Мистеријата за резерватот "Јасен"

Hip.Hop_MKD

Староседелец
15 февруари 2012
2,204
3,933
743
Ако сте заинтересирани еднинствено што ќе најдете за тоа место е следново:

Јасен е македонски заштитен природен резерват кој е со статус прогласен во 1958 година во почетокот само на планината Караџица, а во 1960 година е проширен на Сува Гора. Опфатен е целиот кањон на реката Треска. Резерватот зафаќа површина од 24.000 ha. Највисока точка е врвот Караџица (2.473 m). Геолошката подлога е доломит со тенки слоеви од лискун. На теренот е вештачкото езеро Козјак и повремено тече реката понорница Оча и нема други води. Од флората се заштитени Viola koshaninii, Thymus oehmianus, Dianthus kapinensis и др. Од животните има дива коза, мечка, рис и др., а од птиците – лештарка (Tetrastes bonasia), гологлав мршојад (Gyps fulvus), був(Bubo bubo) и др.[1]
Резерватот Јасен покрива околу 32.000 квадратни метри површина најчесто со шума и патишта, како и голем број на пократки не-асфалтирани патeки. Освен од лов, Jасен својата иднина ja гледа во развојот на природните ресурси и на еко-туризмот. Таму секогаш (во зависност од сезоната) можете да појдете на пешачење, планински велосипедизам, кампување покрај езерата Матка и Козјак, на параглајдинг, риболов, спелеологија, алпинизам.


Сепак зад ова викаат дека се крие таен град за политичарите во случај на војна. Затоа што само војската има пристап таму. Секако дека се крие нешто поголемо... Што мислите или какви сознанија имате вие?
 

Jackal

Староседелец
13 февруари 2012
2,045
2,641
1,143
30
Битола
можно е зашто во случај на војна Претседателот на држават, премиерот, министрите за внтрешни работи и одбраан и директорот на дбк се носат на тајна локација, така беше и во 2001 прва мсилам.. а никаде во држава барем јас колку шо знам ни една касарна не е баш спремна да обезбеди таква заштита за такви вип личности.. гарант има нешто скриено..
 

Hexasto

Истакнат Член
16 февруари 2012
1,095
1,633
113
Македонија
Може има таен град али сигурно не е правен за овдешниве политичари...а во 2001 сигурно сегде беа само таму не беа...иначе местото е заштитено многу и ради фактот што е во топ 5 најскапи ловишта во светот и идат многу вип фаци со не сакаат да се знае дека биле или да бидат видени...имаше во вест една листа кој се не бил таму и стоеше дека во претходнава година бил и Роман Абрамович неофицијално...
 

Hip.Hop_MKD

Староседелец
15 февруари 2012
2,204
3,933
743
Може има таен град али сигурно не е правен за овдешниве политичари...а во 2001 сигурно сегде беа само таму не беа...иначе местото е заштитено многу и ради фактот што е во топ 5 најскапи ловишта во светот и идат многу вип фаци со не сакаат да се знае дека биле или да бидат видени...имаше во вест една листа кој се не бил таму и стоеше дека во претходнава година бил и Роман Абрамович неофицијално...

Се наведува на тоа дека има таен град за нашите ценети поли... не сакам да ги спомнам..:eek
 

Jericho

Староседелец
19 февруари 2012
355
465
1,063
Мислам дека нема никакво таен град, се што може да има е некаков подземно прибежиште за во случај на војна, каде би се засолнил државниот врв и воената команда, ама дека има нешто софистицирано како подземниот град на Тито не верувам... мада ЈНА чуда правела и не може со сигурност да се знае... А како што некој спомна тоа е ултра елитно ловиште, кај што има ретки видови на животни и има муабети за ВИП гости кои доаѓаат со приватни авиони и во најголема тајност се носат таму, има луксузни дрвени куќарки со сите услови... Роман Абрамович го спомна некој, имаше муабет и за Доналд Трамп, Берлускони и слични такви фаци од тој ранг, колку е вистина ќе покаже времето
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Luckky and Hexasto