Миризливи стапчиња и свеќи | Црнобело Форум

Миризливи стапчиња и свеќи

Lepaa

Истакнат Член
2 декември 2012
985
1,704
393
Читав на интернет дека веќе илјадници години се палат миризливи стапчиња кои позитивно влијаат на мозокот,ја ублажуваат напнатоста и депресијата.Има секакви стапчиња со различни мириси како на пример:
  • Лотос:Лотосовите стапчиња шират златна аура која им помага на луѓето да го отворат своето срце и да почувствуваат бесконечна љубов. Имаат ненаметлив пријатен и лесен чад кој се поднесува без никакви тешкотии.
  • Сандалово дрво: Мирисот е многу егзотичен и традиционално се користи во јогата и медитацијата. Го смирува умот и ги отстранува сите негативности, па помага во внатрешната рамнотежа.
  • Кедар:Стапчињата од кедар се користат за постигнување внатрешна стабилност.
  • Јасмин: Мирисот делува смирувачки и создава субјективно чувство на топлина. Ја отстранува депресијата и го опушта телото кое е изложено на поголеми физички напори. Јасминот помага и при главоболка или при проблеми со дишните патишта.
  • Роза:Опушта и загрева, го отстранува стресот и го враќа доброто расположение. Помага и против несоницата и проблеми со вените.
Јас досега имам пробано миризливи стапчиња со мирис на ванила и роза.Многу ми се допаѓаат и целата соба мириса. (inlove) Свеќите поретко ги користам,затоа што ме разочараа минатиот пат немаше никаков мирис.
Дали ги користите? Какви ви се допаѓаат?
napravete-mirizliva-svekja-od-svez-portokal.jpg
 
mashkodete

Истакнат Член
11 февруари 2013
59
25
118
Ги обожавам !
Ги користев порано, но сум ги изумил и сум престанал да ги употребувам, се потсетив во една претходна тема, утре ке купам . Инаку ги користам Nag Champa најдобри се според мене.
 
Аркантос

Romanticist
23 август 2012
2,352
3,848
1,153
Да, редовно ставаме. И многу убаво ми мириса по собите.
Денес ми мириса на некое овошје, ама никако да ми текне на кое.
 
MissChievous

Ingenious
17 февруари 2012
5,085
7,016
1,683
Huntington Beach, California
silence-all-i-want-to-say.tumblr.com
Обожавам свеќи, во било која форма и со било каков мирис. Едноставно, даваат убава и интересна атмосфера.

Стапчиња не користам, но имам испробано неколку вида. Не ми текнуваат на повеќето, бидејќи одамна ги имам користено. Кај другарка имам видено едни на кои се сеќавам поради специфичниот "мирис", а тоа е мирис на канабис. |-( Глупости.

Не ми се допаѓаат миризливите стапчиња многу, бидејќи некако ми се тешки за поднесување. Треба да пробам некој ден некои со понежен мирис, како ванила на пример. Иначе, каде можат да се купат, покрај во продавницата Sewa?
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: smeker

Во ВЕРО имаш. Имаш голем избор oд различни фирми со различни цени од 100-500 денари, побарај ги nag champa индиска фирма се, јас тие ги купувам затоа што се најдобри, а гледам и многу се трошат, ако начекаш ... супер (y)
 
84 sk_Y ^_-

Староседелец
21 ноември 2012
595
825
1,093
Во ВЕРО имаш. Имаш голем избор oд различни фирми со различни цени од 100-500 денари, побарај ги nag champa индиска фирма се, јас тие ги купувам затоа што се најдобри, а гледам и многу се трошат, ако начекаш ... супер (y)
Хха - хааа , има и по 30 денари и неверојатно ама вистинито и тие мирисаат доста добро и силно . (испробано) :rofl
 
mashkodete

Истакнат Член
11 февруари 2013
59
25
118
Хха - хааа , има и по 30 денари и неверојатно ама вистинито и тие мирисаат доста добро и силно . (испробано) :rofl
Точно, но многу брзо се гасат. Скапиве барем горат долго време, имаат густ материјал разбираш? Врпочем, правени се од природни билки и секое пакување според цените, различен е бројот на стапчиња доколку го разбра мојот коментар. Пример да ти дадам ... ако кутијата од 500 денари располага со 300 стапчиња, таа од 30 денари има 10-15 стапчиња. Ако стапчево од 30 денари гори 10 минути, а таа од 200 денари гори 2 саата, добро би било да направиш уште една рачуница, доколку ги користиш цело време за да не идеш по сто пати во продавница :giggle
 
existence

Boolean
Член на администрација
Админ
3 март 2012
7,436
9,143
1,683
Кушкундалево
Јас имам три стапчиња од пред 6 години, ми ги остави другарка пред да замине да живее во Словенија. Стапчињата беа директно од Индија, ги чувам уште и уште мирисаат незапалени.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: mashkodete