Читав на интернет дека веќе илјадници години се палат миризливи стапчиња кои позитивно влијаат на мозокот,ја ублажуваат напнатоста и депресијата.Има секакви стапчиња со различни мириси како на пример:
Дали ги користите? Какви ви се допаѓаат?
- Лотос:Лотосовите стапчиња шират златна аура која им помага на луѓето да го отворат своето срце и да почувствуваат бесконечна љубов. Имаат ненаметлив пријатен и лесен чад кој се поднесува без никакви тешкотии.
- Сандалово дрво: Мирисот е многу егзотичен и традиционално се користи во јогата и медитацијата. Го смирува умот и ги отстранува сите негативности, па помага во внатрешната рамнотежа.
- Кедар:Стапчињата од кедар се користат за постигнување внатрешна стабилност.
- Јасмин: Мирисот делува смирувачки и создава субјективно чувство на топлина. Ја отстранува депресијата и го опушта телото кое е изложено на поголеми физички напори. Јасминот помага и при главоболка или при проблеми со дишните патишта.
- Роза:Опушта и загрева, го отстранува стресот и го враќа доброто расположение. Помага и против несоницата и проблеми со вените.
Дали ги користите? Какви ви се допаѓаат?