Мистериозни суштества

Marick14

Истакнат Член
17 февруари 2012
3,289
2,348
113
Софија
Во Намибија е пријавено како засега непознато суштество цица крв од животните и ги напаѓа локалните селани.

Во неколку градови низ Намибија дивеат некои суштества непознати за локалните жители кој секојдневно пријавуваат како им умираат козите и останатите домашни животни.

Локалните селани се убедени дека ови суштества имаат некаква врска со магија. Тие сега обвинуваат еден постар човек и неговата сестра, кои живееат во два од четирите града каде што се појавени овие животни, дека се нивни сопственици и ги контролираат.

Потпаролот на полицијата од Осхана, Христина Фонсеч, кажа дека била повикана и полиција, па тие ги следеле стапалата од овие животни.

Според неа, отпечатоците од нозете се поголеми од кучиња и полицијата не може да открие за што всушност се работи.

„Ги следевме отпечатоците се до еден момент кога наеднаш исчезнаа. Тешко е да се објасни како наеднаш снемува отпечатоци, како на нешто да се качени, а тоа беше отворен простор, па не знаеме што се случило,“ рече таа.

На една од пооштетените, Оливија Шинкого, овие животни им ги изеле сите кози и останала со само две мали.

27.07nambia1.jpg


Според Шикого, на 3 Јули пет кози биле изедени. Се што останало од нив биле некои нозе и една глава, а останатите кози од стадото биле искасани, без знаци на живот.

„Минатата среда тие дојдоа кај моето стадо повторно, а козите почнаа да испуштаат крици. Ние бевме исплашени да одиме вечерта, но следниот ден кога го видовме стадото имаше само три живи кози, две мали и една поголема која се бореше за живот, а од пет немаше ни трага ни глас,“ објасни таа.


Подводна камера снимила мистериозно морско суштество кое научниците ги оставило во недоумица бидејќи никој не можел да го идентификува, изјавиле од „Дејли Мејл“.

Иако на прв поглед личи на медуза, суштеството на кожата има хексагонални примероци кои досега не се видени.

Ако навистина станува збор за медуза можеби се работи за видор „Stygiomedusa Gigantea“ но таа во последните 100 години е видена само 114 пати и многу малку се зане за неа.

Најдобро е сами да видите и процените за што станува збор:
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Natenceto and parvati

Kitty

Староседелец
26 март 2012
2,673
6,921
1,153
Cabo San Lucas
yeti-11.jpg

Мистеријата околу снежниот човек Јети, дали постоел??
различни мислења...
Никогаш никој не изнел никакви материјални докази за снежниот човек Јети. Сепак, митот останал до денес, а приказните се прераскажувале од колено на колено. Благодарение на тоа, луѓето сè уште веруваат во Јети особено оние што живеат во тешко пристапните планински предели на планетава. Според страшните приказни, јети е едно од најмистериозните суштества кои во разни делови на Земјата се познати под различни имиња. Сепак, без оглед на тоа како се нарекувани, не се нашол никој што приложил веродостојни докази.
yeti-1.jpg

Научниците во руската област Кемерово (Сибир) пронашле докази за постоењето на митскиот снежен човек.
При истражувањето на пештерата "Азаскаја", научниците тврдат дека нашле непобивни докази дека Јети живее во областа Шорија. Во неколку наврати се најдени отпечатоци од нозе што не се совпаѓаат со човечки, влакна за кои се верува дека се негови, а и територијата на која се мисли дека живее била обележана на карактеристичен начин.

Властите размислуваат за отварање на Универзитет за истражување исклучиво на Јети - сè околу неговиот начин на исхрана, однесување и опстанок низ екстремните поларни предели.
Теориите за постоењето на снежниот човек се стари повеќе од 400 години. Прв изјавил дека го видел на снежните германски планини еден планинар. Понатаму многу истражувачи и планинари се обидуваат да ги најдат неговите пештери под белата прекривка. Приказната станала уште поверојатна кога почнало да се зборува за разни траги од големи нечовечки стапала во снегот