Масажа

street_chic

Староседелец
14 февруари 2012
1,433
3,678
723
Portofino, Italy
Пригушена светлина, тивка и удобна соба, нежни акорди на релаксирачка музика, природни звуци на пенлив поток, птичја песна, капки дожд, морски бранови...сето тоа е само дел од она кое ви е потребно после стресното секојдневие. Ако барем еднаш во месецот не си дозволите масажа нема да дознаете кое е чуството на апсолутно целосно опуштање-на телото и душата.


За масажите знам дека древните народи ги практикувале често, древните Еѓипќани, Вавилонци, Индијци за да развијат еластичност на телото при Камасутра, Грци за да оформат мускулатура... Но, најважната причина денес е одстранување на стресот, напрегнатоста и заморот. Многу од нас, во ова модерно време го потценуваат човечкиот допир. Бескрајно различни се техниките на масажа, но она што се нуди кај нас најчесто на практика е:

Класична масажа-кај неа се користат методи за лесно натискање, разтривање и исправување, со помош на различни ароматични масла и креми.

Тајландска масажа-стар метод, со кој преку палците и прстите се стимулираат над 7500 нервни завршетоци на двете стапала.

Масажа со мед-моментално е хит,има одлични ефекти за здравјето,ги отстранува непотребните штетни материи од телото.Се нанесува квалитетен мед,со посебни движења се истиснуваат сите токсини под кожата.




 

street_chic

Староседелец
14 февруари 2012
1,433
3,678
723
Portofino, Italy
Релакс масажа-помага при главоболка, опушта, ги обновува функциите на телото, доста е користен и скоро секој салон го нуди во својата програма.

Чоколадна масажа-моментално е доста популарна, започнува со пилинг кој ја чисти кожата од мртви клетки, ја ревитализира и потхранува. Процедурата се врши со специјална смеса од какао во прав, бадемово и масло од какао. Какаото содржи природни антиоксиданси,кои делуваат благотворно на телото.



Масажа со вулкански камен- доста поскапа процедура од другите. Се користи вулкански базалт, се аплицира врз точно определени точки од грбот, се поставуваат жешките камења, мускулите бргу се опуштаат и се постигнува полна релаксација.
health-fitness-massage-woman-stones_s600x600.jpg
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Gemini and Hexasto

JaMi

Староседелец
22 февруари 2012
6,527
14,438
1,683
Таму каде што треба
masaza1.jpg
 

Шмекси

Истакнат Член
15 февруари 2012
1,133
1,065
113
Скопје
www.statik-group.com
Масажа со ароматерапија во тцц плаза е нешто што мене најмногу ме опушта и смирува.Кој пробал сигурно знае.За цена која би требало секој да може да си ја дозволи бар еднаш во месецот мислам дека навистина вреди.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: street_chic

JaMi

Староседелец
22 февруари 2012
6,527
14,438
1,683
Таму каде што треба
јас кај што одев на масажа,се затвори салонот а мн беше ефтино 12оо ден за 10 третмана по 30минути.Ако знае некој ваква понуда нека каже :)
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Black Mamba

The_melnicanecot

Истакнат Член
16 февруари 2012
237
392
363
37
Скопје
студирам физиотерапија ..... :)
можеш да дадеш некој совет „шеринг ис керинг“
- Викаат дека знам добро да масирам, не сум стручен едноставно со реацете се движам по местата кои ми се потврди.
кога се масира битно е да почуствуваш каде најпогодно и најдолго да се задржиш :)
 

street_chic

Староседелец
14 февруари 2012
1,433
3,678
723
Portofino, Italy
можеш да дадеш некој совет „шеринг ис керинг“
- Викаат дека знам добро да масирам, не сум стручен едноставно со реацете се движам по местата кои ми се потврди.
кога се масира битно е да почуствуваш каде најпогодно и најдолго да се задржиш :)

Зависи за каква масажа правиме муабет, ако е релакс тогаш го третираш цело тело, обично 50-60 мин, ( по 10 мин раце, 20 мин грб, по 5 мин нозе и на крај уште 10 мин грб) а ако е медицинска обично е 20-30 мин само на болното место, и пак зависи од дијагнозата и осетливоста на пациентот, некои сакаат повеќе "стегање" некои помалку, а од дијагнозата зависи пак и регијата колку дозволува масирање.
Сепак најбитната работа е да си определиш начин на масирање и положба. Сигурно нема да масираш сат време и после 2 дена тебе да те боли грбот од неправилна положба, така ? :)