Места во Скопје кои би ги препорачале на странски туристи?

Blueberry

Староседелец
12 февруари 2012
210
158
1,043
Скопје
Неодамна, добив барање од пријател од Саудиска Арабија кој ќе доаѓа во посета на Скопје, да му испратам совети и линкови со места кои вреди да ги посети: Споменици, Ресторани, Знаменитости, Кафулиња, Дискотеки, природа... Сфатив дека задачата и не е баш лесна. Што вие би препорачале на странските туристи да посетат во Скопје?
 

MissChievous

Ingenious
17 февруари 2012
5,085
7,018
1,683
Huntington Beach, California
silence-all-i-want-to-say.tumblr.com
Многу пати имам размислувано на оваа тема и сфатив дека има доста работи и места за посетување и видување, особено во последниве година две. Сигурна сум дека доста типични примери ќе дадам, но сепак имам неколку идеи.

Најпрво, туристот би го однела на плоштад. Ќе му раскажам за промената и новоградените објекти и споменици. За улица Македонија и нејзиното значење и посетеност. Потоа, може на ручек во Стара куќа на дегустирање традиционална кујна.
Друг ден, би го однела на прошетка во градки парк, а може како попатна активност и во зоолошката градина.
Друг ден, би го однела во Музеј на Македонија, а потоа со продолжување нагоре, и во Музејот на современа уметност. Попатно низ чаршија, може на кафе и колаче во К8, и секако, на Кале. За чаршија би дополнила ноќно искачање, може на пример, на пиво во Стар Град а.к.а. Пивница.
Доколку туристот е спортски настроен, би направиле пешачарење до Средно Водно и пикник во природа, а од тука со жичара на Крстот.
Еден ден би одвоила за посета на Св. Пантелејмон - Нерези.
Некој пат би го однела на тулумба, баклава и боза, на пример, во Апче. Сепак, и тоа треба да се проба. :D
Доколку туристот ужива во барови и рок места, најпрво би го однела во Сопотско на onion rings и темно Лашко, а после 12, би се симнале спрат подолу во MCM. Или пак, би тргнале кон Маракана.
Доколку повеќе сака дискотеки.... е тука не можам да помогнам.

Толку ми текнува моментално.
 

Saladin

Unbaised
Член на администрација
17 февруари 2012
6,024
9,655
1,683
Normandy
Ако збориме дека еве утре ми доаѓа некој од странство. на прво место би го однел кај мене дома, во центар да одмори од патот. Веќе после одморот почнува агенда на шетање. Зависи што личност е, (дали е повеќе по културните настани или е за шврљање по трговски центри на шопинг), го носам прво на истражување на околина. Пошо ГТЦ ми е до г`с, прво би го прошетал тука (во зависност колку ќе се задржиме) па продужуваме до плоштад. На плоштадот ќе почнам да му перам мозок демек Александар велики прикаски за мали деца, понатаму цела галантерија на гипсани фигури. Оттаму - улица Макединија. Е сеа тука како би ни се покажале приликите. У случај да се дешава нешто во Музеј на град Скопје, одиме таму во сходното време на манифестацијата, ако не, идеме по своја желба у истиот момен, бар да види нешто тро од артефактите изложени во долниот дел. После тоа - рамстор за мал одмор и кафе. После се враќаме климент охридски па вртиме кај Димитрија Чупоски преку Мекдоналдс до жена парк и дома.. Со тоа се заокружува еден дел од денот. Приквечер одиме накај Дебар Маало исто од Плоштад ама преку Партизанска и Соборна. Обавезно седиме во Деус или Џубокс, ако вкусовите ни се уклапаат. Преоѓаме партизанска и одиме на другата страна (Универзална). Попат ако имаме среќа купувам шише 2л Боза кај Апче (мада странци хејтаат боза). Идеме позади универзална се` до Теодосиј Гологанов, кај Млечен. Е тука зимаме кифли/пица па назад виа Теодосиј стигаме кај НИП. Преку тесните проласчиња некако доаѓаме кај собрание и оттаму дома.
Ден 2 - Турска чаршија или се што е околу неа. Одиме од НУБ преку Скендербег. Посета на сите анови, амамот, музеите како и оној на современа. Назад на ручек во Чаршија, преку Мост, камени - плоштад - дома. Вечерта резервирана за кејот покрај вардар на закуска со пиво/кафе.
Ден 3 Парк Зоолошка. Натаму вдолж Вардар, назад преку Партизанска. Ако имаме среќа одиме во Галери на Рузвелтова. Ручек или во Дестан карши градежен, или во Кинескиот позади Маршалот. Вечер цепаме накај Аеродром, три бисери ако се има душа и до бисер.
Ден 4. Водно. Пешки до средно, жичара до врв исто наназад. Ручек во Љуц позади Рамстор. Вечерта фаќаме некое отмено кафуле на Македонија.

Бонус: Ореов Лад, Матка, Нерези, Козјак, Соње.... све тоа зависи од желбите, временски услови. Само стојат како опции на располагање.
Ако човекот седи над 15тина дена фаќаме воз за Велес, Тетово, Битола (со преспивање)
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Blueberry

~ Скарлетка ~

Активен Член
25 октомври 2012
348
204
43
35
Скопје
кафулиња и дискотеки не препорачувам пошто ем е непотребна реклама ем сами можат да се снајдат... а за места би ги однела на кале, водно, градски парк (стар дел), матка и сето тоа искомбинирано со убава приказна е идеална комбинација за еден ден ;)
а да... и стара чаршија дефинитивно :zelen
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Blueberry

Mnogo Bitno

Староседелец
9 февруари 2015
1,801
810
1,133
Skopje
Стара Скопска Чаршија , Музеј , новиот театар , Водно , Матка , Кале ,ресторан Воденица,Старо Буре (Кучково) итн.
 

MissChievous

Ingenious
17 февруари 2012
5,085
7,018
1,683
Huntington Beach, California
silence-all-i-want-to-say.tumblr.com
Би почнала од стара железница, денешен Музеј на град Скопје и би раскажувала за таа градба и земјотресот. Потоа, малку низ ул. Македонија, може спомен куќата на мајка Тереза (иако нема ништо посебно што да се види), би раскажала за работи од нејзиниот живот. Од тука, плоштад, неколку зборови за стариот изглед наспроти денешниот, неколку зборови за ГТЦ. Секако, Камени мост. Понатаму, се разбира чаршија. Кратка посета на Св. Димитриј, па потоа обавезно Даут Пашин Амам. Малку уметност, малку историја. Потоа, прошетка низ уличките и полнење на батериите со традиционален ручек. Доколку туристот е заинтересиран можеби и посета на џамија. Обавезна посетан на Св. Спас. Исто така и Кале, малку историја, малку археологија и бонус, добар поглед кон градот. Продолжување до Современ музеј, во најмала рака би видел Пикасо. Потоа, уште едно полнење на батерии со кафе и благо.
Поопуштена прошетка - Соборен храм, парк и евентуално SCM.
По "природна" прошетка - средно Водно + жичара/крст. Доколку имам превозно средство, Матка + Св. Андреа + Врело.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Saladin