Мистериозни градови

Кој од овие градови ако би имале желба да го посетите


  • Вкупно гласале
    31

Ghtalpo

Староседелец
27 февруари 2012
2,656
3,335
1,153
Не знаев каде да го постирам зашто не најдов соодветно место па одлучив да го поставам како посебна тема.Вреди да се погледне.Темата е првземена од порталот Grid.Mk.

Еве да не биде дека темата е ставена а не е прочитана а да ги побиеме муабетите дека најинтересни се останатите теми на форумов со Сакам да кажам или Чет муабети нека има една анкета.Од кога ќе ја прочитате статијата ќе можете да гласате кој град би сакале да го посетите или уште подобро ако некој го има посетено некој од нив нека сподели искуство.:)
Гласањето ќе биде јавно за да може и останатите да погледнат кој член кој град би имал желба да го посети.


1. Чатал Хејук во Турција


Во овој град живееле повеќе од илјада луѓе во 7500 година пред новата ера, а се верува дека бил една од најурбаните населби. Луѓето, кои имале многу необична култура, граделе градби чиј отвор се наоѓал на покривите и преку скали влегувале во просториите. Вратите биле обележани со рогови од бик, а мртвите членови од семејствата биле закопувани под секоја куќа.
Не е познато што се случило со овој народ, се претпоставува дека по раселувањето жителите биле асимилирани во други култури во Месопотамија.
2. Паленке во Мексико

Еден од најголемите и најдобро сочувани градови на Маите е вистински симбол на мистериозност на целата цивилизација на Маите која во минатото владеела во Мексико, Гватемала, Белизе и Хондурас, а потоа целосно исчезнала.
Иако нивните потомци сè уште живеат во Централна Америка, големите градови биле целосно напуштени во 15 век.
Златниот период Паленке го имал меѓу 700 и 1100 година, а како повеќето градови на Маите, во него имало храмови, палати и плоштади.
Исто така постојат и детално изработени скулптури кои ги опишуваат кралевите, битките и секојдневниот живот на овој народ. Според некои теории, Маите го напуштиле градот поради војна, климатски промени или суша.
3. Кахокија во САД

Жителите на овој стар град граделе земјени градби, а некои од нив сè уште постојат. Има силни докази дека жителите имале софистицирани земјоделски техники и го пренасочувале текот на реката Мисисипи кон своите полиња. Исто како Маите, и овој народ го доживеал својот врв меѓу 600 и 1400 година. Никој не може да открие зошто градот бил напуштен, Кахокија била најнаселената локација северно од Мексико и најверојатно имала популација од 30.000 жители.
4. Деринкују во Турција

Деринкују е огромен подземен град што потекнува од времето на Византиското царство. Не е познато кога е изграден, но според некои податоци, првата населба на овој простор никнала во седмиот век пред новата ера.
Градот го достигнал врвот меѓу 500 и 100 година кога имал 5 нивоа и во него можеле да се населат 20.000 луѓе, стока, кујни и цркви. Жителите копале тунели и соби под домовите, длабоко во меките вулкански карпи во Кападокија. Целата подземна цивилизација опстанала за време на Средниот век. Со векови луѓето доаѓале на ова место за да најдат засолниште од прогонувачите на христијаните, крадците и антихристијанските муслимани. Масивните карпи можеле да ги затворат сите влезови, а вентилацијата обезбедувала доволно воздух за повеќе месеци.
Градот бил поврзан и со други подземни градови преку тунели. Затворен бил во 10 век, а за прв пат во јавноста бил отворен во 1969 година.
5. Помпеа во Италија

Градот бил половично уништен во земјотрес пред ерупцијата на вулканот Везув во 79 година, а многу домови веќе биле напуштени. Помпеа била одлично сочувана, а за минатото сведочат сочуваните декоративни статуи, чудни графити, уметнички дела како и уредувањето на животен простор кој не личи на ниту еден сегашен.
Едно е да се чита за историјата на антички Рим, а друго е да се шета по улици на римски град кој е целосно непроменет. Мистериите на секојдневниот живот понекогаш се поголеми од мистериите за тоа како некоја цивилизација исчезнала.
6. Мачу Пикчу во Перу

Многу мистерии се поврзуваат со царството на Инките кои доминирале во Перу, Чиле, Еквадор, Боливија и Аргентина стотици години пред Шпанците да ги освојат, да им ги уништат градовите и да ги запалат библиотеките.
Иако многу работи се познати за нивната технологија, земјоделие и архитектура, научниците сè уште не можат да откријат ништо од она што останало од „напишаната“ историја.
7. Тонис (Хераклеон) во Египет

Во 8 век пред новата ера овој легендарен град бил капија кон Египет, пристаниште преполно со неверојатни споменици, богати трговци и огромни градби. Полека почнал да пропаѓа по подемот на Александрија во 4 век. Градот тонел во морето кое претходно било извор на неговата моќ. Никој не знае точно што се случило, но до крајот на 8 век, градот повеќе не постоел.
 
Последна промена од модератор:

Ghtalpo

Староседелец
27 февруари 2012
2,656
3,335
1,153
Eве најдов и едно убаво видео за градот за кој што сум гласал.Репортажа од History channel.Е сега во емисијава муабетот е дека тоа го направиле вонземјани...сеедно кој како милува.Муабетот е дека под земја во изградениот град можело да собере преку 20 000 жени и деца.
 

Outrider

A Witty Cat
Член на администрација
23 мај 2013
5,405
5,905
1,683
Disco
Чатал Хојук, прилично добро се снаоѓале со оглед дека се работи за Неолит, бездржавно општество кое постоело скоро два милениуми. Којзнае како живееле без власт... подобро од останатите во Неолитот? Нормално :D
Интересни градови, посебно оној под земја, шта речи.... градовиве се пософистицирани од некои денешни населби...
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Ghtalpo

Saladin

Unbaised
Член на администрација
17 февруари 2012
6,024
9,655
1,683
Normandy
Фактички за Помпеа битна била таа ерупција поради тоа што без неа, не би постоела толку совршена конзервација и градот би претрпел огромни промени и оштетувања. Вака самиот град си се направил како артефакт пронајден in situ.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Ghtalpo

Outrider

A Witty Cat
Член на администрација
23 мај 2013
5,405
5,905
1,683
Disco
8.Пуебло Бонито, Ново Мексико, САД.

Интересно место, град на Пуебло цивилизацијата, граден и развиван неколку века...... се додека населението еден ден не се спакувало....and they were never seen again.:eek
Користење на атмосферските и рељефните услови за контрола на климата во градот, нешто како тогашен клима уред, комплементарен систем на природата со вештачкото, градено од човек.

Chaco_Canyon_Pueblo_Bonito_digital_reconstruction.jpg


Chaco-Pueblo-Bonito-2643.jpg


Тука биле снимани последните епизоди од X-Files, онаа серијата со типот и женската шо бркаа изванземаљци и откриваа завери.... смртта на `сивата еминенција` Smoking man и тие работи....:)
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Ghtalpo

Ghtalpo

Староседелец
27 февруари 2012
2,656
3,335
1,153
Outrider видов неколку клипови за последниов град што го постираше и они нешто слично на Кокино приметив дека праеле со градбиве за да го мерат времето со тие рамноденици и тако даље.
 

Saladin

Unbaised
Член на администрација
17 февруари 2012
6,024
9,655
1,683
Normandy
Outrider видов неколку клипови за последниов град што го постираше и они нешто слично на Кокино приметив дека праеле со градбиве за да го мерат времето со тие рамноденици и тако даље.

Само да разграничиме, Кокино е опсерваторија, ова другово ги има сите предиспозиции да се нарече град. :)
 

Ghtalpo

Староседелец
27 февруари 2012
2,656
3,335
1,153
Само да разграничиме, Кокино е опсерваторија, ова другово ги има сите предиспозиции да се нарече град. :)
Само да се разбереме правев паралела дека и тука правеле градби за мерење на времето и дека тоа ми падна во очи гледајќи ги видеата.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Saladin

Outrider

A Witty Cat
Член на администрација
23 мај 2013
5,405
5,905
1,683
Disco
9. А где је Мохенџо Даро?

Најпознатиот град/локалитет од т.н. цивилизација во долината Инд, се наоѓа на територија на денешен Пакистан, населен барем 7 векови со инфраструктура на која би позавиделе многу денешни `метрополи` по третиот свет, пред 4.600 години...

08%20-%20Mojendo%20Daro%20Reconstruction.jpg


74733-004-3BE1018B.jpg


Во еден град од оваа цивилизација се наоѓа и првиот Док (канал) во светот...... кој сеуште е во употреба.

Lothal_dock.jpg


:)
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Ghtalpo