Македонски филмови

The Tramp

Филмохолик
17 февруари 2012
3,367
4,942
1,173
Филмското производство во Македонија започна во почетокот на ХХ-тиот век. Браќата Јанаки и Милтон Манаки во 1905 година, само една деценија по појавата на филмот, со нивната 35 мм филмска камера "Bioscope No. 300", производство на Charles Urban Trading Co., ги направија првите филмски снимки не само во Македонија туку и на Балканот.
Оттогаш па наваму се снимени многу македонски филмови од кои попознати се:
  • 1952 - Првиот македонски игран филм „Фросина“
  • 1955 - Вториот македонски игран филм „Волчја Ноќ“
  • 1958 - Првиот македонски игран филм во боја и тоталскоп техника "Мис Стон"
  • 1961 - Играни филм „Мирно Лето“ и „Солунски Атентатори“
  • 1967 - „Мементо“ и „Македонска Крвава Свадба“
  • 1969 - „Република во пламен“
  • 1971 - „Македонскиот дел од пеколот“, „Црно Семе“, и првиот македонски цртан филм „Ембрион No. М“
  • 1977 - „Исправи се Делфина“
  • 1986 - „Среќна Нова '49“
  • 1988 - „Викенд на мртовци“
  • 1991 - „Тетовирање“
  • 1994 - „Пред дождот“
  • 1997 - „Џипси Меџик (Gypsy Magic)“ и „Преку Езерото“
  • 1998 - „Збогум на 20-тиот век“
  • 2002 - „Како убив светец“
  • 2003 - „Балкан-кан“
  • 2004 - „Големата вода“
  • 2007 - „Сенки“
  • 2010 - „Мајки“
  • 2011 - „Панкот не е мртов“
Дали гледате македонски филмови? Кој македонски филм најмногу ви се допаднал?
Јас многу ретко гледам македонски филмови и последен македонски филм што го гледав беше Сенки пред неколку години, а најинтересен од сите до сеа што сум ги гледал ми беше Балкан-кан.
 
  • Like
Реакции: Hexasto and Hip.Hop_MKD

Jackal

Староседелец
13 февруари 2012
2,031
2,642
1,143
26
Битола
ги гледам македонскте филмови доста често.. најмногу впечаток ми сотавиле балкан кан и викенд на мртовци.. инаку сум ги гледал , фросина, сенки, прашина, пред дождот и куп други... сега чекам да излези и трето полувреме...
 
  • Like
Реакции: The Tramp

The Tramp

Филмохолик
17 февруари 2012
3,367
4,942
1,173
ги гледам македонскте филмови доста често.. најмногу впечаток ми сотавиле балкан кан и викенд на мртовци.. инаку сум ги гледал , фросина, сенки, прашина, пред дождот и куп други... сега чекам да излези и трето полувреме...
Викенд на мртовци го заборавив. Најјака комедија до сега направена :)
 
  • Like
Реакции: Viktor k

Jackal

Староседелец
13 февруари 2012
2,031
2,642
1,143
26
Битола
одтој филм ми остана многу реплики во сеќавање како преко тасета , ово нема у београду,, цанде стегај фичото, едни молеришта апашана неранимајковци.. и други..
 
  • Like
Реакции: The Tramp

Jackal

Староседелец
13 февруари 2012
2,031
2,642
1,143
26
Битола
по скалите познав.. директоро ко дојде на погреб и шу му рече честито на тој од београд....
 
  • Like
Реакции: The Tramp

Hip.Hop_MKD

Староседелец
15 февруари 2012
2,192
3,931
743
Од „Викенд на мртовци“??
по скалите познав.. директоро ко дојде на погреб и шу му рече честито на тој од београд....
Да таа. Иначе во Скопје се наоѓа во населбата Пржино, во близина на оваа се наоѓа и Зелената Куќа
http://forum.crnobelo.com/threads/Македонски-урбани-легенди.279/#post-7687 .
 

Македонец

Староседелец
14 февруари 2012
313
439
1,063
цанде стегај го фиќото.

имаме доста добри филмови само не си ги цениме, вака што ми текнуваат по име што сум ги гледал се викенд на мртовци, тетовирање, пред дождот, прашина, големата вода, илузија, балканкан, превртено, сенки и бунило филмот го фатив од пола :( да не знае некој каде може да се најде.