Материјалист

MissChievous

Ingenious
17 февруари 2012
5,085
7,018
1,683
Huntington Beach, California
silence-all-i-want-to-say.tumblr.com
Што е тоа што еден човек го прави материјалист?

Дали тоа е потребата за поседување на најдобар мобилен телефон, таблет, компјутер, апарат, саат, патики, штикли, парфеми, мотори, автомобили?

328844-52621-39.jpg
greed.jpg

Искрено ќе признаам дека го сакам најдоброто од се.
Ќе најдам оправдание во фактот дека сум бик во хороскоп, а биковите го сакаат најлуксузното и најдоброто за себе. Од највкусната и најбогата храна, до најлуксузната и најнова технологија. Задоволство за сите сетила.

Поради тоа, често сум негативно осудувана.
Дали е лошо, погрешно или егоистичко да се биде материјалист?

Дали потребата за материјални работи е еднаква на себичноста?

tumblr_mate50wF5a1rs6zg6o1_500.jpg

Доколку еден човек може да си овозможи да има се што ќе посака, дали тоа го прави материјалист?
Тука спаѓа и патувањето насекаде низ светот, различните храни, пијалоци, активности и невообичаени искуства.

Дали посакувањето и поседувањето на материјални работи, не прави површни луѓе?

Ќе споделам со вас песна која ја претставува сликата во Америка за материјализмот и консумеризмот и сметам дека иста е приказната насекаде во светот.

Дали сте вие материјалисти?
Колку се важни материјалните работи за вас?
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: melpomena and WomanInRed

malo

Староседелец
Најфотограф
13 септември 2012
1,280
2,068
1,133
1.Што е тоа што еден човек го прави материјалист?
2.Дали е лошо, погрешно или егоистичко да се биде материјалист?
3.Дали потребата за материјални работи е еднаква на себичноста?
4.Дали посакувањето и поседувањето на материјални работи, не прави површни луѓе?
5.Дали сте вие материјалисти?
6.Колку се важни материјалните работи за вас?

1.Потребата за поседување
2.Егоистичко не е, лошо може да биде само за самата личност доколку ги изгуби нештата кои ја прават среќна...
3.Не
4.Не
5.Иако сум бик во хороскоп, не сум материјалист:)
6.Битни ми се само доколку се неопходни. Ги сакам предметите само поради нивната функција и не сум зависна од истите.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Lena and $3Я3|\||)&p&†Y

990Freak

Староседелец
12 март 2012
1,275
1,911
1,123
Kumanovo
Мизерија. Материјализам е контра од човештво. Ако имаш само матријално богатство,веруј, најсиромашан си... Автомобил, мобилан телефон .. тој е потреба. Не ми е битно какф телефон иам, или какво афто иам, битно е да га иам. До пред 1 годину возеше југо, и никад не сам се засрамија заради тој, пошто ја авто га сметам за потреба, не за курназење низ град - еј види какво авто иам... тој е надпросечна мизерија. Обично, материјалисти су и лиглиња уалени, што не разбирав ништо и претендирав да бидев у центар пажњу. Народски речено... сељаци . Значи, не селанец, него сељак. На нас ни треба човештво (Humanity) ако на некога му треба превод. Од предмети е преко полов орган. Све е преценето на овј свет. Никад не сам бија,нема да биду, и ќе ги пљукам лиглиња све док сам жив. Без увреду.
 
MissChievous

Ingenious
17 февруари 2012
5,085
7,018
1,683
Huntington Beach, California
silence-all-i-want-to-say.tumblr.com
Значи нехумано е да имаш се што ќе посакаш, а?
Значи сељак си ако посакуваш некаков мобилен или некаква кола?
Значи ако не се задоволуваш со просечното си лигле?

А ако си во врска/брак со мажот/жената која го/ја сакате, имаш паметни убави деца и сте 100% здрави, и имаш успешна кариера... ако имаш СЕ што не може да се купи, тогаш?
Мизерија е ако работиш за да го купиш лаптопот или мобилниот телефон кој ти се допаѓа најмногу и посакуваш да го купиш?

Не станува збор за љубов, здравје, пријателство, станува збор само за материјалните работи.
Мене па многу ми се бедни тие што се задоволуваат со малце. Без навреда.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Давор and melpomena

1. Не е нехумано да имаш све што ќе посакаш, нехумано е да ги понижаваш онија што неможев да си га дозволив тој истото. (Живимо на балкан, девојко)
2. Не си ако посакуеш, сви ми нешто посакуемо. Истото погоре важи и за овој.
Да не сфатимо погрешно, немој да мислиш дека ја од социјалну помош живу па лечу комплекси туј на овуј тему, способан сам да си заработу, и тој добру пару месечно. И тој сс мои 10 прста, не чекам на никога да ми даде или да ме издржава, само сакам да кажу дека тија материјалисти су уображени размазењаци, љуби их мајка, што кд ги виду превртуе ми се нешто у стомак.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Хоуп* and malo

Батка како тоа е нехумано и понижување за некого ако посакуваш одредена работа? Нема логика.

Плус, само на Балканов постојат луѓе кои не можат одредени работи да си приуштат?

И секој човек посакува некаква материјална работа. Не мора да значи дека на исто ниво.
На пример, ако еден сака кола, се задоволува и со Југо, тука нема ништо лошо или понижувачки. Битно, тој си ја остварила желбата. Друг сака Мерцедес, и тука нема ништо лошо и понижувачки.

Искрено, мислам дека секој човек е од овој тип, односно материјалист, само што повеќето не сакаат да признаат.

П.С. Мислам дека ти збориш за дигнати шмизли, зошто инаку ти нема логика коментарот дека сите кои кои целат да поседуваат одредена, не мора да биде луксузна, но материјална работа, е лигуш.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: melpomena

Шмекси

Истакнат Член
15 февруари 2012
1,133
1,065
113
Скопје
www.statik-group.com
Значи нехумано е да имаш се што ќе посакаш, а?
Значи сељак си ако посакуваш некаков мобилен или некаква кола?
Значи ако не се задоволуваш со просечното си лигле?

А ако си во врска/брак со мажот/жената која го/ја сакате, имаш паметни убави деца и сте 100% здрави, и имаш успешна кариера... ако имаш СЕ што не може да се купи, тогаш?
Мизерија е ако работиш за да го купиш лаптопот или мобилниот телефон кој ти се допаѓа најмногу и посакуваш да го купиш?

Не станува збор за љубов, здравје, пријателство, станува збор само за материјалните работи.
Мене па многу ми се бедни тие што се задоволуваат со малце. Без навреда.

Материјалист во Македонија е малку непознат поим.
Некаков е далеку поразлично од најдобар телефон.
Ај за телефон напред назад 500 еу.
Тешко е да купиш најдобра кола у пичку матер.
130.000 еу нова седмица бмв.Немаш покритие за тие пари.
Најдобар одмор Ибица?
Не повеќе од 5000 еу, макс 10 со опуштање.
Најдобра куќа- сведок сум на градење на куќа без ентериер, некаде 500.000 евра.
Ама пак не е најдобра има и подобра.Знам и таква.
Можеш да си дозволиш?
Најдобра храна и пијалоци да го е**м, сум живеел на висока нога по ресторани секој ден џекови да фрчат па сум спичкал 2000 евра и кусур и сум се осеќал дебилно.
А и треба баеги голема плата да земаш или пак да имаш свој голем бизнис за да го правиш тоа.Или да дилаш дрога.
Така бар секое скапо јадење ќе го јадеш како да ти е последно.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Outrider

melpomena

Енигма
3 март 2012
8,210
17,754
1,673
На сигурно
Значи нехумано е да имаш се што ќе посакаш, а?
Значи сељак си ако посакуваш некаков мобилен или некаква кола?
Значи ако не се задоволуваш со просечното си лигле?

А ако си во врска/брак со мажот/жената која го/ја сакате, имаш паметни убави деца и сте 100% здрави, и имаш успешна кариера... ако имаш СЕ што не може да се купи, тогаш?
Мизерија е ако работиш за да го купиш лаптопот или мобилниот телефон кој ти се допаѓа најмногу и посакуваш да го купиш?

Не станува збор за љубов, здравје, пријателство, станува збор само за материјалните работи.
Мене па многу ми се бедни тие што се задоволуваат со малце. Без навреда.
скоро да се согласувам со тебе,сакам да имам се и се стремам кон она што јас сакам да имам,да постигнам да го имам,но не по секоја цена.туку со труд и усогласување на приоритетните потреби.
не сум фанатик по автомобили,телефони и слично,не би дала пари за телефон но би сакала да имам подобар и пофункционален.но ете без да ги плакам како редовен и добар корисник на секои година и шест месеци зимам нешто солидно со минимална доплата од тмобајл и тоа ме задоволува.
сакам да патувам,да имам дома одприлика се што ми треба но не по цена да некого злоупотребам за да го имам сето тоа.
не е материјалист оној човек што се стреми кон свое подобро утре и уживање.но пак ке повторам,не по секоја цена.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Хоуп* and MissChievous

Марија

Poétesse
14 април 2012
1,146
2,491
1,123
Скопје
За мене материјалист е оној кој има се, и е некој - а сепак околу себе нема никој, а во себе ништо.
Материјалист е секој оној кој материјалните добра ги става на прво место, како главен приоритет во животот.
Материјалист е оној кој работи нешто само зошто знае дека од тоа има профит.
Материјалист е оној кој стекнува пријатели само зошто знае дека ќе извлече материјална придобивка од нив.
Материјалист е оној кој смета дека партнерот пред се треба да му обезбеди совршени материјални услови.
Материјалист е оној кој купува екстра скап телефон, а по два дена уште два исти иако поим нема што ќе прави со сите три.
Материјалист е оној кој одамна се разделил од човечкото во себе и се пронаоѓа во материјалните добра.
Материјалист не е човек кој работи за да има, за да ужива во животот околу кој се вртат парите.
Не ги осудувам оние кои не се задоволуваат со малку и секогаш се стремат кон повеќе се додека тие истите погледнуваат околу себе, подаваат кога треба и сеуште чувствуваат нешто кон некого и некој.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Хоуп* and melpomena