Кападокија би ја ставил на прво место од причина што е најблиску, а иначе Мачу Пикчу и паленке ми се животна желба, индијанската култура од секогаш ме фасинирала. Има низ Централна и Јужна Америка многу такви мали напуштени индијански гратчиња низ тоа џунглите. Како од филм на индијана џонс се, in the middle of nowhere у сред џунгла, огромна пирамида/опсерваторија/тврдина целата обрасната практично може да поминеш покрај неа и да не ја приметиш... Тие места се недоволно истражени и си ја држат автентичноста, без дополнителни конзервации и шминкања за туристички цели. Оф топик, Припијат во Украина е град кој од секогаш сакам да го посетам, ништо мистериозно нема околу тој град: хаварија у чернобил, градот е озрачен, евакуиран и денес изгледа како од пост-апокалиптичен филм. Дозволен е престој во градот од максимум 24 саати со водич поради тоа што сеуште степенот на радијација е многу над нормалата ама нема штетни последици ако се поседи неколку саати