Македонска кошаркарска репрезентација

Altaïr

Shinigami
23 јули 2012
5,855
2,674
1,683
Han Wavel
Ај да не плукам само, оваа утакмица супер ја одиграа, искрено значи. Е сега единствено што ме нервира мене е неиграњето одбрана, значи против онаква Данска да се игра добра одбрана немаше ни 20 поени да ни дадат. Ама кога не се научиле до сега, нема ни да научат.

Трајковски не го сакам ич, но кога нема друг нека игра. Тоа што е луд малце е друга работа, на некои утакмици е добар не викам не, ама на некои се губи ептен. Шутирањето тројки и глумењето шутер премногу ме нервира кај него ама ај, нека си шутира дечкото, ќе го видам кога ќе почне европското.

Магдевски е добар плеј ама во одбрана е слаб а и шутот не му е баш добар. Во иднина сигурен сум дека ќе ни биде еден од најдобрите ама сега е далеку од тоа. Сепак за негова возраст е супер играч, не познавам играч со 18 години што може против репрезентативци да ја пренесува топката и да прави акции. Има иднина во детево. :)

Дамјан се променил ептен, катастрофалната игра во МЗТ ја продолжи и во репрезентацијата. Ќе погоди некој шут и тоа е, не гледам никаква борба како што имаше пред 2 години во МЗТ. Мора да се промени што е можно побрзо зашто иначе ќе си остане само просечен играч.

Војдан па е скроз различен од брат му, супер игра и одма се приметува дека играл надвор од Македонија. Сите тие тренинзи што ги има во Берлин даваат резултат, среќа не остана тука. Во иднина би бил прав лидер на репрезентацијава. :)

Хендрикс во одбрана е супер, уствари тој заради тоа е и донесен, јас не очекувам по 20 поени од него туку само да игра одбрана како денес.

Костовски, Симоновски, Соколов и останатите слободно можат да си продолжат да одат по кафани и да се пијанчат до сабајле. Од сите тие сум подобар, ако пушам по 2 кутии на ден. :)
Јас да сум им тренер само одбрана би ги тренирал и да трчаат по 50 круга околу сала за да имаат кондиција а не како Соколов прееска, тргнува во контра и ќе умреше за малце, тој данецот го стигна од пола терен.

На 27ми против Белорусија е небитна утакмица, веќе сме на европско и едвај чекам да видам како ќе си играат со нас. :)
 
Altaïr

Shinigami
23 јули 2012
5,855
2,674
1,683
Han Wavel
Не дека нешто е битно ама ако сакаме да сме први во група вечер треба да победиме со 20+ разлика, бидејќи Белгија сигурно нема да изгуби од Данска туку ќе ги победи со 10+.
Добро сега, не дека не може данците да изненадат ама мислам дека Белгија ќе тепа, една Швајцарија ја победи Русија а вечер против Италија ќе се бори за европско, Австрија има шанси за европско, цела Европа почнала кошарка да игра а ние се враќаме назад. Можеби Шпанија ќе е фаворит за прво место уште долго ама за другите места ќе гледаме се повеќе изненадувања. :)
 
Outrider

A Witty Cat
Член на администрација
23 мај 2013
5,405
5,905
1,683
Disco
Тоа е добро од една страна, изненадувања и се` ама од друга страна квалитетот на еуро-кошарката е во слободен пад. Иако има пад и во НБА сепак не е така драстичен како во Европа. Хано Мотола ќе игра на СП. Шта речи. Чековски играше полуфинале на ЕП. Бизарен антиталент кој некогаш би бил предмет на потсмев во денешната кошарка дојде скоро до медал. На ЕП имаше резултати 54-47 и слични. Нема креативност, нема ништо ново, нема големи таленти, добрите тренери остареа и се пензионираа...

Се кладам дека Валтер Херман иако ветеран во селекцијата на Аргентина ќе биде подобар од еден куп `млади и надежни` кога ќе игра против нив. Погледнете ги играчите од порано кои играа за Литванија, Немачка, СРЈ, Италија, Бразил, Аргентина, Кина... и споредете ги со овие сега...
 
Altaïr

Shinigami
23 јули 2012
5,855
2,674
1,683
Han Wavel
Не успеавме да бидеме први во група ама добро, и така ништо не менува дали ќе сме први или втори, секако ќе губиме. :)
Ме мрзи да ја коментирам играта ама еве на кратко, убаво игравме до последната четвртина. :)

За Европската кошарка се согласувам, кога се во прашање репрезентациите нема некои добри играчи и таленти освен во Шпанија, но се повеќе почнуваат кошарка да играат и земји што никогаш не играле, Швајцарија на пример. Во Шпанија на пример младите таленти тренираат или во Реал или во Барса каде што многу може да се научи, затоа Шпанија нема проблем со репрезентацијата, ама кај нив си вложуваат во младите за разлика од нас. Не ми се пишува за кај нас, само што ќе излезе некој добар млад играч одма го расипуваат.

Такви играчи како тие што играле порано за СРЈ нема веќе да видиме, тогаш сите играа кошарка и затоа имаше толку многу добри играчи од балканов.

Европските репрезентации се познати по малиот број поени, затоа што не играат брза кошарка, исто е и во Евролига, сигурно си видел некогаш. И мене ми е чудно кога ќе гледам НБА и на полувреме е 65:64. Затоа и на светско кога САД ќе играат против европска репрезентација се обидуваат да играат побрзо, зашто ако играат европски ќе изгубат. :)

За во НБА иначе не се сложувам дека има пад, можеби нема играчи како во времето на Џордан, Шек, ама сепак, секоја година има многу добри играчи на драфтот. Мене не ми изгледа дека има пад искрено, еве сега во новава сезона ќе видиме како ќе се покажат новите таленти. :)
 
Altaïr

Shinigami
23 јули 2012
5,855
2,674
1,683
Han Wavel
Босна, Исланд, Израел, Холандија, Полска, Германија, Белгија, Македонија, Летонија, Русија, Италија, Грузија и Чешка се квалификуваа за европското првенство.
Веќе квалификувани беа: Шпанија, Франција, Турција, Грција, Словенија, Хрватска, Србија, Украина, Финска и Естонија. :)
 
Outrider

A Witty Cat
Член на администрација
23 мај 2013
5,405
5,905
1,683
Disco
Не успеавме да бидеме први во група ама добро, и така ништо не менува дали ќе сме први или втори, секако ќе губиме. :)
Ме мрзи да ја коментирам играта ама еве на кратко, убаво игравме до последната четвртина. :)

За Европската кошарка се согласувам, кога се во прашање репрезентациите нема некои добри играчи и таленти освен во Шпанија, но се повеќе почнуваат кошарка да играат и земји што никогаш не играле, Швајцарија на пример. Во Шпанија на пример младите таленти тренираат или во Реал или во Барса каде што многу може да се научи, затоа Шпанија нема проблем со репрезентацијата, ама кај нив си вложуваат во младите за разлика од нас. Не ми се пишува за кај нас, само што ќе излезе некој добар млад играч одма го расипуваат.

Такви играчи како тие што играле порано за СРЈ нема веќе да видиме, тогаш сите играа кошарка и затоа имаше толку многу добри играчи од балканов.

Европските репрезентации се познати по малиот број поени, затоа што не играат брза кошарка, исто е и во Евролига, сигурно си видел некогаш. И мене ми е чудно кога ќе гледам НБА и на полувреме е 65:64. Затоа и на светско кога САД ќе играат против европска репрезентација се обидуваат да играат побрзо, зашто ако играат европски ќе изгубат. :)

За во НБА иначе не се сложувам дека има пад, можеби нема играчи како во времето на Џордан, Шек, ама сепак, секоја година има многу добри играчи на драфтот. Мене не ми изгледа дека има пад искрено, еве сега во новава сезона ќе видиме како ќе се покажат новите таленти. :)

Швајцарија не ја победи Русија бидејќи Швајцарија нешто уау напредна туку дека Русија е срозана, на ЕП беа претпоследни или така нешто. Исто и успесите на Македонија, Финска, Украина etc. тоа не е резултат на напредок туку на назадокот на останатите.
За да играш брзо треба да знаеш како да играш брзо. Не знаат. Секој напад има 24 секунди и мора да се шутне. Промашуваат цели обрачи, им завршуваат напади, висат во рекет три секунди, шутираат во табла како да фрлиле ѓуле, прават чекори и дупли по стопати, се е тоа само дел од ситуацијата. Лани Полска со Шпанија имаше 13 поени на полувреме, мислам дека тим составен од пациенти на душевна болница би постигнале барем 14...

Освен Шпанија и донекаде Франција, останатото е смешно. Отстрани ги америте кои скоро сите екипи ги натурализираат (i wonder why) и ќе има утакмици 39-31...
 
Во право си, освен Шпанија па и ете Франција што викаш, другите се за никаде. Мене зборот ми беше дека се повеќе почнуваат сите да играат кошарка, е сега во некои земји се вложува па за некоја година можеби ќе направат некаков успех, ама во некои како пример ние не се вложува ништо и затоа онака само ќе си одат на европско, и ќе се радуваат дека се пласирале. :)

Тоа за брзата кошарка, да се надеваме дека во иднина ќе има повеќе репрезентации што ќе играат таква игра. Треба многу тренинг и работа иначе ништо. :)
 
Altaïr

Shinigami
23 јули 2012
5,855
2,674
1,683
Han Wavel
На 8 декември се одржува извлекувањето на групите за европското. Ние сме во 4тиот шешир заедно со Полска, Белгија и Италија.
Значи не е битно со кого ќе се паднеме во група зашто секако нема да имаме шанси. Франција, Шпанија, Грција, Украина, Хрватска, Босна, сите овие би не победиле во секој момент. Ама ај битно ќе се прошетаат.
Ех јас да играв сега ќе бевме фаворити. :)
 
Altaïr

Shinigami
23 јули 2012
5,855
2,674
1,683
Han Wavel
Заврши извлекувањето и можам да кажам дека имавме среќа што избегнавме некои јаки репрезентации. Можевме да се паднеме во група со Србија, Шпанија или со Франција, Русија.
Мислам дека ни одговара ваква група во која ќе бидеме.

Македонија е во групата Ц, заедно со Хрватска, Грција, Грузија, Холандија и Словенија.

Има време до европското, се надевам ќе се спремат и нема да бидат тешки ретардоси, за да не се нервирам.
 
pivac

Нов член
18 септември 2014
19
2
3
44
тешка група, дали ќе игра Мекејлеб или Хендрикс? ПО мене Мејкејлеб е попортебен. Ако игра и Перо ќе можеме нешто да се надеваме.