Македонски онлајн продавници за облека и модни додатоци

MajkaMuNaMarko

Староседелец
18 февруари 2020
38
19
1,008
38
Здраво Девојки,
Споделете од кои македонски онлјан продавници купувате облека?
Освен на Fashion Group не можам да најдам други кои ми изгледаат безбедно?
Ваши искуства.
Благодарам
 

Electra

Неонка
Член на администрација
Админ
16 февруари 2012
3,103
7,518
1,183
Big Sur
Не купувам многу често од нашиве интернет продавници, но од овие што имам нарачано преку Инстаграм, а тоа се mood_store_mk и kupi.me.com.mk (не е сајт, така им е јузерот на инста) сум презадоволна и од комуникацијата и од квалитетот на облеката. Тука е и barbag_boutique, но нивниот профил ми служи само да разгледам што имаат ново пошто продавницата ми е во комшии и си купувам во живо.
Од aura_mk немам купувано, но сум била во продавницата и исто нудат одличен избор.
Тие 4 се со сигурност што можам да ги препорачам.

Е да, Persin, кои нудат и чевли и облека, се на Фејсбук, исто се од Куманово како Аура и Барбег. Чевлите им се сосема солидни, додека облеката не ми е нешто омилена ни по изглед, ни по квалитет (бар не поевтините), но може да се најде по нешто и барем нема набилдани цени, па колку пари - толку музика. Претежно секојдневно ставаат слики од работите што ги нудат, со цена и бројче, така да единствено скролањето може да е малку проблем.