1.Што е тоа што еден човек го прави материјалист?
2.Дали е лошо, погрешно или егоистичко да се биде материјалист?
3.Дали потребата за материјални работи е еднаква на себичноста?
4.Дали посакувањето и поседувањето на материјални работи, не прави површни луѓе?
5.Дали сте вие материјалисти?
6.Колку се важни материјалните работи за вас?
1. Потребата да поседува работи , пари или предмети од вредност, можеби и да ужива некаков статус во општеството оти овие работи повлекуваат многу други работи со себе.
2. Зависи од кој аспект се гледа. Ако сакаш материјални работи сакаш да уживаш во благодетите на материјалното, но притоа сакаш сам да ги постигнеш и со труд да ги оствариш тие работи тогаш е сосема разбирливо. Но од друга страна многу материјалисти се движат или сакаат да се движат по полесниот пат односно готованџиски да ги добијат работите без многу труд и мака. Фрапантно за мене е тоа што многу девојки во нашево општество се решаваат за овој начин ( реков девојки , немора да значи дека мажите не го прават тоа ) но она што барем во мојата околина го гледам е дека материјалното е најбитно и треба да се има по секоја цена па макар и да се продаваме како на сточен пазар. Ме ужаснува тоа сознание дека моралните вредности се изобличија и се поместија сите стандарди на работите ( незнам ни дали веќе има стандард и што значи тој) . Но сведоци сме на глобално материјализирање околу нас и што е најлошо од мнозинството тоа се прифаќа како нешто сосема нормално.
3. Ако знаеш дека имаш , а знаеш да поделиш да дадеш и да помогнеш онаму каде што треба не , ама има случаи ( за жал повеќе од претходните) каде што да може да биде многу себична и ненаситна таа потреба.
4. Не мора да значи. Сеа ако го земеме материјализмот како широк поим ќе имаме многу за елаборирање и може да не доведе во различни насоки. Не мора да значи дека не прави површни , се додека не се изгубиш во неговата привлечност. Додека стоиш цврсто со изградена свест за што ти сакаш , што тебе ти треба и колку ти е доволно за да се чувствуваш добро ќе знаеш да бидеш умерен и да ги цениш и најмалите работи околу тебе.
5. Материјалните работи секогаш ќе бидат присутни во нашите животи. Прашање е колку ние ќе им придадеме значење и колку ние самите ќе им дозволиме да ни го владеат и да ни влијаат во животот.Многу е битно да знаеш да си умерен во работите.
6. Никогаш поважни од духовното и од моите норми и вредности.