14

Истакнат Член
17 февруари 2012
3,289
2,348
113
Софија
Можно е да постои некое суштество, како оние малите прасиња што се, што пловат. Али диносаурус не ми се верува дека има во езерото. А научниците страв ли им е да влезат во езерото со нуркање и самите да се запознаат со Неси. :D
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: The puss in boots

Selma

Ingenious
15 февруари 2012
4,366
7,054
1,183
Ако не утре во теко на оваа недела ќе скенирами ќе прикачам од една книга по англиски што учевме.

Смешно ми беше тоа што со денови седеле пред езерото да видат дали ќе излезе. :rofl
 

Sesil

Староседелец
20 февруари 2012
300
230
1,043
Како со оваа напредна технологија се открија освен тоа дали постојат Неси, Јети и остали суштества као нив? Али колку што знам добар профит им носи Неси на Шкотите, доста туристи идат на езерото само ради Неси, ама никако да го видат.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: parvati

Jackal

Староседелец
13 февруари 2012
2,045
2,641
1,143
30
Битола

Јас мислам дека сепак има нешто .. ова слика погоре е докажано дека не е фотомонтажа и тогап кога била сликана и баш пред некое време имаше обиди да докажат дека не вистина ама не успејаи со тоа се потврди авртентичноста на сликата. Велите зошто со оваа денешна технологија не успеат да докажат. Тоа е затоа што езерото е поврзано преку канали со друго подземно езеро ( бара така имам читано некаде) и дека доколку се скенира површината ке се види само она што е во горното езеро а не во долно односно подземнотот езеро.. Е сега колку тие канали се широки и колку може со некоја мини подморница да се движат научниците не знам... инаку една британска обложувалница, после докажување наавтентичноста на сликата нудела половина милион фунти за доказ дека Неси постои ..
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Marick14

Coelho

Староседелец
2 април 2012
287
493
663
Скопје
Верувам дека постои зошто сакам да верувам дека постои. И им верувам на луѓето кои тврдат дека го виделе суштеството. Постојат многу суштества кои сеуште треба да ги откриеме, особено водни суштества. Колку места постојат изолирани од нас, луѓенцата, што се полни со преубави работи, преубави суштества. Па дури и Лох Нес да е изумрен, се сомневам дека некаде надвор низ водите на светот не постои некое суштество кое сеуште не е откриено.

Во секој случај - не ми треба некој конкретен доказ за да верувам дека Неси постои. Им верувам на така-наречените очевидци, слики, претпоставки и документарци, знаејќи дека Неси на мира живее. Не ми треба самото суштество како доказ ако го помине остатокот од животот во аквариум во кој постојано ќе му се вршат експерименти.
 

Eva

Староседелец
19 февруари 2012
107
100
1,043
Хмм ова е баш интересно незнам дали да верувам или не..Можеби постоело незнаеме :unsure
Видете го ова..

 

Marick14

Истакнат Член
17 февруари 2012
3,289
2,348
113
Софија
Дома ја барав книгата, но не можев да ја најдам. Ако случајно ја најдам ќе скенирам.

А што мислите за Неси во Преспанското езеро?

http://sitel.com.mk/dnevnik/bizarno...i-javuva-za-chudovishte-vo-prespanskoto-ezero

Глупости се за мене ова во Преспанското Езеро. Само да привлечат внимание.