Мебел

MissChievous

Ingenious
17 февруари 2012
5,084
7,013
1,683
Huntington Beach, California
silence-all-i-want-to-say.tumblr.com
Можеби на некого му е тотално глупо, но обожавам мебел толку многу што често ми се случува да си зазјапнам во фотографија од некаква си фотеља и 20 минути да си правам филмчиња во главата. Доколку има и други обожаватели на дизајн на мебел, можеме тука да си постираме слики и да дискутираме околу нивниот дизајн и функционалност.

Мене лично ме привлекува поедноставен и минималистички изглед. Прав пример се дизајните на Баухаус, меѓу кои можеби најпозната е The Wassily столицата а.к.а. Model B3 дизајнирана од Marcel Breuer во 1925-1926 година:

The Wassily Chair.jpg

Мене меѓу поомилените столици ми е онаа на Josef Albers од 1928 година. Кај оваа столица ми се допаѓа комбинацијата на махагони дрво со буково, дополнето со одлични сиви "перници".

josef albers club chair.jpg

Најверојатно најпознатата фотеља е Eames longe chair со отоман, дизајнирана од страна на Charles and Ray Eames во 1956 година. Оваа столица едноставно вришти удобност, а реално гледано таа карактеристика тешко се наоѓа во периодот во кој таа е дизајнирана.

Eames Lounge Chair.jpg

Уште една многу позната фотеља е Barcelona chair, дизајнирана од Ludwig Mies van der Rohe во 1929 година. Модерен и елегантен изглед пренесен низ метал и кожа... мислам дека нема подобар дизајн во 20-тите години од 20-иот век.

barcelona chair.jpg
 
Последна промена:

existence

Boolean
Член на администрација
Админ
3 март 2012
7,391
9,099
1,683
Кушкундалево
Фуј минимализам.(puke)

Јас ко хејтер на минимализмот у било кој дел сем технологија, сакам мебел од масивно дрво да изобилува со детали. Нешто у стил на ова (да да, барокно е). Минимализмот ме утепува, никогаш не сум го сакал и го сметам за најдосадниот стил кој некогаш е донесен во Европа. Ако се прашувам јас тогаш колку повеќе детали толку подобро. Плус и у позадина од фугите на Бах за чело... мх мх.
 

MissChievous

Ingenious
17 февруари 2012
5,084
7,013
1,683
Huntington Beach, California
silence-all-i-want-to-say.tumblr.com
existence Тоа е убавината во минималистичкиот мебел, можеш да го комбинираш како сакаш и да го вметнеш во речиси секој стил. Всушност, се е до деталите како што викаш ти, но оние детали кои ги додаваш. Језда има и такви кои се што сакаат е испразнета просторија, една фотеља и лампа. Но и јас не сакам таква екстремна крајност на минимализам. А за стилот за кој говориш ти треба многу да внимаваш, зошто можеш да постигнеш кич. Освен доколку тоа е тоа што го посакуваш, секако.

Еве неколку рендом ствари.

Futon Lounge "Figo" - издолжена фотеља преку ден, кревет преку ноќ. Удобно, функционално, со одличен изглед.

Futon Lounge 1.jpgFuton Lounge 2.jpg

Како да се опише наредново - комода/полици за вино дизајнирано од борово дрво? Не е битно, изгледа супер. Едноставно, со одлични димензии, парче кое не зафаќа премногу место, а сепак нуди простор за многу шишиња вино.

Pine Wine Cellar Racks.jpg

Немам информации за оваа маса, но ја обожавам формата која ја има и бојата на дрвото. Прекрасна долга маса на која и е речиси задржана природната форма, односно делува како да е туку што земено парчето дрво и вметнато во просторијата. I just love it!

Long wooden table.jpg

Mogensen Coupé Sofa - дизајнирана од Børge Mogensen во 1971 година. Инспирирана е од британската Hall Porter столица, дизајнирана специјално за да ја задржува топлината од камините кои биле типични за домовите од тој период. Мислам, погледнете ја бојата на кожата... убавина!

Mogensen Coupé Sofa.jpg

NY Tall Table by Faktura Design - едноставно и уникатно. Доколку сте љубител на градот Њујорк, ова е одлично парче мебел кое привлекува многу внимание. Бидејќи е висока маса може да се користи и во барови.

NY Tall Table by Faktura Design.jpgNY Tall Table by Faktura Design 2.jpg
 
  • Like
Реакции: Luckky

existence

Boolean
Член на администрација
Админ
3 март 2012
7,391
9,099
1,683
Кушкундалево
Баш тоа софата со убавата кожа не е минималистичка. Ок, делумно е. Таму баш имаш фузија на минимализмот зашто чистиот минимализам има чисти форми, чисти површини и не се употребува нешто како таа кожа затоа што му ја нарушува чистината.

Другиве...фуј. Никогаш не би купил такво нешто. Јас уствари не поднесувам празна просторија или просторија со чисти едноставни форми. Во такви простории се осеќам како да ќе исповратам, буквално ме убива таа глетка.

Околу деталите, секако дека треба да се внимава. А околу кич и денешнава дефиниција за тоа што е кич баш и не се сложувам. Ако земеме како податок дека кичот настанал од критичката маса растена во барок во времето на преминот кон класицизмот (т.е. тој период е наречен рококо) и оценето како „барок со премногу детали“ и служело за потсмев демек од што е многу накитено со детали се изгубила основната идеја (барем јас така го имам ова сретнато кога се интересирав за стиловите) тогаш денешното значење на „кич“ воопшто нема врска.

Како и да е, јас претпочитам нешто што е контра-минимализам не само во архитектурата и уредувањето туку и во музика. Радо би слушал Бах или нешто што е преполно со детали и ќе ми треба време за да наслушнам се` отколку минималистички мелодии.
 

MissChievous

Ingenious
17 февруари 2012
5,084
7,013
1,683
Huntington Beach, California
silence-all-i-want-to-say.tumblr.com
Баш тоа софата со убавата кожа не е минималистичка. Ок, делумно е. Таму баш имаш фузија на минимализмот зашто чистиот минимализам има чисти форми, чисти површини и не се употребува нешто како таа кожа затоа што му ја нарушува чистината.

Другиве...фуј. Никогаш не би купил такво нешто. Јас уствари не поднесувам празна просторија или просторија со чисти едноставни форми. Во такви простории се осеќам како да ќе исповратам, буквално ме убива таа глетка.

Околу деталите, секако дека треба да се внимава. А околу кич и денешнава дефиниција за тоа што е кич баш и не се сложувам. Ако земеме како податок дека кичот настанал од критичката маса растена во барок во времето на преминот кон класицизмот (т.е. тој период е наречен рококо) и оценето како „барок со премногу детали“ и служело за потсмев демек од што е многу накитено со детали се изгубила основната идеја (барем јас така го имам ова сретнато кога се интересирав за стиловите) тогаш денешното значење на „кич“ воопшто нема врска.

Како и да е, јас претпочитам нешто што е контра-минимализам не само во архитектурата и уредувањето туку и во музика. Радо би слушал Бах или нешто што е преполно со детали и ќе ми треба време за да наслушнам се` отколку минималистички мелодии.
Не реков дека софата е минималистичка, само ми се допаѓа. Иначе, кога станува збор за кич не гледам на периоди. Токму бидејќи тоа дека дефиницијата за кич кај секого е различна, некои комбинации на мене може ми делуваат кич, а на тебе сосема океј. А може и да се направи некоја комбинација, на пример: ќе земам неколку парчиња мебел од стил барок и ќе ја дизајнирам просторијата така што, нема да ја натрупам. Односно, минималистички декорирана просторија со парчиња мебел од барокен стил. (wasntme)
 

MoonFairy

Староседелец
28 септември 2012
1,277
1,898
1,133

Отсекогаш сум сакала нешто креативно направено...да биде интересно, уникатно, со идеја...
Ова е едно од нештата што сакам да ги направам...
 

Aleksis

Jukebox
4 април 2013
1,441
2,541
1,133
Е јас многу си ги сакам парчињата мебел во ретро стил.
Враќање во шеесеттите и седумдесетите но сепак модерно и уникатно.






Фотелјата во форма на јајце, синоним за 60-тите.





Преубаво... Особено ми се допаѓат масичките и оние лава ламби препознатливи за ретро стилот.
 
  • Like
Реакции: Tantara and Lena

MissChievous

Ingenious
17 февруари 2012
5,084
7,013
1,683
Huntington Beach, California
silence-all-i-want-to-say.tumblr.com
Еве неколку парчиња што премногу ми се допаѓаат:

Button Tufted Leather Day Bed
Button Tufted Leather Day Bed.jpg

1950's Copenhagen Spitfire Chair
1950's Copenhagen Spitfire Chair.jpg

Chelsea Leather Left Arm Sofa Chaise
Chelsea Leather Left Arm Sofa Chaise.jpg

Greenhouse Chandelier
Greenhouse Chandelier.jpg

Grand Tour Lounge Chair by Maserati x Zanotta
Grand Tour Lounge Chair by Maserati x Zanotta.jpg

Map Carpets by Area Pavimenti
Map Carpets by Area Pavimenti.jpg

Modern Record Cabinet by Symbol Audio
Modern Record Cabinet by Symbol Audio.jpg

Printmaker's Desk
Printmaker's Desk.jpg