Месечарење

Gabby

Полноправен Член
21 февруари 2012
61
46
18
26
Месечарењето, исто така познато како сомнамбулизам (somnambulism), е пореметување во спиењето, кое припаѓа на „фамилијата“ на парасомнии. Месечарите преоѓаат од фазата на длабок сон, во фаза на слаба свесност и извршуваат активности, кои обично се извршуваат при целосна свесност. Овие активности може да бидат незначителни, како седење на креветот, одење до бањата, чистење, а може да бидат и опасни, како готвење, возење, исклучително насилни дејства, грабање замислени предмети, или дури и убиство.!


Дали вие месечарите и раскажете ни некоја таква ваша случка!
 

4FUN

Староседелец
3 март 2012
897
1,988
1,093
Јас не месечарам ама моето куче е месечар... вистина е , не се зезам ...
прв пат ме извади од памет, малце ми фалеше да заплачам ( незнаев што се дешава) ...
си легнав, го земав лап топот и си пуштив филм ... кучето си легна со мене ... после 1h стана, од еднаш рипна од креветот, и почна да трча... ама трчаше само со задните нозе, предните му беа како пресечени ... со лицето се влечеше по земја, а со задните нозе упорно трчаше ... помислив има некој напад :( ( стварно жална слика беше) после 5мин се освести и право во кревет отиде ... цела вечер не спиев, го гледав , го галев ... утре дента се обратив кај ветеринар, кој ми даде број од некој постручен ветеринар ... дојде човекот дома, го прегледа, му ја објаснив цела ситуација и ми објасни дека месечарел и дека не е ништо страшно ... филм мојот Роки(пинч) е месечар (happy)
 

Succubus

Истакнат Член
28 февруари 2012
562
835
393
under your skin.
Не, јас не сум месечарела, освен тоа што некогаш само сум зборувала малку, некои зборчиња шо не треба :rofl
А знам една случка, дека една жена исто месечарела, и така во ноќта околу 2 и пол, станала и си сонувала дека оди на пазар.. и велела: Еве да си зеам ташната, и место ташната зима нож (мислејќи дека тоа е ташна) и го става блиску градите, знаете како шо се става ташна на рамо.. и малку и фалело да се прободе :eek
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Gabby

Caci

Истакнат Член
15 февруари 2012
876
1,104
393
31
Струмица
И јас немам месечарено до сега, мајка ми ми има кажувано како кога сум била јас мала, татко ми станал во сон и почнал да мава, да се дере, како да тепал некој и зборувал нешто и мајка ми се исплашила и се скрила под покривачот :giggle после некое време татко ми легнал пак и си продолжил да спие :D
 

The puss in boots

Староседелец
27 февруари 2012
221
147
1,043
28
Охрид
не месачарам ама ми се има десено една ваква случка
бевме на зимовање пред 3 години од на школо и сеа во соба бевме тројца, седевме до 1 вечерта и после ајде сите на спиење, јас некаде околу 4 сатот се будам а го глеам еден од другариве се шета околу собата а јас му викам кај ојш? тој не ми одговори ништо само ме виде и замина во бањата.. после сабајлето го прашвам кај одеше бе вчера кон 4 сатот ?? и тој ми рече нигде бе спиев кај да одам толку рано :eek
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: I love you and Gabby

Marrie

Староседелец
13 февруари 2012
509
803
693
Хаха интересна тема :D имам месечарено бе, еднаш :D 6-7 години сум имала. Сум тргнала да си купам чоколатче, сум ги облекла патиките и сум се фатила за врата. Среќа ме сетиле, ќе загинев по скали.
Фала Богу, еднаш ми се има десено :D
 

foREVer

Староседелец
20 март 2012
2,227
3,505
743
Како помала ми се има десено неколку пати. Еднаш ми кажуваше татко ми, порано бев легната вечерта, па сум се пробудила некое време, сум отишла во дневна и на фотеља право сум седнала, со затворени очи. Ме прашал татко ми шо праам, сум му рекла гледам тв. :D
Друг пат, пошо живеам на 3 спрат во куќава, сум слегла најдолу на приземје, 2 различни влечки имав земено и ги имав горе донесено. Не знам шо ми бил филмот. :D

Среќа ме сетиле, ќе загинев по скали.

Не е опасно слегување/качување по скали се додека е струјата изгасната. Бељата е ако ти запали некој светло. Барем така имам читано. :)
 

Mila Kunis

Истакнат Член
15 февруари 2012
2,290
3,528
443
Скопје
И јас имам месечарено како мала :( мислам дека сум имала 7-8 години...стаклото од влезната врата ни беше скршено,и можеше да се подига да протнеш рака за клучот. Сум отклучила од внатре,сум искочила сум заклучила од надвор и сум отишла во комшии на порта сум викала по девојчето да искочи да си играме :place Еве сеа додека пишувам ми трепери срцево,а не па тогаш(worried) И се сеќавам само на моментот дека искочи комшијата по гаќи и маица,и жена му и ја барав Анела..а не ми текнува они што збореа,и наеднаш се најдоа мајка ми и татко ми до мене...после тоа знам само дека се утепав од плачење и дека ја барав братучетка ми да дојде кај мене(имаше 3 години тогаш,често си играв со неа) татко ми ме лажеше дека се јавил,дека ќе ја донел чичко ми :D и така некако сум заспала плачејќи..од утре дента клучот го вадеа од врата моите,го сменивме и стаклото на вратата...Господ ме чувал, сум можела вените да си ги пресечам на стаклото,плус колку кучиња има во маало..

а за зборење во сон,ми се случува, и на мене и на брат ми...ама ваљда ништо страшно неам кажано до сеа :D
Точно ли е додека зборува некој во сон ако го фатиш за малото прсте ќе ти каже се што го прашуваш?
 

Snow

Староседелец
29 април 2012
677
440
1,073
Марс
Јас не месечарам ама моето куче е месечар... вистина е , не се зезам ...
прв пат ме извади од памет, малце ми фалеше да заплачам ( незнаев што се дешава) ...
си легнав, го земав лап топот и си пуштив филм ... кучето си легна со мене ... после 1h стана, од еднаш рипна од креветот, и почна да трча... ама трчаше само со задните нозе, предните му беа како пресечени ... со лицето се влечеше по земја, а со задните нозе упорно трчаше ... помислив има некој напад :( ( стварно жална слика беше) после 5мин се освести и право во кревет отиде ... цела вечер не спиев, го гледав , го галев ... утре дента се обратив кај ветеринар, кој ми даде број од некој постручен ветеринар ... дојде човекот дома, го прегледа, му ја објаснив цела ситуација и ми објасни дека месечарел и дека не е ништо страшно ... филм мојот Роки(пинч) е месечар (happy)
Брат умрев од смеа додека го читав :rofl Знам дека е жално ама смешно ми беше.. :D
Иначе немам месечарено, а за зборување, зборам :D
Еднаш сум се дерел КОМПЈУУУУУУУУУУУУТЕЕЕЕЕЕР :rofl
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: I love you and 4FUN