Вие користите застарен прелистувач. Може да не ви бидат убаво прикажани овој или други сајтови. Треба да го надградите вашиот или да користите алтернативен прелистувач.
Има луѓе (како мене) што многу ретко јадат риба. Или подобро речено само кога мора.
Но затоа јадам сеакво месо. Не прибирам воопшто и го јадам на секаков начин
месо на прво место, свинско се разбира... како беше она: додека не пробам лав, за мене крал на животните е свињата Од пилешко само стекови а риба јадам ама не многу... сепак свинското е врвот, подготвено и спремено на било кој начин...
Мразам риба и само неколку пати имам пробано во животов. А ни по месо не сум кој знае колку, освен пилешко. Стек обожавам, би можела секој ден да јадам. Други меса не сакам баш, можда свинска кременадла еднаш годишно да пробам.
Е, значи зависи у каква ситуација, ама не би одбила нити риба, нити па месо.. Особено кога се убаво приготвени, убаво сервирани, ма колку и да не сум гладна, ќе јадам !
Риба секако ,а најомилена ми е Лосос највкусната риба богата со омега 3 масни киселини ,а од месото само пилешко ,говетско никако го избришав од моето мени и секако тука се и Шницлите од Соја који се одлична замана за месото