Мисли (Размислување)

Lena

Poétesse
12 октомври 2012
4,155
7,687
1,183
земјата на чудата
Дали мислите кои ги имаме не прават да бидеме она што сме?
Зошто постојат мислите во човековиот систем?
Поимот мисла е нешто кое не дели од она нешто наречено постоење или битие.
Можноста за размислување е единственото нешто што не дели од животните.
Зарем не е можно само да постоиме и чувствуваме?
Да ја користиме длабоката интелегенција која доаѓа од дното.
Мислите се корисни да.
Но и штетни.
Се појавуваат секогаш како глас во главата и имаат погоден коментар за секое наше делување.
Мислата поврзана со реакција на телото предизвикува чувство.
Се прашувам дали тогаш тоа се наметнати чувства?
Што би било ако само чувствуваме без да размислуваме?
Да го користиме инстинктот кој го имаме?
Дали тоа ќе биде она вистинското чувствување?
Од длабочината?
Ако мислиме дека сме прекрасни,
дали тоа не прави навистина прекрасни?
Или пак ако мислиме дека сме негативни дали тоа не прави навистина негативни?
Мислите ја плетат својата мрежа на информации,идеи коментари во нашата глава и не напрегаат максимално.
Не делат од нашето вистинско постоење.
Од нашето прапостоење.
Што представуваат мислите?
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: melpomena

MissChievous

Ingenious
17 февруари 2012
5,085
7,018
1,683
Huntington Beach, California
silence-all-i-want-to-say.tumblr.com
Мислите се речиси еднакви на чувствата и инстинктот. Во принцип, мислите се еден вид на искажување на моменталните и општите чувства, реакции, инстинкт, намери, инт. Сигурна сум дека и животните имаат некаков вид на мисли, без разлика на степенот на интелегенција. Ние размислуваме со зборови токму поради тоа што сме способни да збориме и сме создале јазик и писмо. И да не сме ги измислиле тие, би имале мисли на некој друг начин. Од наједноставни причини, на пример, чувство за глад кое доаѓа до мозокот и доаѓа онаа мисла "треба да каснам нешто". Тука инстинктот и искуството ќе се јават, но сепак и мислата која ете, ние луѓето, ја добиваме во вид на зборови, но и слики, мириси, итн.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: MoonFairy

Што мислиш што доаѓа прво,
мислите или чувствата?
Што создава што?
 
MissChievous

Ingenious
17 февруари 2012
5,085
7,018
1,683
Huntington Beach, California
silence-all-i-want-to-say.tumblr.com
Што мислиш што доаѓа прво,
мислите или чувствата?
Што создава што?

Чувствата. Од прв ден на раѓање, а најверојатно и пред тоа. Кога и да се јавила првата мисла, чувството е прво бидејќи напочеток фали искуство за да почне да се мисли (првенствено за чувства).
 
Lena

Poétesse
12 октомври 2012
4,155
7,687
1,183
земјата на чудата
Чувствата. Од прв ден на раѓање, а најверојатно и пред тоа. Кога и да се јавила првата мисла, чувството е прво бидејќи напочеток фали искуство за да почне да се мисли (првенствено за чувства).
Да и јас така мислам иако ја ставив и солуцијата дека се зависни едни од други и дека се раѓаат паралелно во еден момент.
Но,примерот со раѓањето е доказ дека чувствата се појавуваат првенствено.
Но дали тогаш чувствата кои произлегуваат од мислите се наметнати чувства?
Сме помислиле нешто и од тоа нешто произлегло чувство.
Но ако не сме помислиле ништо или нешто друго не би излегло тоа чувство и со тоа мислам дека би произлегло сосем друго чувство.