Микроекспресии и говор на тело

онјаЛ

Полноправен Член
22 ноември 2012
69
85
18
Се занимавам со НЛП и микроекспресии веќе некое време кои ми помагаат за откривање на лаги.

НЛП (невро-лингвистичко програмиње) - дел од психологијата која се занимава со проучување на однесувањето на луѓето. Конкретно во оваа тема ќе се задржам само на еден дел кој може да ни помогне за да детектираме лаги. Оваа подргранка е развиена од Ричард Бандлер и Џон Гриндер во 70-тите години. Ако некој се заинтересира повеќе околу НЛП-то како наука, му ја препорачувам книгата "Frogs into princes".
Да се навратам на детектирањето на лаги. НЛП-то може да ни помогне со шемата за очи. Кога зборуваме со некој, несвесно ги движиме очите. Тие несвесни движења се клучни дали во моментот се сеќаваме на нешто од минатото, дали во моментот креираме слика или нешто трето.
EKTfigO.jpg
(На сликата се прикажани обратно страните, заради тоа што претставува шема како би го гледале соговорникот)​
Испробајте го ова на рандом човек. Прашајте го дали ја знае Imagine од Џон Ленон и тој автоматски ќе почне да си ја свирка во главата. Запазете го погледот. Ќе се загледа лево на средина. Доколку не ја знае, на спротивната страна. Истото можете да си го тестирате и вие самите.​
Како да го примениме за да знаеме дали некој не лаже? Ако ве интересира дали Пеце беше на плажа лани, а него не го верувате ни збор што кажува, одберете го вистинското прашање и прашајте го.​
(прашањата се многу битни како ќе ги поставиме)​
Глуп пример 1:
На која плажа беше лани? - и можеме да дознаеме дали беше на плажа или не. Сконцетрирајте се на движењето на очите, ако се загледа горе лево, тоа значи дека се сеќава на слика од минатото и тој стварно бил. Ако се загледа горе десно и ви каже дека бил на плажа, тој лажи.​
Ова беше еден обичен пример. Ја имате на располагање цела имагнација. Искористете ја.​
Микроекспресии - многу брзи експресии на лицето кои несвесно се појавуваат. За да ме сфатите конкретно што зборувам, изгледајте го ова. Откако го изгледавте видеото се враќаме тука. Сите ние имаме 7 основни микроекспреси
microexpressions.jpg

Како сега да ги примениме овие чувства и да дознаеме дали некој не лаже?
Како прво, треба многу многу добро внимание на лицето на соговорникот.
Глуп пример 2: Ако на Пеце му починала сопругата и вие го прашате за тоа, тој би требало да се чувствува тажен, но ако има скриени чувства, вие ќе можете да ги видите. Ако добие насмевка на лицето (како микроекспресија), вие ќе знаете дека позади тагата има скриена радост.

Ова се само почетнички примери и објаснувања. Ако не бев доволно јасен или сакате да го проширите знаењето, ви ја препорачувам серијата „Lie to me“ и книги од Paul Ekman.
 

онјаЛ

Полноправен Член
22 ноември 2012
69
85
18
Мојата лична пракса вели дека НЛП е премногу моќна алатка, наука, псеудонаука...како сакаш наречи ја. И ни во сон не би ме убедила една реченица од википедија во спротивното. Пробајте ја. Прочитајте ја "Frogs into princes", истестирајте ги основните примери покажани во книгата, ќе го смените погледот за НЛП.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Smiley_1996

Smiley_1996

Истакнат Член
14 февруари 2012
345
802
393
Кумановоoo !
Еиииии секоја чест (handshake) , супер е Нлп! .. и јас многу учев порано, но и ден денес го применувам ... Стварно вреди (y) ... Сега почнав да ги учам по длабоките особини и чуства на лугето :) ..
1016218_643688058994268_1887941102_n.jpg
Оваа книга ја добив поклон,од неа започна ... потоа сватив колку многу значи, па зедов и други од библиотека... Може да ја најдеш во гратска библиотека,а и во книжарници(250 ден) :) ... Поздрав Колега хаха :p :*
 

Hkakashi

Староседелец
13 јуни 2012
1,543
1,697
1,133
26
Куманово
Абе и ја гледам гу туј серију, ама за да ги тија microexpressions траев 1/5 од секунду. Такој да треба доста да се вежба за можеш да ги видиш и да знаеш што гледаш.
 

Outrider

A Witty Cat
Член на администрација
23 мај 2013
5,405
5,905
1,683
Disco
А шо е финтата, да научи човек да прави фаци како Тим Рот?
 

Electra

Неонка
Член на администрација
Админ
16 февруари 2012
3,103
7,518
1,183
Big Sur
Епа децо, кој е заинтересиран да си ги тестира способностите, еве ви два теста ко за проба.
Овој е со кратки видеа: http://www.microexpressionstest.com/micro-expressions-test/
А вториов е само сликички кои се менуваат во дел од секунда: http://www.cio.com/article/facial-expressions-test
Со сликичките го пројдов 10/10 без проблем, но гледам дека имам огромен проблем со препознавање на лутина/бес и згрозеност/огорченост, ептен ми се слични некако. Единствената разлика е што при лутина веѓите се тие што се „спуштаат“ кон носот, а при згрозеност носот и брадата се тие што се „креваат“ кон веѓите, ама за толку краток период, тешко ми е да ги забележам брчките како се движат.
Како и да е, интересен метод.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: toby2