Знам дека темава е повеќе за во политика, ама поради тоа што има лимит таму, ја оставам овде.
Малку е тешко да најдам извор од весник каде не се спомнува zajko crpo tenderko murtinski и каде не се прави споредба со тоа колку Европа (ќе) прими вкупно, а колку ние, но еве, преземено од фактор.мк.
А, проблемот овде го гледам во тоа што се силиме (т.е. очигледно некој не присилува) дека можеме тоа да го поднесеме финансиски, демек со не знам каква помош од САД... па дали? Стојам на она дека земја што нема да го нахрани својот народ со леб, а нуди колачи на други, не треба воопшто да постои.

Реално, не гледам некој проблем во тоа да се помогне на луѓе што не бегаат од ќеф и очајно висат на авиони пошто радо би загинале така отколку да ги убие талибанец (ок, некои и не знаат како функционира авион, ама не е тоа поентата), но слично сценарио имавме и со Косоварите, па еве каде сме. Може бев премногу мала за да се сеќавам, ама ги гледам последиците сега.Во овој момент Владата има преземено обврска за прифаќање на 450 граѓани од локално населените од Авганистан и тоа вработени и жени и деца од семејства на вработени во хуманитарните и миротворните мисии, активисти од организациите за човекови права, новинари, преведувачи, студенти, стипендисти, како и граѓани кои изминатите 20 години беа поддршка на НАТО сојузничките сили во Авганистан, вклучително и на македонската армија. Најголем дел од 450-те граѓани кои се очекува да пристигнат до крајот на неделава, зависно од околностите на аеродромот во Кабул, се координирани и организирани од страна на американската невладина организација Национален демократски институт (НДИ).
Владата донесе одлука да ги ослободи од трошоци за издавање визи сите граѓани од Авганистан кои ќе пристигнат во земјата, а трошоците за нивното сместување во неколку хотели и мотели во земјава ќе бидат во целост покриени од меѓународните организации и од САД, сѐ до нивното заминување кон САД или до трети земји како нивна крајна дестинација.