Македонска андерграунд рок сцена

RockMKD

Нов член
5 мај 2013
1
0
1
Што мислите за македонската андерграунд сцена? Имате ли некои бендови кои кои би можеле да ги издвоите? Дали македонскиот рок ен рол полека изумира или сепак има надеж во македонскиот рок?
Искрено, според мене андерграунд сцената е секогаш подобра и поквалитетна од онаа „сцена“ за која секојдневно слушаме. Сепак, факт е дека во Македонија постојат многу мал број на рок бендови, но сигурно е дека треба да им се даде шанса на ваквите изведувачи, кои заслужуваат многу повеќе ценење од некои други...
 
existence

Boolean
Член на администрација
Админ
3 март 2012
7,448
9,155
1,683
Кушкундалево
Пак ли да јадам трици бе...оти ми отварате вакви теми. Ај не јадам, велигден е.

Он: Ја викам дека некои андерграунд бендови знаат само да го дрват и да зборат како системот ги е*е. Исто викам дека има многу квалитетни бендови кои знаат што прават и што свират и исто знаат дека не сакаат секаква публика на нивни свирки. Исто има и таленти кои заглавиле со антиталенти и пробуваат нешто ама за џабе.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Outrider

Anakin

Истакнат Член
23 август 2012
869
977
203
Стереотипови .)...друго незнам
 
dm_dm

Нов член
6 мај 2013
3
1
1
Мислам дека вината што оваа сцена не опстојува е во медиумите. Секој ден ни наметнуваат да слушаме срања од Елвир Меќич до Цеца, а ние не можеме да видиме што се крие во андерграунд рок сцената, какви квалитети крие таа... Едноставно сакаат да го умрат рокот во Македонија. Еве денес прочитав во Дневник статија за еден скопски бенд, се вика Визија. Искрено јас прв пат слушнав за тој бенд, па си реков ајде да слушнам што музика тераат, па ги најдов на јутуб. Навистина ми се допаднаа, не знам за вас, можеби ги знаете, но јас не ги знаев. Зошто вакви изведувачи не ги гледаме во етерот??? Јас верувам дека постојат бендови во Македонија што се супер квалитетни, но прашање е дали некогаш ќе избијат на површина... (Секоја чест на медиумите кои се исклучоците и ценат квалитет, како што набројав еден погоре).
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: 84 sk_Y ^_-

Разголена Уметност

Истакнат Член
26 март 2014
32
47
118
Скопје
Тоа сме ние, Македончишта, си го отфрламе нашето го преземаме туѓото. Да си погледнеме не многу наназад ќе видиме што пропуштаме заради комерцијалата, Архангел, Мизар, Фолтин, Т.Б. Трачери, Санаториум ,The John ,Anastasia ,Last Expedition...Дозволуваме капацитети од музичари да завршат да свират во мувлосани гаражи, па после се чешаме што македонската рок сцена умирала, па и тие треба да преживеат од нешто, музиката ќе им остане хоби само за нивни уши и ќе си го печалат лебот. Автентични ремек дела одат во неповрат зашто ние не знаеме да цениме, и експонираме музика чиј текст го напишал некој додека серел, извинете на изразот, без емоции и цел.
 
existence

Boolean
Член на администрација
Админ
3 март 2012
7,448
9,155
1,683
Кушкундалево
Тоа сме ние, Македончишта, си го отфрламе нашето го преземаме туѓото. Да си погледнеме не многу наназад ќе видиме што пропуштаме заради комерцијалата, Архангел, Мизар, Фолтин, Т.Б. Трачери, Санаториум ,The John ,Anastasia ,Last Expedition...Дозволуваме капацитети од музичари да завршат да свират во мувлосани гаражи, па после се чешаме што македонската рок сцена умирала, па и тие треба да преживеат од нешто, музиката ќе им остане хоби само за нивни уши и ќе си го печалат лебот. Автентични ремек дела одат во неповрат зашто ние не знаеме да цениме, и експонираме музика чиј текст го напишал некој додека серел, извинете на изразот, без емоции и цел.
Јас не те разбрав баш најдобро околу почетокот. Тие бендови се комерцијала така?

(патем зошто се извинуваш кога веќе го кажа изразот? :) )
 
Разголена Уметност

Истакнат Член
26 март 2014
32
47
118
Скопје
Јас не те разбрав баш најдобро околу почетокот. Тие бендови се комерцијала така?

(патем зошто се извинуваш кога веќе го кажа изразот? :) )
Не, нив ги пропуштаме заради комерцијалата, па мислам откако ќе кажеш нешто или ќе направиш се извинуваш а не претходно, а јас немав како со други зборови да доловам што мислам за текстовите. :)
 
existence

Boolean
Член на администрација
Админ
3 март 2012
7,448
9,155
1,683
Кушкундалево
Не, нив ги пропуштаме заради комерцијалата, па мислам откако ќе кажеш нешто или ќе направиш се извинуваш а не претходно, а јас немав како со други зборови да доловам што мислам за текстовите. :)
Абе колку што се некои таму добри толку и не се. Немој да мислиш дека тие што ги наброја (добро, не сите) се китки за мирисање.

Еве да го земеме последниот концерт на Архангел со филхармонијата. Или подобро е да го наречам Ристо Вртев и филхармонијата зашто продаваа карти со најава за Архангел, за возврат го добиваш само Ристо. На крај добиваш купишта незадоволни луѓе кои очекувале Архангел.
Нешто слично беа и Мизар пред да почнат соработката и албумот со Хармосини. Идеш на свирка на која се најавени Мизар, добиваш само двајца од нив со една акустична гитара.

За квалитетот на музиката не спорам. Има уште купица бендови кои можеби ги знаеш, можеби и не, кои вирееле на андерграунд сцената со квалитетна музика, но ете, филтерот на издавачките куќи и на медиумите во последните 15 години одбрал да ги изостави за на крај да излезат лигави бендови по тв и по радија кои освен неостварени љубови немаат други текстови.
 
За Архангел знам, зашто бев сведок, ама тоа не го намалува квалитетот на музиката која ја прават, сакав да кажам дека вакви бендови не се за на македонската сцена, нема кој да ги сфати.
 
existence

Boolean
Член на администрација
Админ
3 март 2012
7,448
9,155
1,683
Кушкундалево
За Архангел знам, зашто бев сведок, ама тоа не го намалува квалитетот на музиката која ја прават, сакав да кажам дека вакви бендови не се за на македонската сцена, нема кој да ги сфати.
Ах бе, нема кој да ги сфати. Ете си уживаат популарност во тие кругови. Архангел не верувам дека повеќе ќе постојат зашто останатите членови си направија нов бенд со друг вокал само, Ристо веројатно ќе се вади на стара слава. Што да им сфатиш на The John пример кажи ми? Нити има некоја поента нивната музика, нити ништо. Ете и јас се убедував дека можеби грешам и земав да ги слушам. Досадно мрмљање, дрвење исти рифови до бескрај...цело творештво им е ко да си ставил иста песна на рипит. Друга работа е што повеќето од андерграунд бендовите на свирка во живо се катастрофа. Несредени звуци, појачала со gain рокнат до крај и сѐ што слушаш е брмчење, па после криви им се тонците, озвучењето и ред други ствари. Не се сите такви, стварно не се. Ете можам ко пример да ги земам Psychotic Waves од Прилеп, врска неам и дали имаат некое видео по јутјуб или некоја снимка некаде, ама дечките си знаат како да си се наместат, како да пренесат музика, убаво си знаат кој колку треба да се слуша, плус музиката им е ептен добра. Има уште купица андерграунд бендови по земјава, па има и такви кои не ни сакаат да излезат достапни за поширока маса.