Мирисот на шахтата

Скопски Солидарец

Староседелец
18 јули 2012
58
47
1,018
Скопје
skopskisolidarec.blogspot.com
...OД БЛОГОТ НА СКОПСКИ СОЛИДАРЕЦ

Скопје не е тоа што беше да се разбереме.
Како да турил маска за лице направена од смог помешана со смрдеата која доаѓа од шахтите па неможеш да го препознаеш.
Скопје има и поголеми проблеми од тоа шахтите ама и ова е проблем. Некој ќе рече, смрделе шахтите големи јајца сегде смрдат.
Да, сегде смрдат али ако влезеш у нив.
Ах, тие шахти колку пати ме ставиле у незгодна ситуација.
Тамам си застанал на улица да размениш збор - два со некого, ете ти ја смрдеата анте портас, доаѓа како и обично, непоканета.
Ја го глеам суговорникот он ме глеа мене. Знам што мисли, мисли дека сум го пуштил. Само се прашуем дали он знае дека ја го мислам истото ама обратно.
Напнатоста доживува кулминација како во филм на Хичкок. Боље да ме исереа „Птици“ него да се разделевме мислејќи за мене дека сум некое пувало кое неможе да се контролира у дадена ситуација.
Честа ја спасува некој случаен пролазник кој со својот коментар - да ти ибам тоа шахтите смрдат у пизду материну, ни самиот не е свесен каков хепи енд ставил на овој психолошки трилер.
Ни олесна на двајцата. Да бе шахтиве стварно смрдат се сложивме пред да си фатиме џаде.
Јесте дека прдежот е голем циник и тамам кога мислиш дека си го затворил у најмрачните зандани, окован со ланци и синџири и заклучан со најаките катанци на овој свет он знае да се ослободи и избега и у стилот на Дејвид Коперфилд да го приврши триумфално трикот у негова корист. И док он ги собира сите ловорики и поклонувајќи се пред масата погледи уживајќи во својата слава, ти од белец стануваш индијанец а посакуеш да си црнец.
Али циникот у овој случај ќе беше обвинет без аргументи. Никој не е крив док не се докаже супротното. Тоа важи и за неговото величанство, прдежот.
А и луѓево се некој чуден народ. Може да штипе за нос ама они јок ништо не осеќам. Ајде бе па ти, ќе речат ништо не смрди, прднал некој. Ете ти, пак прдежот крив.
Мислиш цела нација шмрка па тоа осетот за мирис им е паднат на најниски можни разини илити ниво.

Уште малку ќе испадне дека смрдеж од шахта или мирис од парфем е едно те исто, само е прашање на вкус. До таму е дојдена работата.
То ти е како да си застанал пред некоја шахта а некој уште фали да ти рече - е ама убаво мирисаш, шо парфем користиш.
Тогаш да патентираме еден парфем ќе се вика „Парфем де Шахта Ориенте“ мешавина од егзотични мириси.

Доволни се само 2-3 капки и секоја девојка ја обараш с ногу у буквална смисла на зборот. Ќе го брендираме и успехот е загарантиран.
А што викате да снимиме и филм со Ал Пачино „Мирисот на Шахтата“
- звучи добро. Вреди да се размисли.
Што сакав да кажам. Сакам да кажам дека нема критичка маса.
На пример се трча поред Вардар, а тоа што смрди од кај што извира до кај што се влева ником ништо. Зар не осеќаат ништо.

Па ја у последно време осеќам вкус у уста како да сум вечерал сапун, да ждригнам мислиш меури ќе искачаат.
Го вртам погледот према шахтата а дотичната како да сака да ми каже - шо ме глеаш па само ја ли сум крива, ви ги вршам најпрљавите работи и пак ја крива.

Хм, можда е у право, не е само до нејзе.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Lena

Шмекси

Истакнат Член
15 февруари 2012
1,133
1,065
113
Скопје
www.statik-group.com
Има многу покултурни места за седење, бар по мене.И колку што знам нема шахти на секој чекор, има и паркови и кафичи.
А можеби јас не ни сум забележал, можеби затоа што не сум прдеж нити се дружам со прдежи, нити пак разговарам со нив до шахти.
А можеби и ова го сфатив како мотивационо писмо за работа во водовод и канализација.
Извини а?
И да, шмркам.И не сум ал пачино.
Моето име е Бонд, Џејмс Бонд.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Foxboro and parvati

parvati

Сангвиник
14 февруари 2012
6,710
13,879
973
И? И што бе солидарац ? Што е поента на тему???
Миљон работе ни смрдиф у државу па никому ништо. Ако треа да се диза востание,најмалце треа за шахте и тој како они смрдиф! Јебига не жиимо у Данску.
И престани да се жалиш како Амди Бајрам : ) Уживај и купи си гас маску
Поздраф
 

Y1K991

Parleur
1 март 2012
6,278
9,119
1,683
Ако ви смета нешто сменете го. Имате избори ова она.....
Ова било она било. Порано беше сите патишта водат кон Рим, сега е сите срања одат во Скопје.
Преку мпо од лица кои мрчат преку интернет.
 

Saladin

Unbaised
Член на администрација
17 февруари 2012
6,024
9,655
1,683
Normandy
А бе а вие само мрчите нешо. Онака колку да се мрчело.

Вака сеа.... Ја исчитав цела твоја колумна, ама пријателе ми забегуеш. На почеток имаш поента, после тоа ти шета мислата како изгубљени с`вихором. Конкретно за тематикава и нема многу што да се каже, да, точно смрдат, и факт е дека на човек му е непријатно. А шо да кажеме тогаш за секој toitoi, falke, toefel... абе оние платичнине клозети ги знаеш. Нема што понатаму да се дискутира. Моеш на поконструктивни теми да се фатиш. Еве конкретно те усмерив со пластикиве за понатака да збориш колку се гради (силува) низ Скопјево. Ама и тоа е више разработена тема. Поздрав и секое добро.
 

True_Blood

Upright
18 февруари 2012
1,133
2,389
1,133
Yellow submarine
Интересно е тоа што обичните доживувања се претвораат во репортажа за убавината на една метропола.
Или барем тргнавме да ја создаваме...ама не, закочивме кај монументалните градби, заборавајќи дека основните поими на хигиена учени во првите денови на септември од првото одделение не се применети никаде.

Не ме воодушеви колумнава, ама се обидувам да доловам некоја примарна поента.
Скоро цело лето возев велосипед на кеј и да, јас сум засегнат граѓанин од идејата дека додека се рекреирам се соочувам со мал милион разбеснети мушички, миризба од која бојкотираат сите пори...


Муабетот е јасен, ни наплаќаат по 50 Евра да не научат на основна хигиена, дека не се плука на улица и не се фрла пикавец, а оние на кои тоа им е битно забораваат дека хигиената уствари опфаќа поголеми размери...

Така да, не разбирам зошто е сето ова петелчење околу колумнава која е наводно без никаква смисла...
Мене ми има смисла.

А, додека ја барате и вие, јас ќе го цитирам еден месје Јаневски кој на времето рече:
„ Ова е само наше Скопје, тука ние сме...“
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Podem and Saladin

Ghtalpo

Староседелец
27 февруари 2012
2,656
3,335
1,153
Јес има поента ама навистина е лош стилот,како да го силуваш а не си свој,као небаре сакаш да вметнеш нешто хумористично со компарации и персонификации ама делува малце прејако за читателот.

Нејсе да се вратиме на муабетот,за шахтиве ДА така е,посебно на улица Македонија и знам колку сум се прашувал дали е возможно на најфрекфентното место во срцето на Скопје да се дозволува вакво нешто,што е тогаш со поодалечените населби.
Јас дури понекогаш приметувам дека народот е навикнат и рамнодушен како што си напишал и тоа е вистина ама искрено не знам туристите гледајќи ни ги спомениците дали се навикнати на нашиве смрдеи.