Масла за коса | Црнобело Форум

Масла за коса

MademoiselleD

Полноправен Член
21 октомври 2013
46
48
18
Скопје
Тема со цел да ги споделиме искуствата со користењето на маслата за коса : кокосово, бадемово, ореово, чичково... Кое масло го користите и од кое сте најмногу задоволни ? Дали имате определен бренд на масла кои ги купувате ? Колку често употребувате некои од овие масла за коса ?
Јас лично подолг период го користам кокосовото масло и сум премногу задоволна. Не го ставам повеќе од 2 пати неделно. Го ставам од коренот па се до врвовите на косата. :) А вие ?
 

melpomena

Енигма
3 март 2012
8,210
17,754
1,673
На сигурно
А зошто служи односно каква корист има косата од кокосовото масло?
За оштететна,тенка....?
Кое масло за каква коса е?
 

MademoiselleD

Полноправен Член
21 октомври 2013
46
48
18
Скопје
Кокосовото масло се користи за подобар и побрз раст на косата (богато е со витамин Е ) и за помалку расцветување на влакната.
Бадемовото масло се користи за сува и оштетена коса. Најчесто ова масло се користи на врвовите на косата и го спречува нивното расцветување.
Ореовото масло се користи за потемна коса и исто така го негува влакното на оштетената и сува коса.
Чичковото масло го спречува и отстранува првутот, го спречува опаѓањето, го зајакнува влакното и и' дава виталност на косата. Има многу јак мирис и не многу пријатен за разлика од останатите масла.
Го немам само рицинусовото масло користено. Имам слушнато дека се нанесува само на скалпот и дека на косата и дава сјај и еластичност.
Не е важно дали влакното е тенко или дебело. Сите масла се нанесуваат на сува коса, а потоа темелно се измиваат со шампон.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: melpomena

MademoiselleD

Полноправен Член
21 октомври 2013
46
48
18
Скопје
Да, да.. Прво се нанесува маслото, остави го да стои 2-3 саати и после нормално измиј ја косата со шампон. Последното кокосово масло кое го купив беше од ДМ, а цената е некаде околу 90 денари.Тоа го препорачувам дефинитивно. Преубаво мириса и многу е ефикасно. Може да се најдат мноогу поефтини масла. Во Зегин ги има маслата на Фитофарм и Галафарм ( според мене тие на Фитофарм се за нијанса подобри од маслата на Галафарм ). Мислам дека цените им се движат некаде околу 70-80 денари.
Има масла и на Бонес во Рамстор. Тие ми се чини дека се најефтини, некаде околу 30-40 ден. ама воопшто не ми се допаѓаат. Многу се водлести за разлика од другите.
Најквалитетна варијанта за кокосово масло е кокосовото масло во тегличка, го има во Зегин. Тоа е околу 250-300 денари. За ова зборам :images.jpg
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: MissChievous

MissChievous

Ingenious
17 февруари 2012
5,085
7,016
1,683
Huntington Beach, California
silence-all-i-want-to-say.tumblr.com

parvati

Сангвиник
14 февруари 2012
6,710
13,878
973
Иам дома едно овакфо нешто, мама га користи, увек кд улегну у веце га читам италијански наслоф
Olio di riso, burro di carite. Значи рисо, од ориз е овој. Мислу дека е кфалитетно, затој што мама има убаву косу иако е жена у године
: )
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: MademoiselleD

existence

Boolean
Член на администрација
Админ
3 март 2012
7,436
9,143
1,683
Кушкундалево
Maјка ми порано користеше кокосово, сега не сум ја видел да става. Врска неам какви резултати имаше кај неа. Јас одамна му се мислам да си земам кокосово, ама ете што од незаинтересираност што од заборавеност не сум земал до сега.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: MademoiselleD

MademoiselleD

Полноправен Член
21 октомври 2013
46
48
18
Скопје
Иам дома едно овакфо нешто, мама га користи, увек кд улегну у веце га читам италијански наслоф
Olio di riso, burro di carite. Значи рисо, од ориз е овој. Мислу дека е кфалитетно, затој што мама има убаву косу иако е жена у године
: )


Може да ја прашаш од каде го купува ? Тоа би требало да е одлично масло, башка од ориз.. Не можам да најдам такво, или па не сум барала кај што треба :/